Нема на што. На крај ако и ова не успее тогаш можеш да нанесеш лабело и со парче хартија да го остраниш вишокот. Јас дур се шминкам нанесувам лабело да упие малку додека се средам комплетно, на крај ставам кармин. За црната сенка бирај сенки што не се ронат, такви имаш на Револушн, Кико поединечни.
Кико како се со цените? Некако намерно ги одбегнувам зошто ми делуваа поскап бренд, а има и поевтина шминка во дм.
Кога користам сенки што се светкави, секогаш ми се ронат и под очи светам како хајлајтер кило да сум ставила на мене. Совет како да го спречам тоа?
Исто и мене. Прво нашминкај ги очите, па тоа што ќе ти се изрони под очи избриши го со мицеларна, па после ставај коректор, пудра и друго. Или пред да почнеш со нанесување на светкавата сенка потапкај ја малце четката да падне вишокот од сенката.
Чаре за подочњаци? Иам пробувано и со поквалитетна шминка, и со еден тон шминка. Џабе Напред према носот секогаш ми се гледа темно -.-
Да пробаш прво да нанесеш портокалов/црвен коректор, па обичен. Или да вметнеш во рутина caffeine серум.
Ако се работи за shimmer сенки тогаш на плосната четка прснете спреј за фиксирање па земете од сенката и нанесете на окото со влечење. На овој начин сенката ќе биде попокривна и со поинтензивна боја. А ако е мат сенка со светки (вакви беа сенките од Мејбилин палетите), тогаш трикот со мицеларна вода е супер. Како што ти кажа @Glowy корекција со боја е добра опција. Со која боја ќе коригираш зависи од твојот тен. За светол тен треба посветла боја (светла праска, светла розова), за темен тен потемни бои (портокалова, црвена). Разгледај по продавнициве за шминка, имаше палети со коректори во различни бои, најчесто за светли тенови. Мислам дека гледав од trend it up и She во ДМ.
Јас буквално не знам да се шминкам ВООПШТО. Поседувам само крема, коректор и маскара. Имам и по некој кармин кој е за никаде. Дали може да добијам кратко објаснување за почетници, совети како да почнам, а да не изгледам смешно. Не сакам да шлапам руменила, сакам да биде минималистичка шминка, но да изгледа свежо. Исто, добро би ми дошла препорака што да купам. Фала
И јас не се шминкам пренападно за секој ден ставам Коректор : јас имам евтин еден од Стокомак бидејќи врши работа почнувам со него, ставам под очите, околу устата, и секаде каде имам точки што сакам да ги покријам. Иам флафи четка, со нејзе го разнесувам После коректорот ставам камена. Камената пудра ми е на Милани. Ставам врз коректорот После тоа ги цртам веѓите бидејќи ми се ужас. Користам моливче на Малена. Почнувам од краевите на веѓите, ги обликувам и после полнам напред После тоа, ставам eyeliner од Есенс, праам мачкици, и на крај ставам маскара исто на Есенс. и на крај кармин/сјај толку така личам дека имам шминка ама не е нападна. Комбинацијава на шминка ја носам и со тренерки и хеланки (без туш), и за на пијачка почни со едноставни работи. Јас се шминкам од прва средно, а тек сеа научив туш да ставам. И контури глупости имаш многу корисни видеа на Јутјуб за почетничко шминкање, шо може да ти помогнат и јас до ден денес си гледам идеи на ЈТ
Можеш да почнеш со понеутрални сенки, важно е да е пигментирана, има убави wet and wild во дм. За тоа ти треба побушава четка пошто клучно е блендирањето (да не се познаваат линии или кругови,туку лесно да се транзитира). Можеш понеутрални сјаеви за усни. Руменила има сега што даваат природен финиш, не мора од оние најнападните. А за веѓи доволно е спули, а има и едно на есенс во дм како гел е за веѓи што само и даде облик, не бои и така нешто туку буквално ги зачешла и фиксира
Една палета од Revolution купи си, со кафени и понежни нијанси, многу се пигментирани и вечно траат. Вложи и во убава маскара, многу го менува изгледот. Коректор на Аура користам со години и е супер за давање свежина на ликот. Го користам само под очи и малку ставам на сунѓерче со пудрата за да ја осветлам нијансата и поубав изглед генерално добивам. Некоја лесна пудра од типот на Боржуа Хелти Микс можеш да земеш. Некое нјуд карминче од Мејбилајн, најтрајни се од дрогерискиве, можеш и некое кафено сјајче од нивните исто, лично најубави ми се за таа цена. Бронзер за свежина на лик со нежна боја што не се познава скоро ич (ја по грешка таков земав ама кога сакам да сум како no makeup - makeup добро ми се покажа). Од Catrice ја земав најсветлата боја, не знам дали уште го имаат, но добри им се бронзерите, разгледај. Веѓи можеш со моливче или сенка малку ептен минимално да средуваш. Доволно ти е тоа за почеток. Можеш и хајлајтер за свежина на лице, но и не мораш ова. Јас највеќе сакам шминка со прстите или сунѓерче да нанесувам. Со четка не ми делува толку природно. Некогаш и светкави сенки со прсти дури блендам, најголема пигментираност се добива така. Четка за сенки и за бронзер само земи си, друго и не ти треба. И едно сунѓерче beauty blender . Прво ставам пудра и коректор, па средувам веѓи, па сенки, туш, маскара, па контури на лице и на крај кармин ставам.
