Совети околу шминкање

Дискусија во 'Лице' започната од girl.23, 14 март 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Немам прецизна рака за нанесување сенка. :worried:
    Честопати од една замисла, излегувам нашминкана поинаку.
    Тушот веќе е минато за мене. :^)

    Како можам да си помогнам/научам да можам прецизно да се нашминкам? :?:
     
  2. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    121
    Порано и јас имав ваков проблем, но најверојатно после толку време шминкање си развив некој шаблон и тоа е тоа...Ако ти е проблем нанесување туш почни прво со молив полека ќе си „развиеш“ стабилност, или гледај на You Tube титориали за почетници, пробај исто прво со молив или купи си од оние посебни засечени четки за сенки, да си обележиш како сакаш и до каде да ти биде сенката.
     
  3. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    За прецизно нанесување туш треба малку повеќе вежбање. Еден совет што може да ти помогне - кога нанесуваш туш гледај раката да ти биде потпрена со лактот на маса, биро што и да е, така имаш поголема контрола на раката и е многу попрецизно отколку да ти ледби во воздух раката дур нанесуваш :)

    За сенка не е толку тешко, ма да за да ја оствариш замислата треба малку вежбање :)
    Кога нанесуваш сенка, можеш на краевите од очите да залепиш селотејп за попрецизно да изгледа откако ќе го одлепиш

    пример

    http://www.youtube.com/watch?v=sLUYeYtrv-o

    2:00
     
    На AnGeL4e009 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.894
    Совети за шминкање на зелените очи
    Предлог сенки за зелени очи!

    За вечерен гламурозен изглед:

    Пробајте со повеќе нијанси на кафено, особено со чоколадните сенки. Ставете од чоколадната сенка на капакот, на краевите засенете со темно зелена сенка, а на долниот дел од окото повлечете линија со златно моливче.

    За дневен, но уникатен изглед:

    Зелените очи потсетуваат на камелеон. Ги менуваат нијансите според добата на денот. Преку ден се нежни и прозрачни. За да ги направите уште понежни ставете сенка со боја на кајсија, јака портокалова, а може и беж. Комбинација на сенки која не смеете да ја пропуштите е портокалова сенка со азурно зелено моливче.

    За специјални и незаборавни моменти:

    Темно виолетовата сенка, металик виолетова или онаа со боја на зелена слива се одлични за стемнување на зеленото око. Очите добиваат неприродна нијанса или боја на маслинка. Навистина изгледаат неповторливо. Останатите ќе помислат дека носите леќи.

    Сенки кои треба да ги избегнувате!

    Кога веќе сме тука, можеме да спомнеме и кои бои се неприфатливи за зеленото око.

    Да почнеме со сината. Сите нијанси на сино, без разлика дали е темно или светло, па дури и виолетовите и сивите сенки со син прелив, се неприфатливи за зелените очи.

    Розовата. Розовата сенка навистина ретко добро стои на девојка со зелени очи. Најчесто им стои на оние девојки кај кои е тешко да процените дали бојата е сина или зелена. Но ако зборуваме за јасно зелени очи тогаш розовата сенка не доаѓа во предвид.

    Сребрена. Заборавете и на сребрената сенка,оставете им ја на сините очи.

    Препорачливи креони!

    Црното моливче не се препорачува, но ако не можете да му одолеете, користете го. Најмногу ќе ви се најдат кафените, златните, а може и белите моливи.
    Совети за шминкање на кафените очи
    За секси и длабок поглед...

    Неколку пати до сега споменавме дека шминката се одбира според тенот и бојата на очи, никако според облеката. Но, за кафените очи ова правило не важи. Ако сте облечени во кафено, слободно можете да нанесете кафена сенка. На краевите ставете малку темно виолетова и ќе изгледате диво и секси.

    За Smoky очи...

    Нијансите на зелено се одлични за креирање смоки-очи. За да бидете ултра модерни можете да купите туш со впечатлива зелена или жолта боја. Под линијата на окото нанесете зелена сенка со боја на алга, со светкав сјај. Сенчењето можете да го изведете и со азурно сина нијанса.

    За нежни и влажни очи...

    Металик сребрената, бронзената сенка и сивата со светкав сјај се одлични за кафената боја на очите да дојде до израз. За навечер дополнете ги со црна сенка, а за преку ден доволно е кафено или зелено моливче и малку беж сенка на горниот дел од капакот. А можете и обратно, на капакот да нанесете мат сенка со шампањ боја, а на самата очна коска да ставите од светкавата сенка.
    Совети за шминкање на сините очи
    За небесносини очи...

    За синото око да биде поотворено и светло, употребете сребрена или светлосива сенка. За да не изгледате болежливо, на краевите засенете со темна сенка. Со четката нанесете малку црна сенка или кафена и затемнувајте директно на крајниот дел од капакот и малку под него.

    За морски сини очи...

