Се смируваат и ветува многу работи,а ја вреѓа за изглед,за тежина,убавина и здравје ќе и уништи но секој си знае.Имало мажи неверни и растури куќи,лош збор не дава да кажеш за него. Таков табиет имал
Некој ако сам не сака не можеш да му помогнеш, мора самата да се сети што се случува.. Некој што те сака нема да те вреѓа за изглед, сите бираме она што ни е привлечно и никој не треба да биде во врска со некој што не го смета физички привлечен и не може да го прифати таков каков што е.. Ако му е строг критериум дека девојката мора да му биде слаба, нека бара таква, нема потреба да измачува некоја... Или прифаќаш некој каков што е или барај си она што ти одговара, нема потреба да си со некој и цел живот да го менуваш и прилагодиуваш каков тебе ти одговара.. Ова општо го кажувам, не верувам дека нешто со разговор многу ќе и помогнеш, очигледно има лоша слика и мисли кој и да е исто ќе и биде.. Или и е уништена самодовербата поради тежината и мисли дека друг не би ја прифатил.. Имаше дискусија и за висината, (незнам дали во оваа тема или другата). Ама ќе искористам кога сум тука.. Најбитно од се вие самите да се сакате себеси треба, слаби, дебели, ниски, високи... За секој ќе се најде некој со кој двајцата ќе си одговарате... Не прифаќајте било што само затоа што мислите дека не исполнувате некој услов за "убавина", сите сме различни и никој не е совршен..
Друг муабет. Не сакам мене некоја да ми речи.. ' Или твоите тури или јас' Типов си возел точак сам тури си правел низ МКД еден цеел ден, пример од сабалје до вечер. Или со другар по 4 дена оделе на тура, на море пример, во Грчка. Иначе, другар му има девојка. Зошто вакви муабети? Ко немам намера некој да му поставувам граници, ниту да му поставуваат...
А какви граници? Која е потребата некој да се откаже од своето хоби поради тебе... Ако ти пречи тоа хоби само не биди со тој човек, токсично е на некој нешто да браниш.. Мислам возрасни луѓе сме која е потребата од граници? Ти би сакала да ти брани тој да излегуваш со другарки било каде?
Не се разбравме. Јас немам потреба да му бранам. Ниту сакам да ми бранат. Само наеднаш ми го нафрли муабето. Нз можи некоја му забранувала. Полека, ме отепа хаах
Јас разбрав си му забранила ти па почнал со муабетот.. Може имал токсична врска порано, кај што му било забранува и морал да бира .. Може само сакал да каже дека му значат тие тури и дека бара некој што ќе го прифати со тоа хоби, да знаеш дека често оди па да си видиш ти дали би можела така да функционираш. Ама повеќе ми делува како првото, да имал таква врска порано.
@GirlLove Едноставно ти кажува да немаш никакви очекувања од него. Тоа ти го кажал бидејќи најверојатно почувствувал дека ти сакаш нешто повеќе, а тој едноставно не е заинтересиран, па навреме да разјасни. Во превод, може да биде интимен со тебе, но толку. Потоа би си отишол во Грчка и нема да те мисли воопшто. Понатаму дали ти сакаш таква динамика, тоа е веќе твоја одлука. Но, ако продолжиш со надеж дека тој ќе го промени ставот подоцна - he won't.
@GirlLove Те разбрав и во првиот пост. Дали ќе иде таму 4 дена или тука по цел ден ќе го нема, не прави разлика во тоа што сакал да каже
Може нема да иде да ебе таму, може навистина му е само хоби.. Не знам шо им е на овие со осудите одма А у врска сте вие да прашам? Не сте нели? Многу ја комплицирате. И све вие најпаметни сте, никад вие не грешите, увек вие имате одговор на се'..
Ме интересира зошто многумина од маживе не го земаат сериозно заследувањето на жени на инстаграм(под тоа подразбирам да не му е блиска и позната), лајкнување додека се во контакт со некоја? Дали сте свесни дека сепак не е во ред и едноставно е непочит? И зошто правите како it's not a big deal? Глупаво ми е да се објаснувам за вакви работи, ама ги наоѓам на тоа ниво.
@Eunoia Не си го троши времето да анализираш постапки на мажи. Секогаш најздраво и најкорисно е да се запрашаш себеси дали се чувствуваш почитувано и сигурно гледајќи се со таа личност? Инаку, ако мажот не гледа ништо погрешно во тоа, ниту едно објаснување или аргумент нема да му го промени мислењето.
А бе нека оди. Ама сам да оставиш партнер на 5 дена, а ти во друга држава да си заминеш лабаво. Некако ми е симнително. Можда, му е само хоби. Се надевам. А ми има раскажано дека еднаш со другарот биле во Албанија и дека спиеле заедно, цели денови ми ги опишуваше. Ретко оделе. Два пати годишно. Ти би ја ставил женската, на 5 дневна тура со другарка? И на крај, кој што сака да изневери, ќе изневери кога сака и кај сака. Затоа валјда треба лабаво пуштање.