1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од pink4ever, 26 октомври 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    ми текна нешто... многу пати сум се нашла во ситуација да давам совети да цитирам мисли и да треба да убедам некого во тоа што го зборувам. Но многу пати и мене ми е потребна совет за слична или иста ситуација, а не ја применувам.
    во смисол, делам совети на други но не ги применувам кај себе...
    дали сте се нашле во таква ситуација ?
    дали другите очи - гледање на сопствениот живот од друга личност подобро можат да ни помогнат за проблемите? Дали не се обидуваме да размислиме ? дали ни е потребно некој друг до нас, како што и ние сме му потребни некому? Зошто едноставно не се слушаме самите себеси? :?:

    ако темава ја има или е глупа - делејт
     
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Хммммм....можеш да бараш совет,нечие мислење кои би ти помогнало да го решиш проблемот но сепак ти си таа која ке го каже последниот збор и ќе ја решиш ситуацијата онака како што мислиш дека е најдобро.

    Да ислушаш некој,некој тебе да те ислуша се е тоа сватливо и нормално и потребно,но да не го слушнеш сопствениот глас,сопственото јас и да чекаш друг да ја решава твојата среќа е ПРОБЛЕМ!!!...и ова го мислам сериозно,да бидеш зависен од нечие мислење е сериозен проблем.

    Затоа во одредена ситуација која ме засега мене,сакам да слушнам мислења од блиските да направам една калкулација можеби,но последниот збор е сепак само мој,на моето срце и на мојот разум!!!
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Дали сте се нашле во таква ситуација ?
    И тоа колку пати. Кога доаѓа моментот да дадам некому совет сум најголем стручњак, а кога треба да го применам истото во мојот живот? -Нигде ме нема.
    Дали другите очи - гледање на сопствениот живот од друга личност подобро можат да ни помогнат за проблемите?
    Не го разбирам баш прашање. Гледање на сопствениот живот од друга личност? Мојот живот? :^)
    Ако е така, мене не ми помага тоа. Јас сум своеглава и колку и да ми труби некој, нема да го послушам додека јас не одлучам дека е тоа прав чекор. А можам да го одлучам тоа и сама, без да барам советување.
    Зошто едноставно не се слушаме самите себеси?
    Кога станува збор за нас, размислуваме повеќе со срцето, него ли со умот.
    Лесно е да кажеш, тешко е да примениш.
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Порано многу барав совети од другите, во врска со многу нешта, но кога ќе ги анализирав тие мислења, гледав дека сите се базираат според нивниот карактер, според нивните искуства, и уште потешко ми беше да се одлучам јас самата. :worried: Совети давам само кога некој ќе ми се обрати мене, а кога се работи за некој близок, и знам дека ќе ме послуша, давам совет самата, ама да и наредам да направи нешто-не, никако, не сакам после мене да ме обвини. И сега се обидувам да го слушам мојот "глас", и сега и да погрешам во нешто, барем знам дека јас сум виновна. :!:
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Често знам да побарам совети од некого во кого имам доверба, и знам дека ми мисли добро. Две глави размислуваат подобро од една. Понекогаш повеќе ми значи самиот разговор, времето што е одвоено за мене, за да ме ислуша и на некој начин да ми биде рамо за плачење, отколку самиот совет. После тоа се чувствувам подобро.
    Инаку и јас сакам да давам совети, ако некој ме праша со задоволство го правам тоа. Но тие дадени совети многу тешко ги применувам за себе.
     
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Даваме совети на други ОБИДУВАЈЌИ се да се ставиме на нивно место, во нивна кожа, но кога ќе го осетиме тоа на своја кожа, тогаш не можеме да го примениме сопствениот совет, бидејќи претходно не сме знаеле какво е чувството да се најдеш во одреден проблем, ситуација.
     
  7. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Их.. колку пати сум се нашла во ситуација да дадам совет, а да се најдам во иста или слична ситуација во моментот или по некое време, ама знам да бидам тврдоглава и да не го искористам својот совет.
    Тоа е исто како - Магарето му рекло на зајакот имаш големи уши. :D

    Се согласувам дека секогаш во секоја ситуација ни е потребен некој до нас да ни помогне, да даде совет, да сослуша, да се испразниме. Јас сум често некому рамо за плачење, давам совет исклучиво ако некој му побара, помагам во ситуација на луѓе кои мене ми значат, не на странци или на некој кој не заслужил.
    Да, може да се сврти тркалото и мене да ми треба помош токму од тој што нема да му дадам(ако не побара), ама ниту јас нема да побарам. Секоја ситуација можеме сами да си ја решиме.

    Мене често ми треба некој до мене, некој како поддршка, знаат да ме сослушаат, но не и да ми дадат совет. Ке ме советуваат ама јас со крстот на чело, главата во ѕид не бре не слушам друг, најсигурна сум во самата себе. Потоа ако се случи нешто обратно од ситуацијата или јас ке бидам виновна, или ке се воодушевувам на самата себе.
     
