Во време кога можеш да пратиш порака за 3 секунди и кога тоа е многу лесно да се направи, не треба да се трудиш да разбереш зошто некој не сака да ти прати со денови или месеци... Блокни го и продолжи си со животот...
да веќе го блокнав...тешко е кога некој го гледаш со љубов и почит,а он да те третира на овој начин...и секој пат кога се враќа вели дека бил зафатен... се опростив али ништо не се смени,истиот си остана цели 2 години...
Не е лесно да пуштиш нешто што било дел од твојот живот, колку и да било токсично, колку и да ти било лошо, секој пат боли. Најважно е да се фокусираше сега на себе, не можеш да натераш никој да те сака и почитува, ама мораш самата себеси да се почитуваш и да не молиш никој за љубов.. Првиот пат кога имаш потреба да молиш некој за љубов и внимание, стави точка поубаво. Ќе преболиш за некое време и подобро да те боли неколку месеци отколку цел живот да молиш некој. А за презафатен никој не е, не одзема многу време на некој да напишеш порака, сигурно имал време, ама не си му била приоритет.
@BlauAngel009 Но, мораш и да се запрашаш зошто самата дозволуваш некој вака да те третира? Твоето лажно надевање во комбинација со неговата неконзистентност е она што те заглавило во оваа токсична динамика долго време. Тоа не е љубов и почит кон него, туку недостатокот на љубов и почит кон самата себе
Да нажалост како што гледам...Човек би си помислил,светските проблеми ги решава па нема време 5 мин за порака барем... А најтешко е што кога бевме заедно во живо он беше толку мил,фин,најдобар...Ама не вреди кога може толку долго да биде без да ми пише бар Ќе ми беше јасно да беше таков од секогаш,ама он прв започна флерт и се понатака...затоа и ми беше скроз лудо понашањето негово...сака,па нејќе...Затоа помислив дека можеби бара врска,али кога толку време те нема,тоа е далеку од вистината...
да,јас си давав изговори стално дека можеби има работа,зашто кога ќе ми се јавеше,викаше дека имал работа многу и бил ептен со тоа преокупиран но сепак му значам и пак сака да ме види...и јас верував..
и кај мене слично е се запознавме во живо се си кажавме за да и побарам инста ми даде ја прашав дали слободна пред да ја фолоу , за на крај ни сеен да нема xD
Сакам да знам како го имаш глеано со љубов и почит, човекот што секојпат без исклучок си игра со тебе, цели 2 години? Дали малце имаш размислено што всушност он прави коа ти кажува дека е зафатен? Ова е друго. Најверојатно не си и' се допаднал доволно на дејт. Баш дека се' сте си кажале, донела заклучок дека не сака ништо со тебе. Ако те аднала или ти дала инста, не значи тоа те сака, или и' се допаѓаш Знам, грдо е да те одбијат и да исчезнат, ама боље тоа отколку да те мавтала подолго време.
Ја незнам како може возрасни луѓе да не сватите еднаш, барем еднаш во животот, дека на тој/таа што не сте им приоритет ке наоѓаат 50000000 изговори, а на тој/таа што сте им све во животот, и приоротет и на смртна постела, ке ви јават, пишат, најдат начин да ве видат.И почнете прво себе да се цените, за да ве ценат и другите.
Здраво. Ми треба мислење од машка перспектива . Дали би отишле до друга држава за да се видите со девојка која ја сметате само за пријателка и со која немате намери за нешто повеќе ?
За пријателка, за коjа немам намери за нешто повеќе, и на кафе не би отишол, а не па во друга држава. Е ако имам намери за нешто повеќе, и на крај на свет би.
И јас сум на тоа мислење , меѓутоа си реков да не грешам .. А некои машки личности тврдат дека таа девојка им е само пријателка и дека не чувствуваат ништо за неа , иако поминале толкав пат. Им била само пријателка и отишле кај неа чисто другарски да ја испочитуваат , што не ми се верува.
Накратко , момче со кое се договаравме да се видиме има слики со девојка од друга држава за која тврди дека нема чувства и му е само далечна пријателка кај која отишол на гости пријателски , а за да дојде кај мене бараше изговори и велеше јас да одам кај него . Барав совет и во другата тема за проблеми и совети . Зарем се оди до друга држава за другарка ?? Јас искрено не би сакала да започнувам ништо со некој кој можеби има други девојки во животот ..
@LibreGirl Не троши време на маж кој нема време, ни ресурси за тебе, но магично ги има кога станува збор за други. Ако за тебе има само изговори, не е заинтересиран за ништо сериозно и затоа нема потреба да му се замараш. Заслужуваш подобро и ќе дојде тоа што е твое
Мислиш дека таа девојка не му е само пријателка и имал нешто повеќе со неа ? Ти благодарам на советот , овој пат сум сигурна дека залудно си го трошев времето со него ...
Може му е фак бади, можеби му е навистина само пријателка, не го менува фактот дека за тебе не може да одвои време да дојде да те посети а магично наоѓа време за неа.
Се нервирам зашто сум толку наивна и дозволувам да ме манипулира , за се наоѓа изговори . Дури и за таа девојка , пријателка му била , не одел секој ден кај неа само еднаш отишол , без потреба сум го напаѓала , не го интересирала , сакал да биде со мене а не со неа .. цело време инсистира да се видиме и да дојде , а никако да дојде . Како да сака да каже ќе се видиме ако дојдам јас , ако не ништо . Постојано ми зборува за бившите , го повредиле , вакви биле такви биле , му велам зошто ми го кажуваш тоа мене не ме интересира , тоа било меѓу вас и завршило и ми вели па се плашам и со тебе да не се случи истото . Зошто ме споредува со бившите , навистина не ми е јасно . Плус ми кажуваше дека сеуште му пишувале и од лажни профили и од скриени броеви , мене сето тоа ми кажува дека момчево не е сериозно и нема расчистено со минатото . Кажете ми ако грешам , јас мислам дека е најпаметна одлука да го блокирам и да престанеме да комуницираме .
@LibreGirl Искрено, таа е најмалку важна во ситуацијата, бидејќи како што рече Бајси, не прави разлика. Секогаш тргнувај од фактот дали ти во една врска се чувствуваш сигурно, сакано, почитувано, приоритизирано. Некој кој ти дава повод да му ги аналзираш постапките и да преиспитуваш сè, знај дека he ain't the one. Па приказните со бившите, типичен манипулатор кој ти прави триангулација - секогаш да се чувствуваш дека си во натпревар со други - бивши, идни, сестри, другарки, тетки. Требало што се вели уште вчера да го блокираш, плиз, цени се себеси многу повеќе