    Ако сакате сините очи да бидат затемнети, а со тоа и мистични, употребете виолетова сенка. Нека биде потемна, а може и со нијанса на модра слива. Речиси сите виолетови тонови добро прилегаат на сините очи. А за оваа сезона дефинитивно во тренд се виолетовите смоки-очи.

    За живи и секси сини очи...

    Нијансите на кафено, со гаранција овозможуваат секси сини очи. Сините очи и онака повеќе се забележуваат, но живоста на бојата уште толку доаѓа до израз кога ќе дојдат во допир со кафено. Земјената кафена влијае да се истакнат сите сини дамки на окото. Со темната кафена ќе постигнете да имате мачкини очи.

    СОВЕТИ ЗА ШМИНКА СО ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД
    - Најпрво исчистете го добро лицето и нанесете хидратантен лосион или крема за лице

    - Не штедете на пудра. Изборот на соодветна нијанса пудра за лице е најважен во шминкањето. Одберете пудра која што ќе ги прекрие потемните делови или руменилото на лицето, а сепак да не се разликува од бојата на вашата кожа

    - Коректорот кој ќе го нанесете треба да е за две нијанси посветол од пудрата. Со него ќе ги прикриете темните подочници.

    - За поприроден изглед најдобро е да ставите руменило на јаболчниците со боја на праска и сенка за очи со земјени или неутрални тонови

    - Нанесете маскара која може да биде кафена боја доколку немате темна коса или тен.

    Наместо кармин, за посвеж изглед одберете сјај за усни кој истовремено може да ви даде и волумен на усните.

    Основното правило во шминкањето беше дека не смеете да користите сенка со боја на вашите очи. Со креонот се истакнува линијата на окото, но сенката најмногу влијае за истакнување на бојата на очите. Ова особено се забележува кај сините очи бидејќи најлесно може да се игра со нивните нијанси.
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.894
    1. Четките за шминка ќе траат подолго ако редовно ги миете со малку шампон или благ детергент за садови со малку млака вода. Суви ставете ги на хартиени крпи.
    2. Нема потреба да купувате пилинг за тело. Можете едноставно да го направите дома и обично е ефикасен, а секако и поефтин. Најпознат и наједноставен е пилингот кој можете да го направите кога ќе измешате маслиново масло и шеќер(или морска сол) во размер 1:2 и ќе му додадете неколку капки етерично масло. Смесата полека нанесете ја на вашето тело, раце, нозе пред туширање, а потоа истуширајте се со млака вода.
    3. Пред да ставите кармин, размислете дали вашите усни се негувани. Измешајте кафен шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила, со оваа смеса нежно масирјте ги усните а потоа избришете ги со влажно марамче,потоа вашите усни ќе бидат подготвени за ставање на кармин.
    4. Не ставајте никогаш преку лето многу пудра. Ќе изгледате како растопена торта. Најдобар совет е пред излегување од дома да ставете хидрантен крем и многу малку пудра.
    5. За отстранување на шминката е најдобро да користите маслиново масло, особено за шминката околу очите. Покрај што се отстранува нечистотијата од лицето, маслиновото масло ја храни кожата.
     
  6. Диња

    Диња Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ги гледав сликите и многу убаво се шминкате. Ќе биде некоја од вас љубезна да ми каже што се е потребно(што се користите) за така убаво да испадне од подлога до молив до веѓи.
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    6211023B-F2FD-44B8-84BD-DF49FA41BDA6.jpeg
    DAAA7C39-9D25-4E3F-A1E0-48A478A9E105.jpeg Не е најсовршеното smokey eye, али као за прв пат не е лошо.
    3638CAB9-19C8-40D7-A446-E2708A915FD3.jpeg
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.347
    Допаѓања:
    125.921
    Пол:
    Женски
    Имаше напредок, но овојпат ќе те искритикувам малку.
    Требало повеќе сенчање, вака личи ко една врз друга само да си ги ставила сенките... Поубаво беше со понежните сенки, мислам дека подобро ти стојат...
    Ми фали и туш, некако не е комплетно ништо и ништо со ништо не ми оди. Сори :(
    Веѓите исто ти беа многу подобри порано...
    Карминов е утнат ептен. Размачкан е, непрецизно нанесен и си излегла горе многу над линија. Мислам дека мат кармини подобро ти стојат или пак прво со моливче за уста да си нанела, па после кармин...
    Со вежбање само ќе биде се...

