Советодавен Услужен Центар - Талисман

Дискусија во 'Канта' започната од m.i.s, 25 август 2017.

?

Дали би ви помогнал ваков сервис за полесно решавање на ваш проблем?

  1. Да

    5 глас(а)
    27,8%
  2. Не

    7 глас(а)
    38,9%
  3. Немам дефинирано мислење на темава

    6 глас(а)
    33,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    318
    Девојки ви носам многу убави вести. Нешто ново во нашата државичка и корисно за сите нас. Наскоро е отварањето на новиот Советодавен Услужен Центар - Талисман во Македонија. На телефонски линии ќе има пристап до Дипломирани психолози, Социолози, Толкувачи на сонови, Астролози, со повеќегодишно искуство во нивното работење. Сите знаеме дека денешниот начин на живот е многу комплициран, а решавањето на проблемите се потешко.
    Проблематики кои ќе се третираат :
    • партнерски релации,
    • советување на парови,
    • проблеми со самодоверба,
    • стрес и справување со стрес,
    • анксиозни состојби,
    • панични напади,
    • надминување на страв од јавен настап,
    • работа во тим/ тимови, и разрешување на конфликти,
    • проблеми и надминување на предизвици од секојдневното живеење,
    • персонален (личен) развој на поединецот со цел да почне да живее поавтентично,
    • мотивациони сесии,
    • различни емотивни, когнитивни и бихејвиорални состојби.
    Сето ова ќе го добиете дискретно, ќе можете да ги прашате стручните лица без срам и ќе си ги решите вашите проблеми.
    Дали ја подржувате идејата? Дали сметате дека ни недостасува вакво нешто?
    Лично јас сум многу надежна и едвај го чекам стартувањето на сервисот кој најверојатно ќе започне од 15 септември.
     
    На biGirl, baba Rada, Anacid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    56.800
    Аууууу гадно, дипломирани психолози и астролози на иста линија? Психологијата за псевдонаука ја сметаат?
    Доволно прочитав :x
     
    На Cinderfakinrella, Lilit, corapce и 6 други им се допаѓа ова.
  3. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    318
    Корисниците ќе се јавуваат на ист број, но секoја категорија е посебна. Ако избира прсихолог, му се јавува психолог, ако избере астролог, тогаш астролог. На линијата ќе се приклучат и ќе можат да се слушнат и правни совети и решавање на правни прашања, што ниту малку не е сродна професија со психологија. Замислата е да им се помага и да им се даваат совети на луѓето во итни ситуации, инстантно, а секој поединец си го бира начинот. :)
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    56.800
    Јас никогаш не би се јавила, баш затоа што се ставени психологија и астрологија на иста линија. Би имала чувство дека се работи за парапсихологија или само начин да се извлечат пари од луѓето, а не психологија која е научно подржана. Исто и толкувањето на сонови, по соновник ќе се иде? Тешко дека некој ќе ти прави психоанализи на соновите преку ограничено долг разговор по телефон. И на крај, цена? 50 ден + ДДВ?
    А фино пуштив оглас дека правам магии, сигурно поевтино ќе поминат :wasntme:
     
    На Lilit, Gosh, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.971
    Допаѓања:
    147.937
    Пол:
    Женски
    Уште една глупост?!
    Гласав со не инаку..

    Дипломирани психолози, Социолози, Толкувачи на сонови, Астролози...
    Боже чувај ме...
    За само 45ден мин плус ддв?

    Зошо наместо отварање на вакви телефонски чуда, не направите кампања дека е подобро да се оди на психолог, лично а не по телефон...па макар и да им удрите реклама на тие психолози

    Едит...
    Ова со цениве во исто време со Ангелка..:D значи исто мислиме...:lol:
     
    На Cinderfakinrella, Justicija, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.914
    Допаѓања:
    162.081
    Пол:
    Женски
    талисман
    мн. талисмани
    Вид збор: Именка, машки род
    Според суеверните сфаќања - мал предмет со магиска сила, кој носи среќа, успех.

    Името сѐ кажува :) :drunk:
     
    На Cinderfakinrella, Lilit, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.834
    Допаѓања:
    236.066
    Телефонско советување за проблематики од погореспоменатите ми делува крајно несериозно и некомплетно. Делот со бесплатно или xx за минута иако не е споменат, сепак (n).

    Набројани се толку сериозни проблематики за кој секој обид за вакво квази телефонско советување е според мене потценување на тежината на истите.
     
    На Bender Rodriguez, augustd, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    56.800
    Мене искрено прво ме погоди зборот "Советодавен". Кога се работи за психа, советување никогаш не е добредојден метод. Јас реков веќе дека сум волонтирала на стани кај што те тренираат за "active listening", значи освен да слушаш и да му покажеш емпатија према човекот - ти, како индивидуа која е поврзана само мрежно со него, едиствениот совет што смееш да му го дадеш е да се обрати на вистински психолог, доколку почувствуваш дека таа личност има вистински проблем. Совет од анонимна личност која седи зад телефон, упатен на личност која што има вистински проблем може да биде нешто многу сериозно. Па крими и хорор филмови има со проблематиката...
     
