Дали таа кафената боја шо е за contouring, ја има во посветли нијанси? Јас сум ептен бела, како сирење сум, сонце не ме фаќа, и сакам да ставам без да изгледам како лицето со кал да сум го мачкала. И ако има , кажете ми кои се, пожелно од Лореал или Catrice , а може и по ваш избор. Може и мајбелајн Едит: коректорот оди прво или пудрата?
Ми треба совет околу шминкање за свадба, ќе се шминкам сама, нема да биде пренападна шминката поради тоа што имам по специфичен фустан (бојата е онаа electric blue, сребрени штикли со циркончиња ситни, исто и чантичката е таква) Ме интересира каков кармин да ставам црвен, neon розев или и пак некоја nude нијанса)? Исто и за руменило? Планирам да нанесам беж,кафени сенки и вештачки трепки.
Не знам во која тема да го поставам прашањево. Ако треба префрлете го. Како успевате да не си испрљате ролките/кошулите/блузите со пудра? Особено ролки. Колку и да пазам пак сум лом
Види ако веќе носиш ролка, кошула некое парче што секако се допира до вратот и го покрива не ставај пудра на вратот, само на лицето ставај. Пошо друг начин не гледам. Има некои клипчиња, каде што облека, марами ги прскаат со лак за коса за да не се префрла шминката, ама сега колку е тоа ефективно решение не сум пробала. Нека каже некој друг ако знае некој трик