Се додека немаш проблематична кожа, и нема што да прекриеш не грешиш. Ствар на вкус е колкава прекривност сакаш. Но, зарем не ја чувствуваш кожата затегнато од камената пудра? Барем во мојов случај е така кога сум експериментирала само со камена. Јас би додала и бб крема пред камената.
Зошто да грешиш, се е избор на нас што ќе користиме. И јас само крема и течна пудра користам + коректор под очи, океј ми е, чисто лице иам и не ми треба некоја покривност голема. Како сакаш ти така.
Освен ако не сакаш да изгледаш како торта, не грешиш.Доколку ти е чисто лицето и тоа ти е доволно, или пробај тенок слој течна пудра за да се изедначи тенот и камена малку.
нема да изгледа како торта, изгледа погрешно си разбрала. Сигурно мисли на мешање одеднаш на повеќе видови пудра. Ако некоја е превише мат и тешка, ја меша со некоја по лесна пудра за да добие идеална текстура, или боја, или долготрсјност. Тоа не значи ставање на 4слоја еден врз друг, него мешање на четири пудри заедно. Исто и со камени пудри, и со прајмери. Со тоа што еден прајмер по хидрснтен може да се стави на надворешните делови на лицето, додека пак силиконски на т зоната, или матирачки, зависи од кожата. Камена пудра исто, по светла под очи, чело, нос, брада, под контури. Остатокот од лицето со по темна камена пудра.
Гледам сега користат некакви лепенки пред шминкање, за да добијат cat eye ефект. Ама зарем после кога ќе се одлепат не се губи ефектот?
Моментлно е тоа @Emotional123 колку да се добие ефектот,после се враќа на старо. Јас се си мислам колку за сликање ги лепат за на слика да се долови ефектот и после ги вадат Јас сакам да знам кај ги има да се купат,за селфи ми се
@buba4e89 Не можам слика да најдам ама ќе објаснам. Лепенкиве се лепат во делот кај слепоочницата и му даваат на окото закосен изглед, очите позаводливо изгледаат. Ги има по видеава на инста вртат таму ги имам видено.
Не мора лепенки да ставиш, често шминкерките знаат да фатат премали прамења коса од тој предел и да ги врзат назад со тенко ластиче под косата за да не се познава и така добиваш ист ефект и подолготраен, само може да те боли главата од затегнатоста.
Не најдов друга тема, ќе прашам тука. Имам проблем со шминката што многу ми се размачкува. Пример освен мат кармин други не можам да носам, зошто ми се размачкуваат околу уста, на заби ќе си најдев кармин и многу се нервирам. Маски кога носевме особено секогаш бев со размачкан кармин. Овој проблем го решив со мат течни кармини и освен со пресуви усни сега друг проблем немам. Затоа околу очите секогаш сум лом. Ми се размачкува црната маскара, сенките... Вчера се нашминкав за излегување со друштвото, црна и кафена сенка имав, црната на секои 15 минути под очи ја бришев. Многу се изнервирав, цела вечер ми помина во средување шминка. Не знам како да не ми се размачкува шминката? Има некој трик? Сум пробала секакви производи, скапи, евтини, исто е со сите. Си сакам шминка да си носам, но ова со размачкување многу ме нервира.
Имаш мрсни капаци ти треба прајмер за очи. Има еден на Артдеко добар е и трае. Треба да го има во Космо Сити Мол. Ќе ставиш прво прајмер па сенка. За усните ти треба лабело и кармин испод мат кармините, не самостојно. За лицето можеш да си бараш прајмер за лице спрема типот на кожа и добар фиксатор. Прајмерот се става пред пудрата,а фиксаторот од кога ќе се нашминкаш на крај дури. Ако маскарата ти се размачкува тогаш не ти одговара, на жешково барај водоотпорна.
Не Не одговараат сите мат течни кармини со лабело. Некои без лабело подобро стојат, со лабело се сушат лошо, им се меша формулата и катастрофа изгледаат. Водоотпорна маскара од Essence имам инаку. Секогаш воодотпорни и пак ми се мачкаат.
Од Алверде тоа со невен. Пример течните на Мејбилајн со лабело не одат убаво, многу лошо се суши формулата. Без лабело се совршени и не мрдаат додека не ги избришеш. На ГР течните со лабело исто лошо се сушат, без лабело се добри. На Есенс само со лабело добро одат ама не ми се допаѓа нивната трајност, а и слаб избор на нијанси имаат.