Факт е дека никој не сака никого болен, дали маж или жена, сите сакаме здрав партнер до нас, но ова е тешка и голема тема,не е време за оваа тема сега. Сите сме биле некогаш во депресија и анкс, ја 3 год се борев претешко, но ете се изборив. Не сакам погрешно да ме сватиш, но читајќи те по форумов, тебе дечко не ти треба воопшто, ти мораш да работиш само на себе,и да почнеш да се искачуваш кон светлото, да почнеш себе да се цениш. Верувај се додека не го почнеш ова, партнер нема да имаш, ке гледаат корист и да те откачат.
Тоа само ти го ставиле твоите во глава и ти постојано мислиш дека за никој не си доволна и бараш погрешни партнери.. Поработи на себе, на самодовербата.. Јас искрен да бидам многу околу тоа и не можам да ти помогнам, ама верувам има членови што се избориле и ќе ти дадат некој совет. Мислам дека ти беше што работиш во токсична среди само затоа што ти е зона на комфор таму, излези од таму работи нешто друго па и ново да е.. Мора да се бориш со анксиозноста, не можеш само да се предадеш.. Побитна треба да си ти самата на себе во моментот, отколку барање партнер.. Дај си време на себе колку мислиш дека ти треба, прави нешто што ти е убаво на тебе, најди ниво хоби ако ти е проблем мешање со луѓе купи боици и цртај, вежбај дома, сложувалки купи реди... Може пак ќе имаш одреден степен на анксиозност во исклучителни случаи, ама нема да ти биде до толку како сега да ти е пречка во живот... Оној што те сака ќе те сака таква каква што си, со анксиозност или без, ама мора да поработиш на самодовербата, кога велиш или даваш знаци на некој "абе не ти требам јас анксиозност имам" многу веројатно дека ќе го разбере "остави ме ти , не сакам врска со тебе"..
Не е дека никој не сака болна личност, но повеќето луѓе не би можеле да останат со личност која не се труди за себе и околу себе. Прво мора да поработиш на себе, потоа да бараш маж.
@GirlLove почни да работиш на себе, на твојата иднина, направи план да почнеш сама нов живот подалеку од сите токсични луѓе. Кога ќе почнеш да успеваш во тоа, да набилдаш самодоверба, да го промениш мајндсетот, љубовта сама ќе дојде, и вистински пријатели ќе пронајдеш. Не може преку ноќ се ама треба да сакаш да успееш, преку леб погача нема. Талкаш во место, опкружена со токсични луѓе. За да мрднеш од мртва точка мораш сето тоа да го отстраниш. Fuck love ако не е тоа тоа што го имаш до себе.
Немаш само ти анкс и депресија, за жал само ти не се соочуваш со тоа. И да, точно е дека секој сака на прво место да си ужива со партнерот, по можност без ниту еден проблем или потешкотија. Но, животот бајка не е, сто пати сум го рекла тоа, има подеми има падови, битно е да има разбирање за тебе, да те поддржи, а сепак најглавното е ти сама да сакаш да се извлечеш од лошото, или да го ублажиш колку толку, доколку не е можно целосно да се отстрани. Се слагам со сите, многу брзаш значи, што поради можен притисок од дома дека годините те газат, што и сама мислам дека очајно сакаш да најдеш некого, па најчесто све налетуваш на погрешен.. Одмори бе жено, собери сили, паузирај, среди си се, твој е животот, зар ќе го живееш за некој друг? Треба тебе да ти е убаво, треба ти да уживаш, кога би била задоволна со себе, и на другиот до тебе ќе му е убаво. А тие домашните ,те молам не им давај да ти влијаат.. Намали контакт ако треба, знам и дека сама живееш, не си постојано кај нив, имаш услови, така да не давај да ти влијаат негативно. Замисли колку само бољи живот ќе имаш доколку расчистиш некои работи што тебе самата лично лошо ти влијаат, и ти го отежнуваат животниот пат..
Колку и да пишуваме тука, никој не знаеме како се осеќаш ти стварно. Не си ставај толку товар на душа. Секој што е болен може и да се излечи. Ти се трудиш и си на тој пат. Не се дефинирај само преку таа призма на анксиозност и депресија, ти си многу повеќе од тоа!!
@GirlLove Проблем е кога состојбата со текот на годините започнува да ти станува цел идентитет. Идентитет центриран околу страдањето. Повторувачки pattern кај тебе е како сите те разочарале, сите биле себични, никој не те поддржал. А се забележува отсуството на self-accountability. Ретко осврнуваш внимание на изборот на мажи што го правиш и зошто постојано си го трошиш времето на мажи кои отворено покажуваат дека не се заинтересирани. Тоа не значи дека страдањето ти е лажно, туку дека цела одговорност постојано ја префрлаш на други, без да се осврнеш на тоа како ти придонесуваш во таа динамика. Воедно, погрешно е да мислиш дека врска е тоа што конечно ќе те стабилизира. Партнерот не може да ни ја создаде вредноста што самите мислиме дека ја немаме. Најздраво би ти било да паузираш од дејтање и чекор по чекор да работиш на самодовербата и емоционална стабилноста, својата вредност. Животот е пред тебе, за никаде не доцниш, дај си време за себе
Да си продолжи со хобито - не гледам проблем, ама тоа не значи и да биде недостапен по цели денови. Здрава врска бара доверба, ама и меѓусебна почит. Мене на пример турата сама по себе ми е ок, ама би ми сметало ако додека е на таква "тура" цел ден го снема под изговор дека е изморен/ зафатен - тоа веќе се приоритети кој колку мисли на тебе. Ако успее да те "понесе" и тебе на таа тура па макар и онлајн тогаш значи направил место за тебе во неговиот живот. Ако бара ти само така тоа да го "прифатиш" да го снемува по цели денови - бегај подалеку не е спремен тој за сериозно.
Пиши ми мене слободно, ако сѐ уште ти треба совет. Претпоставувам е нешто што треба да се разглоби приватно.
Фала на сите за одговорот Кога е со мене е супер ама кога не сме заедно никаде го нема со недели може и месеци Не го сфаќам што му значи,ама изгледа најдобро е да иде на блок....
Добро, зошто ова си го дозволувате? Зошто? Цени се себеси, не ти треба таков човек, не гледа иднина со тебе, не те гледа како девојка, не те почитува, што бараш со ваква особа?
@BlauAngel009 Значи дека ти ја потценува интелигенцијата и те понижува. За твое добро, плиз блокирај го. Не си ги троши годините вака, заслужуваш некој кој ќе те сака, почитува и ќе биде actually со тебе