    @Мејз од ефектите од снеп или инста баш што и како е и не се гледа, а и не памтиме кои продукти си ги користела.
    Но, убаво ти стои црвен кармин, барем тоа можам да забележам. И тушот е убаво нанесен. Генерално океј си нашминкана, така барем изгледа, но не се гледа детално што и како е. :)
     
    На Harper, LadyC, BlackMistery и 5 други им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    11.898
    Пол:
    Женски
    Да. Прво да ја обележиш со соодветна боја па врз неа карминот.
    Мислам дека повеќе ќе се истакне устата и се ќе е на место.
    Подефинирани цртите на устата ќе се.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.856
    Допаѓања:
    105.999
    Пол:
    Женски
    Прво многу ти двои пудрата. Тоа гледај да го промениш.
    Потоа додека не се усовршиш избегнувај ја црната сенка, тешко се сенча и бара време, па да ги вклопиш боите да не двои.
    За веѓите мене ми се исти, а усните уф многу си излегла од контрола. Ќе црташ по линијата на усната со мочивче прво, а потоа нанеси мат кармин.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за советите, иначе устата не ми е прецртана ич, да знаете.Никад нема да ја прецртам.Али шпицот на карминот ми е многу лош и едваај сум ги направила ивиците, моливче да уста воопшто и немам.
    За црната сенка мака изнамачив да ја исенчам и на крај бев као fuck it.
    @Dream-Girl @buba4e89 @GirlRose
     
    На candy.cane и GirlRose им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    11.898
    Пол:
    Женски
    Ја следам темава и знам дека ти е природно таква.
    Ова е најдобронамерен совет, no hard feelings :D . Пробај со моливче, не се воопшто скапи, а се доста ефективни. Не да ја прецртуваш, само линиите на самата усна ќе ти се поистакнати и полесно ќе ти е да нанесеш кармин
     
    На candy.cane, Feminka22 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.347
    Допаѓања:
    125.921
    Пол:
    Женски
    Долната усна е во ред, на горната имаш малку надвор од линија отидено, кај тоа како \/ :D делот треба да припазиш повеќе само и се ќе е во ред.
    Мислам дека моливче ќе ја реши работата. :)
     
    На LadyC и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.103
    Допаѓања:
    12.381
    Пол:
    Женски
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    2CC42D0F-9C92-4B9D-BE17-B1E5B3E97102.jpeg
    еве
    Светлите нијанси со пуфната четка која има агол малце.
    После тоа, црната со кратка плосната четкичка и на крај блендирам со пуфнатата.
    -ме мрзи да ги сликам :$
     
    Последна измена: 4 јануари 2020
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.103
    Допаѓања:
    12.381
    Пол:
    Женски


    Пробај прво стави коректор или база за полесно да ти се блендаат сенките. Потоа прво кафените, па црните нијанси. Нешто како на видеото (не мора волку интензивно црно да биде секако). Можеш да ставиш салотеип како на сликата за да ти помогне полесно да постигнеш чиста линија.
    E4E9C216-437E-4DEC-87C1-ED28E92A5B56.jpeg

    И уште нешто, за да ти бидат поинтензивни боите, можеш четката малку да ја навлажниш со фиксатор или вода.
    Искрено мислев со сунгерасто апликаторче дека ги блендаш сенките :?:
     
    На buba4e89, Feminka22 и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    25.116
    Пол:
    Женски
    Црната не ја нанесувај до горе со рамната четка, само до половина на капакот. Потоа нагоре смени со флафи четката, за да немаш линија и да не ти двојат боите. Откако ќе завршиш со црната, продолжи со кафеавата сенка точно на местото каде се совпаѓаат за да ги споиш целосно боите, повторно со флафи четката.
    Рамната четка на крај можеш сосем малку да ја искористиш за да и дадеш интензитет на црната но внимавај да не ја нанесеш превисоко па да има линија и да двои.
     
    На buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    64.110
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 со пуфнастата четка нанеси кафена сенка на преклопот на окото и надоле. Потоа со прст земи од црната четка и полека тапкај ја на капакот. Кога ќе стигнеш до висината што ја сакаш со кафената сенка и пуфнастата четка помини помеѓу кафената и црната неколку пати за да ги споиш. Ако сакаш да е поинтензивна црната околу трепките тогаш нанеси со малото четче.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    @IM.TMKQ @marama
    Фала женски иначе постапката ми е следна:
    Првин ставам коректор на капаците и под очите да покријам се.После ставам уште еден слој малку повеќе за прајмер де хахаха.
    После со флафи четката на краевите ставив светло кафена сенка и светло виолетова (не е ни љиљакова не знам шо боја е) и стаив сегде буквално.После со рамна четка (имам уште една рамна) ставив темно кафена сенка малку повеќе на крајот и после по линијата на капакот и поминував повеќе пати за да се истакне.
    После со розевата рамна четка на цел очен капак ставив од црната сенка.
    На крај,флафито четка ја ,,брцнав” во темно кафената па во црната сенка и сенчав горе највеќе што можев
     
  20. Norah Jones

    Norah Jones Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    гледам по нетов жените користат 2-3 вида на пудри, бази финиши не знам. Јас користам само крема за лице и камена пудра... цел живот. Ни прајмер ни ништо друго. Грешам ли негде?