Ако некому му се допаѓаш, ќе прифати. Ако не му се допаѓаш, ќе те одбие. Најчесто машките кои сакаат нешто со некоја го прават првиот чекор, го преземаат тој ризик. Ако ти го направиш, поголеми се шансите дека не му се допаѓаш, па затоа си била одбиена.
А дали е побитна гордоста од љубовта? Знаеш некои машки лошо ги дефинираат женските кои први приоѓаат. Па како изгледа тоа од машка страна. Еве и да те одбие после нема да те збори?
Абе види, во животот ќе одбиваш, и ќе бидеш одбиена. Тоа е составен дел од процесот кога бараш партнер. Од прва тешко да најдеш. Ниту ти секому му се допаѓаш, ниту тебе сите ти се допаѓаат. Не се клика така лесно, а и секој клик не клика засекогаш. Нема тука правила, ниту простор за гордост. Што ти е гајле некој што не го познаваш како те дефинира? Тоа ли ќе те спречи? Ако биде, биде, ако не биде, никому ништо. Животот продолжува.
Тогаш ти слободно лошо ги дефинирај мажите кои лошо ги дефинираат жените кои приоѓаат први. Тоа ти е добар систем на селекција
Сфатив што мислиш ти. Но, овде јас мислев на сериозен проблем. Мажите кои први приоѓаат се сметани за фраери, а женските не. Зборувам општо како повеќето размислуваат, а не за одреден тип луѓе(во твојов коментар-селекција).
Не знам што ти значи lowkey нити знам што мора да се користат вакви анг.изрази уште помалце некој да ми кажува што треба да ми е важно, тебе ако не ти е кажи си за тебе!
Приоѓањето е нормална работа или барем треба да биде, луѓето не се нормални или немаат нормални намери.
Не ти реков дека треба да ти е поважно едно или друго, само кажав мое мислење дека висината, и за машко и женско, не треба да биде којзнае колку битна. Не гледам да се расправам со тебе, Цецо
Сама мајка успеала нешто во живот да се рече, повеќе во тој фазон. Ни ја не ја сакам лично, ама ајде за тоа не можам да не ја пофалам, тоа е
Добро, ова е надвор од тема, али и мајка ми ќе успееше сама, ако татко ми ја сотрел и ограбил пола Босна и од моја мами направил број еден турбофолкашица на овие простори.