Девојки ви носам многу убави вести. Нешто ново во нашата државичка и корисно за сите нас. Наскоро е отварањето на новиот Советодавен Услужен Центар - Талисман во Македонија. На телефонски линии ќе има пристап до Дипломирани психолози, Социолози, Толкувачи на сонови, Астролози, со повеќегодишно искуство во нивното работење. Сите знаеме дека денешниот начин на живот е многу комплициран, а решавањето на проблемите се потешко. Проблематики кои ќе се третираат : партнерски релации, советување на парови, проблеми со самодоверба, стрес и справување со стрес, анксиозни состојби, панични напади, надминување на страв од јавен настап, работа во тим/ тимови, и разрешување на конфликти, проблеми и надминување на предизвици од секојдневното живеење, персонален (личен) развој на поединецот со цел да почне да живее поавтентично, мотивациони сесии, различни емотивни, когнитивни и бихејвиорални состојби. Сето ова ќе го добиете дискретно, ќе можете да ги прашате стручните лица без срам и ќе си ги решите вашите проблеми. Дали ја подржувате идејата? Дали сметате дека ни недостасува вакво нешто? Лично јас сум многу надежна и едвај го чекам стартувањето на сервисот кој најверојатно ќе започне од 15 септември.
Аууууу гадно, дипломирани психолози и астролози на иста линија? Психологијата за псевдонаука ја сметаат? Доволно прочитав
Корисниците ќе се јавуваат на ист број, но секoја категорија е посебна. Ако избира прсихолог, му се јавува психолог, ако избере астролог, тогаш астролог. На линијата ќе се приклучат и ќе можат да се слушнат и правни совети и решавање на правни прашања, што ниту малку не е сродна професија со психологија. Замислата е да им се помага и да им се даваат совети на луѓето во итни ситуации, инстантно, а секој поединец си го бира начинот.
Јас никогаш не би се јавила, баш затоа што се ставени психологија и астрологија на иста линија. Би имала чувство дека се работи за парапсихологија или само начин да се извлечат пари од луѓето, а не психологија која е научно подржана. Исто и толкувањето на сонови, по соновник ќе се иде? Тешко дека некој ќе ти прави психоанализи на соновите преку ограничено долг разговор по телефон. И на крај, цена? 50 ден + ДДВ? А фино пуштив оглас дека правам магии, сигурно поевтино ќе поминат
Уште една глупост?! Гласав со не инаку.. Дипломирани психолози, Социолози, Толкувачи на сонови, Астролози... Боже чувај ме... За само 45ден мин плус ддв? Зошо наместо отварање на вакви телефонски чуда, не направите кампања дека е подобро да се оди на психолог, лично а не по телефон...па макар и да им удрите реклама на тие психолози Едит... Ова со цениве во исто време со Ангелка.. значи исто мислиме...
талисман мн. талисмани Вид збор: Именка, машки род Според суеверните сфаќања - мал предмет со магиска сила, кој носи среќа, успех. Името сѐ кажува
Телефонско советување за проблематики од погореспоменатите ми делува крајно несериозно и некомплетно. Делот со бесплатно или xx за минута иако не е споменат, сепак . Набројани се толку сериозни проблематики за кој секој обид за вакво квази телефонско советување е според мене потценување на тежината на истите.
Мене искрено прво ме погоди зборот "Советодавен". Кога се работи за психа, советување никогаш не е добредојден метод. Јас реков веќе дека сум волонтирала на стани кај што те тренираат за "active listening", значи освен да слушаш и да му покажеш емпатија према човекот - ти, како индивидуа која е поврзана само мрежно со него, едиствениот совет што смееш да му го дадеш е да се обрати на вистински психолог, доколку почувствуваш дека таа личност има вистински проблем. Совет од анонимна личност која седи зад телефон, упатен на личност која што има вистински проблем може да биде нешто многу сериозно. Па крими и хорор филмови има со проблематиката...
