Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    42.316
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми кога почнав врска, пред 3 ипол години, бев искрена и отворена и му раскажав за моето минато со бивши бидејќи не сакав да има тајни меѓу нас, тогаш зборувавме и никогаш повеќе не сме ја отвориле таа тема бидејќи живееме во сегашноста и минатото треба да остане минато.

    По тоа што го кажуваш, ми личи дека му годи што го бараат девојки, или пак лаже дека го бараат за да испадне фраер.
    Ми делува на манипулатор.
    Не му верувај ништо и прекини секаков контакт, не си губи златно време, типов не е достоен за тоа.
     
    На LibreGirl, Mumoftwo30 и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  2. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Многу ти е општо прашањето, фали контекст. Секако дека би одел да се шетам на некоја дестинација каде притоа има кој да ме прошета, голем бонус е ако има да понуди тросед каде би преспал бесплатно (мислам на само спиење)

    Се разбира дека ако имам доволно пари и време и можност да одам на пример за Аргентина (или било која далечна и егзотична дестинација), притоа имам пријателка таму, ќе одам во Аргентина да се шетам и попатно би се видел со пријателката.

    За поблиски дестинации, ако имам пријателка што живее некаде каде што има ефтин лет, да, би одел да се шетам и попатно да се видам со пријателката.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    42.316
    Пол:
    Женски
    Има контекст, типов со кој се допишува нема време за неа, има за пријателкава
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Еве ти доволна причина да не губиш време на него.
    Been there, heard that.
     
    На Panda00, LibreGirl, Tam4yy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Контекст за патувањето. Тоа со време кому посветува или не е друго прашање.
     
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.072
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Машки
    Секако дека - не!
     
  7. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    332
    Јас сум отишла вака за да испочитувам другар, just saying.

    Едит: Кога ја прочитав цела прича, ова е нешто сесема друго.

    Според мене, најдобро е да прекинеш контакт и да најдеш некој кој вистински ќе те цени и сака.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    19.082
    Пол:
    Женски
    Ова е истиот дечко, за кој пишуваше пред неколку недели?
    Нејсе, не се залетувај премногу, мислам дека дечково и нема сериозни намери со тебе, барем според тоа што го кажуваш. И јас би прекинала контакт со ваква особа.
     
    На LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    42.316
    Пол:
    Женски
    Нејзе тоа ја мачи, што нема време за неа а оди за пријателки во друга земја, на гости.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LibreGirl

    LibreGirl Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Да. Инаку се распрашав и дознав некои работи што не ми се допаднаа за него , се гледал со повеќе истовремено . Катастрофа , премногу ме разочара . Не изгледаше на таков . Во денешно време доверба во никој .
    Се скаравме и ме блокираше и јас него го блокирав .
     
    На Mumoftwo30 и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  11. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    151
    Се работи за истиот дечко...се гледавме цела година и јас во моментот не гледав дека може да прејде на следно ниво а ми беше битно се скаравме и го избришав од соц.медиуми. Немавме никаков контакт 5 месеци се дур една вечер не се разминавме случајно со кола. Наредниот ден ми пиша и се договоривме да пиеме и кафе и ми кажа дека тоа што сум го направила за него никогаш нема да го заборави.
    Излегувавме така некој период само на кафе и последниот пат беше поинтимно. Од тој момент и јас го посакувам на тој начин и се гледаме ама еве вечерва беше се супер и комуникација 3h седнати и после тоа само ме остави без иницијативa. И јас сум си сама на себе чудна ама баш го посакував. Од човек што не сакаше врска а сепак ме бара и излегуваме не можам да разберам што му е во глава...дека му е убаво и позитивно со мене знам тоа,има поддршка од мене...ама периодов ми е поинаков...не е човек што мн пишува,обично е директен и предлагаше средба обично во последен момент,ама откако го одбив, почна да пишува со време и еве вечерва бевме излезени баш се дотерал, сакал да идеме во кафана али немаше место,немавме резервирано и седнавме полабаво. Седевме сигурно 3h и после тоа откако ја сакав да станеме ма да мислев ќе идеме на потивко место што увек иницирал, вечерва само ме остави. Никако не можам да го сконтам зашто сака да се гледа со мене. Мислев само е благодарност, па физички момент ама еве вечерва и покрај тоа што можеше и ваљда знае дека и јас сега сакам не посегна а и кога сакав да станеме како да му се седеше...јас барав сметка и после тоа уште останавме да муабетиме....имам чувство дека нити ме прима у живот за сериозно, нити ме пушта. Ме збунува мн зашто оддржува контакт. Откако јас решив да терам полабаво и да уживам,тој прави несвојствени работи за него. Ќе видам секако како ќе се однесува периодов ама од човек што не сака врска стана мн внимателен. Стварно мн ме збунува и не знам што да мислам. Што мислите вие не знам веќе ни како да се однесувам, сакав јас да му спомнам нели идеме негде поинтимно ама не сакам јас да иницирам.
     
