Неколку месеци. Ама не е врска, веќе. Се оддалечувам, заминува Германија, еве сега ми кажа..... Само што дознав. Рече не сакал ништо сериозно да почнува во МКД. Не знаел што ќе биде понатаму со него. Не сакал да ме земи, оти знае дека потешко се одделувам од фамилијата. А тој е сам. Само со родителите е учен. Плус од Охрид е. Во Ск завршил студии.... И има овде 7 години работено. Така да. Заврши преставата.
Те прашувам од аспект, зашто возам и ја точак, и имам тури некогаш по 9 часа низ Мк, но ја возам групно со повеќе луѓе, не сум идел на спиење, но ако дојде до тоа секако дека нема да се двојам нели од групата. Јас никогаш не би дозволил ова хоби некој да ми го забрани, ниту ја некакво хоби ке забрнам, не сме ние ничиви робови, тоа забранување извини мене ми е психопатска работа. А се согласувам дека е сомнително сам со другар, да не е геј? Или можеби би е. Точно тој што сака да изневери и пред очи ке те изневери ако решил тоа да го направи.
Не знам. Али знам тој другарот има женска. Порано возел со групи, со многу групи. Сега сегде сам одел. Ретко со групи. Не знам дали е геј. Чуден е.
Јас не гледам проблем.. Ако си во врска со некој не си залепен за него имате и свој приватен живот.. Еве ако мојата девојка оди некаде со женско друштво, што барам јас со нив? Никој не треба да се откаже од хобињата, другарите само затоа што е во врска.. И тоа 2 пати годишно оди само по 5 дена, нема да умрете 5 дена ако сте разделени.. И ако сака некој да те изневери ќе те изневери и дома да го затвориш, ако некој ти е верен и на другиот крај на светот ќе ти биде верен.
И ако сака некој да те изневери ќе те изневери и дома да го затвориш, ако некој ти е верен и на другиот крај на светот ќе ти биде верен. Реков де.
Како така сега преку ноќ ти кажува заминува во Германија па не верувам дека ја донел одлуката сега? Требало со време да те извести не е во ред така од негова страна.
Јас и велам дека не е заинтересиран за ништо повеќе и отворено и кажува. Тој отворено и кажува дека не сака ништо сериозно. Остатокот од Фемина: Ауу ја вОзАм тОчАк, пА чОвЕк иМа прАво нА хоБиЊа, па иЗневРувАња I mean, како по обичај, поентата лета над главата. Човек со кој се гледаш (колку што се сеќавам минатиот месец напиша дека се гледа, значи не е ни врска), Кога тој човек, out of the blue ќе започне да ти нагласува слобода, дека нема никој да му дава ултиматуми, зборува како да е сингл, па и на крај јасно ти кажува дека не сака ништо сериозно, Значи не те сака и не е заинтересиран. И ова колку пати и да го анализираш, одговорот нема да се промени
Според пишувањата на Грл овде на форумов... @GirlLove не се лути плс, само почни конечно да си де цениш