Телефонско советување во итни ситуации и инстантно????? Ќе ги зедам првиве две само како пример, советување за релации и односи меѓу паровите. Како тоа они го замислуваат. Ќе се испокараат двајца, не си праат муабет, ама ќе седнат во таков итен момент на кауч, ќе го свртат бројот, ќе уклучат микрофонот за да слушаат и ќе почнат он вака рече, она вака направи... Или пак не дај боже едниот ако пакува куфери, другиот со телефонот и оператор он лајн да трча позади него и да му вика да остане. Снешно е, стварно. Колку подоле се оди на листата станува и трагично.
А зошто по телефон? Мислам дека многу подобро би било кога човек ќе отиде и ќе разговара лично со стручното лице. А ова толкувачи на сонови и астролози многу некако...несериозно ми изгледа наспрема дадениве категории. партнерски релации, советување на парови, проблеми со самодоверба, стрес и справување со стрес, анксиозни состојби, панични напади, надминување на страв од јавен настап, работа во тим/ тимови, и разрешување на конфликти, проблеми и надминување на предизвици од секојдневното живеење, персонален (личен) развој на поединецот со цел да почне да живее поавтентично, мотивациони сесии, различни емотивни, когнитивни и бихејвиорални состојби.
Мене ова искрено ми личи на старине огласи у М Експрес и Оглсник М за јасновидци и гледачи на тарот карти. Не знам дали е поише жалосно или смешно што некој мисли дека работи како панични напади, анксиозност, различни емотивни, когнитивни и бихејвиорални состојби можат да се решат со телефонски повик. Да не спомнувам што вакви озбилни ствари се ставени во ист кош со астрологија. По мене, основачите на сервисов треба кривично да се гонат за нелиценцирано практикување на медицина, наместо да се радуваме што вакво нешто ќе се отвори во Македонија.
Жими се , у нашава држава највише се исплати да си просјак, бајач, астролог, да гледаш на грав... Кој ви е крив кога сте се зезнале, па сте се запишале на факултет.
А зошто да не!? Мислам дека не е лошо да се има и ваков вид на центар за делење совети, за давање рамо за плачење или едноставно, да ги ислуша оние многубројни срамежливи луѓе кои немаат пријатели, немаат особи на кои би можеле да си ги искажаат своите проблеми, кои незнаат од каде да појдат. Убаво, немам ништо против а времето ке покаже
@m.i.s 5. Реклама и самопромоција Не го користете форумот за реклама или самопромоција. Забрането е испраќање на мислења и лични пораки што рекламираат сајтови, фирми, организации, акции, продукти, услуги и сл. Ако постои рационална и оправдана причина да ве промовираме или пак ако сакате да поддржиме или спонзорираме некоја ваша иницијатива, контактирајте со некој од членовите на модераторскиот тим. Искрено, никогаш не ми засметало кога некој нешто рекламирал, да бидеме реални го има тоа по форумов, али кога ќе прочитам реклама у темине за бајачки, па и оваа тука, каде се зимаат јаки пари на туѓа несреќа со лажење и замајување, чао - пријатно. Побарајте на Гугл, не постои една единствена информација за глупоства, значи или членкава која е најактивна по темине за вработување и нуди работа, опипува терен, или пак си прави бесплатна реклама за нешто во кое не сака да вложи ни денар за веб сајт, или пак време за да направи страна на Фејс. Ајт.
Незнам зошто сте толку против во сите држави има ваква линија, за стресни ситуации, сигурна сум дека многу ќе поможат. Крајно време е и кај нас да се воведи. Ама МАКЕДОНЦИ се знае само кукаат, а ако се вметне нешто ново плукаат. Не мора да се јавувате замисли . А акоо ги лажат луѓето на нивна совест нека биди.
А кажа некој дали ќе биди со пари? Во секој случај ништо не се 50 денари ако стварно ти поможат и многу мајтапи ќе има осеќам
По минута Па поевтино ќе и биде на вистински психолог да отидеш Еве феминката знае, нека каже колку ќе се наплаќа Тешко дека ќе биде без пари. Кој астроог работи за џабе, па тие воопшто и не постојат за нешто друго освен за пари земање?