@GirlRose @Dream-Girl што е спули за веѓи? Башка не знам дали има поента оти веѓите не ги средувам, не знам како. Јас колку што гледав видеа се става прво прајмер, па пудра (сакам без пудра оти еднаш ставив и бев како зацементирана), па коректор, па руменило и хајлајтер, па маскара. Мене ме интересира редоследот пред сѐ, сенки не доааѓаат во обзир, тоа ми е квантна физика. О да, што треба да имам од сунѓерчиња, четки, што и да постои? Фала ви многу!
Секој си става шминка како сака. Некогаш и прво очи сум шминкала, па после пудра, зошто се ронат сенките. Прајмер не користам, хидратантна крема си стваам пред да ставам пудра. Некои продукти ми се непотребни, сум одлучила дека нема потреба и тоа да го користам. Ако гледаш така 100 работи постојат, а по интернет се и сешто рекламираат, прашање е колку ни е потребно се навистина. Сама треба да си откриеш што навистина ти е потребно. Нема правила одредени во шминката, речиси се е дозволено, треба да си најдеш што тебе ти одговара. Четка за расчешлување веѓи инаку е тоа.
Јас се шминкам минималистички за на работа, па мој предлог. Коректор во мојата нијанса на кожа што го ставам на подочниците и не дели со мојот тен. Ако е топло и кожата ми е помрсна, ставам бела, односно транслуцентна камена пудра. Во зима не користам. Ставам малку бронзер и руменило на лице, и зависи од расположение, некогаш ги користам и како сенка, минимално колку да дадам длабина на очите. Маскара обавезно. Веѓите ги пополнувам со моливче и користам сапун за веѓи за да не се бушават. Ако немаш потреба, не мораш да користиш ништо за веѓи, освен некој безбоен гел како маскара, колку да ти ги држи на место. На крај ставам лип оил или некој сјај во боја. Со овие производи, немаш утка. Инаку од четки, една за бронзер, една за руменило, коректор најчесто со прсти нанесувам, ама можеш и со бјути блендер, за очи мала четка за сенка.
@Peanut Butter Јас за ова зборев Спојлер Доаѓа како некој транспарентен гел исто ко маскара има четка и само си ги обликуваш со него. За пудра, има и тешки и лесни, и со мат и природен финиш. Се живо има, ама во твојов случај би ти препорачала да почнеш со BB крема, јас така почнав, тоа ти е како пигментирана помада За инструменти, што ти е најскладно тоа. Пробај со четка за пудра, ги има насекаде Спојлер: Четка за пудра како изгледа Па можеш и сунѓер понатаму. Немој да заборавиш да си ставиш и на вратот. Би ти препорачала ако одиш денски пред тоа добар спф што може да ти служи и како прајмер колку за почеток и е добра база за бб кремата. Ако немаш подочњаци и акни и флеки од акни јас не би ти препорачала коректор. Тоа ти е ако имаш на некои места на лицето различна боја од остатокот па на некој начин да се „усклади“. Пробај бб крема, маскара, ова за веѓите и некој сјај. Па, понатаму со тек на време можеш да внесеш за некоја посвечена прилика сенка или хајлајтер.