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    13.522
    @Zumbula Според мене,

    At 30, you both should know better - јасно искомуницирајте. Бидејќи и двајцата си давате измешани сигнали.

    Тој не изгледа дека сака само секс сега, но исто така, не изгледа ниту на некој кој јасно одлучил дека сака сериозна врска со тебе.

    Од друга страна, ти трошиш премногу енергија на анализирање на трошките кој тој ти ги дава и си повеќе емоционално инвестирана.

    По 1 година анализирање, паузи, немање контакт, па повторно дружење, повеќе си на ризик да паѓаш/да си заљубена во потенцијалот за врска, отколку во самата врска. Запрашај се, што навистина сакаш? Дали го сакаш или сакаш врска/да те избере?

    Наместо да се обидуваш да погодуваш што мисли, прашај го директно. Во спротивно самата си го трошиш времето заглавена во недефинирана ситуација.

    Ако не може да ти даде јасен одговор, значи одговорот е повеќе од јасен :*:
     
    Последна измена: 7 јуни 2026
    На Zumbula, Panda00, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    А што точно сакаш ти од него, да уживате една вечер или повеќе вечери или врска?
     
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    5.895
    Пол:
    Машки
    Цела година сте се гледале и не сте разговарале на што сте?:drunk:

    Прво ако некој те сака нема да иницира за ништо толку многу кога ти не сакаш, ќе чека ти да се осетиш спремна..

    Како ти пиша ако ти бил на блок? Тебе воопшто не те разбирам ќе се мачам година дена со некој кој ме тера на нешто што не сакам после ќе го снема и кога ќе ми се појави за да не го снема пак ќе прифатам...:drunk:

    Дечкото многу веројатно е ова сега да ти го прави како награда за тоа што успеал да те убеди да има секс со тебе, утре што и да посака ќе прифатиш затоа што после тоа ќе добиеш награда и внимание и така во круг ќе правите се што сака тој.. Како куче кога се дресира му даваш јадење кога ќе направи она што го сакаш и по одредено време и без награда прави така..

    Прашај го директно на што сте, планови за во иднина, кај се гледа за неколку години, дали имал врски пред тебе, зошто и како раскинале, како зборува за бившите, за семејството, како се однесува кон другари, членови од семејство.... Година дена заедно со ништо од ова да не знаеш, очигледно е дека не одите за сериозно.. Ако планот ти е и тебе само да се забавувате океј, ама ако сакаш сериозна врска треба подлабоко да видиш што сака... Да те изведе на ручек не значи дека сака сериозна врска.. И да ти каже дека сака не значи дека сака треба малку подалеку да ги гледаш работите и да разговарате и за посериозни теми а не само секс..
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да разберам
    Се пишевме три недели и никако да се одлучиме да се видиме
    Али секој ден се пишевме и на тел све океј
    И на крај последните два дена мн се смена и мене чудно ми падна го прашав шо ти е он ништо и му викам да се видиме вечер пак ме одби и оттогаш му викам ти ваков таков и на крај ми вика не сакал ниш и на крај блок.
    Не можам да го разберам што му стана ниту му згрешив али тое
     
  16. Juve1

    Juve1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2026
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    24
    Си тепал време се дур не дојде времето да се видите.
     
  17. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    151
    Не си ме разбрал
    Не си ме разбрал убаво...во текот на таа година кога се гледавме не сакаше сериозна врска, не сме се гледале само за секс, напротив сум осетила и подлабока конекција со него ама тоа беше максимумот што можеше да ми го даде тогаш. Мене не ми одговараше,се повлеков и го избришав само а не е на блок.
    Планови за во иднина,врски претходни и се тоа што наведе не реков дека не сме разговарале и дека не праиме муабет на посериозни теми,јас не гледам само муабети туку и постапки и однесување и баш затоа и ме збунува. Каква награда ми збориш, сум направила нешто зашто и јас сум сакала. Не сакам ништо да форсирам,сакам спонтано и гледам дека му прија мојата енергија и сака да поминува време со мене а да не е само секс во прашање ама можеби не доволно за да предложи врска.

    Фала ти ❤️

    Гледам потенцијал за нешто повеќе
     
    На ThePharmacist му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Тогаш најдобро прашај го директно дали и тој гледа потенцијал за такво нешто со тебе
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.816
    Допаѓања:
    24.465
    Пол:
    Машки

    И машките не се то шо беа (барем мислев дека имаат тро манири), ни џ од џентлменство немаат. :)
     
    На Kikiccc и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.192
    Допаѓања:
    40.162
    Пол:
    Женски
    Има многу несериозни машки.

    Ти си еден од ретките кои имаат култура. Таков впечаток имам по тоа што го пишуваш на форумот :D
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.