  8. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Се би било подобро доколку ги применуваме самите советите кои им ги даваме на другите. Изгледа сите знаеме да ги решиме проблемите на другите, освен своите :?:

    Многу е полесно да ја анализираш ситуацијата на другиот одстрана и да дадеш совет. Мислам дека е така бидејќи не сме многу засегнати со резултатот од сето тоа...ти само можеш да кажеш твое мислење, а за понатаму останува на другиот. Но доколку се работи за самите нас, малку е потешко зошто сепак крајната одлука е наша и резултатите директно ќе се одразат врз нас.
     
  9. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    хахахахха само една мала дигресија ......еве ти го мојот совет јас и онака не го користам (вака некако јас функционирам )мн ретко прифакам совети :$ :$
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Оваа тема е ко за мене,значи секогаш е така,умеам да дадам некој љубовен совет или во врска со некоја друга тема ама не си ги применувам советите самата јас.Многу пати имам тешено машко кој ми е пријател и дури повозрасен од мене ама кога јас барам совет добивам одговор:Tи мене ми помогна да ја вратам саканата а нели можеш да го примениш истиот совет? :!: Така е,кога гледаме од страна ни е полесно да кажеме ама во своја кожа не си ни свесна да размислиш.
     
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Нормално е дека полесно е да се каже отколку да се направи или почувствува.
    Кога треба да дадам совет на некого гледам да најдам што поубедливи аргументи за да му ја докажам вистината.
    А секако потешко ми е на мене да си ги искористам своите совети, потребен ми е некој друг до мене. :)
     
  12. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Да не бидам нарцизодина, али давам најјаки совети на другарките! Јас сум главниот психијатар во друштво и сите ме гледаат ко мајка што се вика :) Најлошо од сето ова е што ги користам советите мои али не секогаш- кога ми се најпотребни, ЈОК! :^) :fubar:
     
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    И на мене ми се има случено тоа во повеке наврати, за совет секогаш сум спремна да дадам во било кое време, и доста ми е развиена интуицијата и секогаш кога дадам совет испадне како што сум кажала и полесно ми е кога делам совет на друг, но кога треба јас да го применам неможам...секогаш полесно е да се каже на некој заборави го и сл. а кога дојде на твоја кожа малку потешко
     
  14. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Давам совети само кога е побарано од мене и притоа гледам да сум колку што можам поискрена, ама и да не повредам ничии чувства.
    За себе барам совети само од мајка ми и најблиската другарка, зошто советите од другите преминуваат во солење памет, некој вид на наметнување и мешање во мојот живот, а многу често даваат и совети што ќе им одговараат на нив. Имам другарка што ќе каже нешто само за да не мора после да се замара, или воопшто не го ни сфаќа сериозно проблемот. Јас така не можам да постапам, секогаш кога давам совет емпатирам со другиот и се потсеќам на мои искуства, се прашувам како јас би постапила да сум во таа ситуација па ги разгледувам и двете страни и дури тогаш кажувам мое мислење со правилно одбрани зборови.
    Најбитно е еден совет да е искрен, а не да биде кажан ради реда или колку да откачиш некој.
     
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.664
    Luge mi treba sovet od vas... Veke nekoe vreme ne mozam da spijam ubavo. Mn malce spijam i sekogas souvam sonovi koi ne gi sakam :/ Kako da prestanam, kako da gi otrgnam mislite od mene? :(
     
  16. Angelcheee

    Angelcheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    ....

    Имам 12 години.И нормално е градите да ти се во раст. ама ми треба бејби дол ..Ама незнам како да и кажам на мајка ми.

    Ке биде ли праведно да излезам сама во град и да си купам без нејзино знаеење..
     
  17. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    ....

    Оф срце..Нема зошто да се срамиш,мајка ти е :!: Многу нормална работа е да ти растат градите,кажи и на мајка ти,нема да згрешиш. :)
     
  18. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    ....

    Ауф неее јас имав исти проблем знамколку ти е срам да и кажеш на мајка ти, па таа сама треба да ти купи, да е свесна дека ти е срам
    Мој совет оди и купи си со тоа ќе и дадеш до знаење дека ти треба а мислам дека нема да ти приговара ништо оти тоа што досега не ти купила е нејзина грешка
    Јас барем не и кажав мамоо ми треба беби дол... отидов си купив и немав никаков проблем понатаму
    мислам не сум се криела дека го носам..
     
  19. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Девојки се двоумам дали да одам на екскурзија или не. 7 дена, а толку многу држави - Италија,Австрија,Чешка,Холандија.. Што ќе видиме од таа екскурзија ? Само возење по автобуси и умор... А од друга страна пак, убаво е. Можеби никогаш нема да ти се пружи прилика да отидеш. Има ли некоја од вас што е била ? Ај пишите по некое искуство, а и ваше мислење вреди да се оди или не |-)
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ми се слуЧи ова :!: секогас колку можам и ако мислам дека вреди советот ке го кажам или написам акога јас бев во теска ситуација и писував за совет ми се лсуЧи потсмевање :x и на сета мака мој аимасе и поставено вицови тука :o па после тоа од мојот пост бесе направена дискусија и се писувасе и зборесе за се друго а тоа остана :( а јас после и маката моја збунета и незнаев сто да кажам :^)