Почнуваш од коректор, го размачкуваш со прсти таму кај што ти е потребно, ставаш руменило со голема четка со доста влакна, со помала четка ставаш хајлајтер над руменилото, следно ставаш маскара и накрај само стави си кармин во боја која што тебе ти се свиѓа. Од другите работи чим не сакаш да редиш нема поента да ти објаснуваме. Еве како изгледа четката за руменило А еве за хајлајтер
Купи ги двете, сунѓерче на алиекспрес за 20/30 денари имаш, ќе видиш со кое ти е полесно да ставаш пудра. Мене со четка ефектот на нанесена пудра речиси никогаш не ми се свиѓа, па затоа и не практикувам така да нанесувам. Зависи и до пудрата некогаш, со што подобро ќе се нанесе.
Сунѓерите од али се многу лоши, тврди и не даваат убави резултати. Убави се од essence, ebelin. И мене ми е секогаш полесно и попрактично со сунѓер, само да се гради постепено, а не одеднаш многу да се става пудра.
Мене супер ми се покажаа, а и четки од таму имам, ги мијам постојано, супер се, влакненце нема паднато. Имам и од dm четки, па и немаат некоја голема разлика освен цената.
Јас од мое искуство, можеш да си пробаш и со сунѓер, малку поголем само да е. Мене тоа тапкање ме изморува
За четките да, мене исто ми се погодија ама сунѓерите не. Може така се погодило, од тогаш кренав раце од али за сунѓери.
Сакам да се шминка сама за на свадба, па би сакала некој ако може да ми каже што се точно ми треба да си купам за да изгледа ок.. Значи најбитно, да ги покријам темните кругови околу очи.
За тоа коректор. Совет Мејбилајн, како со сунѓерче што е. Не знам дали се' со ред да ти набројам? Што имаш од шминки?
Све, ништо асално немам ахахах Значи добра подлога, пудра,коректор. За сенки имам, римел и креон имам...
Од сите коректори што сум ги имала до сега, ни еден не е проближно добар како овој од кико. Под 300 денари е. Не е ни скап.
@Цвет88 Јас би ти препорачала да и пишеш на @CrAzZyYy (или ако го види тагот, може и тука да ти пише ) Шминката и е секогаш врв, едноставно беспрекорна. Има фотографии во другата тема, па лично мислам дека можеби може да ти даде најдобар совет, особено за свадбен изглед како да се нашминкаш
Подлога зависи каква кожа имаш, мене "свадбарска" пудра ми е МАС Студио Фикс флуид. Можеш трепки+лепак на Аура да земеш, баш се убави.
Малце касно гледам, пред се ти благодарам на убавите зборови. Јас искрено на клиенти не користам баш производи што се наоѓаат во дрогериите но можам да шрепорачам она што го користам на себе. Најпрекривен коректор што сум го користела е на лореал infallible. Ако се одлучиш да инвестираш во пудра kryolan има одлични дури и нема да ти треба коректор, точно која пудра да ја земеш не можам да ти препорачам затоа што не знам каков тип на кожа имаш. @Цвет88 во порака ќе ти пишам мој инстаграм па ако не поминала свадбата слободно пиши ми таму за повеќе препораки.
Препорачајте ми течна пудра ~ 10€ и коректор исто ~10€. Имам нормална кожа и немам акни. Сакам да биде доволно покривна но не и многу тешка. А коректорот да ми покрива под очи темно - односно сакам да ми ја осветлува кожата под очи и да не се прави како линии.
За нормална и сува најдобро да ја земеш Хелти Микс или Мејбилин Суперстеј со бело капаче. За коректор ако сакаш да ти покрива темни ти треба портокалов коректор и може да најдеш на Mac, Kiko milano и после него се става коректор обичен. На Aura touch pro е многу убав плус за да не ти се прават линии треба да се сетира со banana powder.