Драги мои фенинки, Во оваа тема можете да ме прашувате за се' што ве интересира околу организацијата на една свадба. Веќе една година работам како организатор на свадби и имам информации за се' што е поврзано со овој важен ден. Се' што ве интересира слободно прашајте. Совети за ресторани, музика, протокол на денот, декорации, матично, цени на услуги и се' што би можело да ви затреба Ваша, Нене
Од преку 100 добри теми со свадбена тематика, сметам дека нема потреба од оваа тема. Најдобро би било советите да им ги упатуваш на девојките во оваа тема, така многу поефикасно ќе им помогнеш, а плус темата е збогатена со различни искуства. svadba/mi-trebaat-soveti-se-vo-vrska-svadba-t273/
Мислам дека е поедноставно да се задржи темава. Полесно ми е да надгледувам една тема и секој да добие одговор во најкраток рок, отколку да се бркаме низ темите. Ама доколку мислите дека е скроз дупла, нека оди во канта.
Штом не е избришана темава, да ја активираме малку Ајде, невестулки, пишувајте на која што и треба околу свадбата. Само за феминки бесплатни совети
ќе правам свадба со околу 600 гости сакам за сите да има посебни бомбони, но ти да не ме чинат цело богатство кои бомбони според тебе ми биле најисплатливи и како би изгледале да видам слика
За таа количина на бомбони може да се симне редовната цена. Поубаво би било да ми кажеш како од прилика би сакала да ти изгледаат бомбончињата, па ќе ти кажам од каде можеш да ги нарачаш и колку би те чинело
Јас би сакала за тоа да одвојам 200 евра , е сега да ми дајш идеа како да изгледаат и од каде да ги нарачам за таа цена
Би сакала да ве прашам кое фото студио би ми го препорачале за да дојде да не слика во матично ? И дали знаете колку се чека за закажување во матично ?
Чекање за закажување во матично нема. Треба само да ја имате подготвено потребната документација ( изводи од Матична Книга на Родени не постари од 6 месеци, копии од личните карти, уплатници за извод од Матична книга на Венчани (50ден) и таксена марка (100ден), барање и изјава ( овие две ги пополнувате таму. ). Мора да бидете присутни двајцата! Матичарот на лице место ќе ви каже дали има слободен термин за датата што ја сакате. Тогаш се запишуваат ваши податоци и презимиња коишто ќе ги носите по склучувањето на бракот. Доколку сакате матичар на терен, тогаш има плус една уплатница и плус уште едно барање. Што се однесува до фото студиото, најчесто одат оние коишто ќе ја сликаат свадбата. Тоа никој не го наплатува дополнително.
здраво nene88,ме интересира за вторава слика што ти е постирана за бомбончињава,дали ти ги изработуваш,или познаваш некој што ги изработува,исто и мене ми се ближи свадбата,ама не ми се фрлаат толку многу пари сакам нешто по скромно,а и баш така ги замислував,не сакам како прано што давале такви бомбончиња
Овие бомбончиња се од Делта прес. Се наоѓаат во ГТЦ. Инаку, јас не изработувам ништо. Јас сум организатор на свадби. Односно ја организирам и надгледувам целата свадба. Од ресторани, музика, китенки, бомбони, до маникир, шминка, одело... Комплет организација
Овие бомбончиња се од Делта прес. Се наоѓаат во ГТЦ. Инаку, јас не изработувам ништо. Јас сум организатор на свадби. Односно ја организирам и надгледувам целата свадба. Од ресторани, музика, китенки, бомбони, до маникир, шминка, одело... Комплет организација
ме интересира дали доставууват до други градови ,или мораш лично да отидеш таму и да си купиш,и уште нешто само,дали внатре има бомбончиња или се само кутивчињава
Да, доставуваат и до други градови. Инаку цените за срце кутивчето се со бомбонче (освен за несклопените). Еве како варираат: Сребрено срце, бонбона и машна сатен 5 мм. = 18 ден. Сребрено срце, бонбона, машна сатен 5 мм. и штрас = 22 ден. Сребрено срце, бонбона, машна сатен 5 мм. и каменче = 24 ден. Сребрено срце, бонбона, машна сатен 5 мм. и ружичка = 26 ден. Бело/крем срце со бонбона и машна сатен = 15 ден. Златно перла срце, бонбона, штрас и машна сатен = 28 ден. Несклопено срце бело/крем = 6 ден., сребрено = 9 ден.
Може ќе биде малку од помош, на алиекспрес има слични кутивчиња за бомбони, можеби и исте, а со доста пониски цени. Е сега доаѓаат несклопени, ама мислам дека тоа не е никаков проблем. http://www.aliexpress.com/wholesale?Sea ... 0520024804 Еве, па разгледајте си.
Супер се и тие од aliexpress, само пазете да не биде како со зелената венчаница! Нарачувањето од интернет може да заштеди пари, но јас би ве советувала доколку нарачувате, да нарачувате дста време порано, во случај нешто да не испадне како што треба
Или да си купите од девојките што работат по дома, а не од ателје за свадби. И вака ќе заштедите некој денар