    На Bender Rodriguez, Dust, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.834
    Допаѓања:
    236.066
    Телефонско советување во итни ситуации и инстантно?????
    Ќе ги зедам првиве две само како пример, советување за релации и односи меѓу паровите.

    Како тоа они го замислуваат. Ќе се испокараат двајца, не си праат муабет, ама ќе седнат во таков итен момент на кауч, ќе го свртат бројот, ќе уклучат микрофонот за да слушаат и ќе почнат он вака рече, она вака направи...
    Или пак не дај боже едниот ако пакува куфери, другиот со телефонот и оператор он лајн да трча позади него и да му вика да остане.
    Снешно е, стварно. Колку подоле се оди на листата станува и трагично.
     
    На Tan4ence, Bender Rodriguez, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.952
    Допаѓања:
    55.799
    Пол:
    Женски
    А зошто по телефон? Мислам дека многу подобро би било кога човек ќе отиде и ќе разговара лично со стручното лице. А ова толкувачи на сонови и астролози многу некако...несериозно ми изгледа наспрема дадениве категории.
    • партнерски релации,
    • советување на парови,
    • проблеми со самодоверба,
    • стрес и справување со стрес,
    • анксиозни состојби,
    • панични напади,
    • надминување на страв од јавен настап,
    • работа во тим/ тимови, и разрешување на конфликти,
    • проблеми и надминување на предизвици од секојдневното живеење,
    • персонален (личен) развој на поединецот со цел да почне да живее поавтентично,
    • мотивациони сесии,
    • различни емотивни, когнитивни и бихејвиорални состојби.
     
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.758
    Пол:
    Машки
    Мене ова искрено ми личи на старине огласи у М Експрес и Оглсник М за јасновидци и гледачи на тарот карти. :D

    Не знам дали е поише жалосно или смешно што некој мисли дека работи како панични напади, анксиозност, различни емотивни, когнитивни и бихејвиорални состојби можат да се решат со телефонски повик. Да не спомнувам што вакви озбилни ствари се ставени во ист кош со астрологија.

    По мене, основачите на сервисов треба кривично да се гонат за нелиценцирано практикување на медицина, наместо да се радуваме што вакво нешто ќе се отвори во Македонија.
     
    На mira.mira, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    26.122
    Жими се , у нашава држава највише се исплати да си просјак, бајач, астролог, да гледаш на грав...
    Кој ви е крив кога сте се зезнале, па сте се запишале на факултет.:|
     
    На Tan4ence, Dust, Оленка* и 4 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски
    А зошто да не!?
    Мислам дека не е лошо да се има и ваков вид на центар за делење совети, за давање рамо за плачење или едноставно, да ги ислуша оние многубројни срамежливи луѓе кои немаат пријатели, немаат особи на кои би можеле да си ги искажаат своите проблеми, кои незнаат од каде да појдат.

    Убаво, немам ништо против:):) а времето ке покаже:)
     
  14. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    4.126
    Допаѓања:
    15.786
    Пол:
    Женски
    Мислам треба да се отвори психијатриска болница за сите политичари
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    26.122
    @m.i.s

    5. Реклама и самопромоција

    1. Не го користете форумот за реклама или самопромоција. Забрането е испраќање на мислења и лични пораки што рекламираат сајтови, фирми, организации, акции, продукти, услуги и сл. Ако постои рационална и оправдана причина да ве промовираме или пак ако сакате да поддржиме или спонзорираме некоја ваша иницијатива, контактирајте со некој од членовите на модераторскиот тим.

    Искрено, никогаш не ми засметало кога некој нешто рекламирал, да бидеме реални го има тоа по форумов, али кога ќе прочитам реклама у темине за бајачки, па и оваа тука, каде се зимаат јаки пари на туѓа несреќа со лажење и замајување, чао - пријатно.

    Побарајте на Гугл, не постои една единствена информација за глупоства, значи или членкава која е најактивна по темине за вработување и нуди работа, опипува терен, или пак си прави бесплатна реклама за нешто во кое не сака да вложи ни денар за веб сајт, или пак време за да направи страна на Фејс.

    Ајт.
     
    На cresa-jagoda, Dust, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.255
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто сте толку против во сите држави има ваква линија, за стресни ситуации, сигурна сум дека многу ќе поможат. Крајно време е и кај нас да се воведи.
    Ама МАКЕДОНЦИ се знае само кукаат, а ако се вметне нешто ново плукаат. |(
    Не мора да се јавувате замисли :o.
    А акоо ги лажат луѓето на нивна совест нека биди.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    56.800
    Бесплатна :!:
    И таа линија не е со астролози и парапсихолози :rofl:
     
    На Gosh, Someonespecial и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.255
    Пол:
    Женски
    А кажа некој дали ќе биди со пари? Во секој случај ништо не се 50 денари ако стварно ти поможат и многу мајтапи ќе има осеќам 8-|
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    56.800
    По минута :!: Па поевтино ќе и биде на вистински психолог да отидеш :D
    Еве феминката знае, нека каже колку ќе се наплаќа :wasntme:
    Тешко дека ќе биде без пари. Кој астроог работи за џабе, па тие воопшто и не постојат за нешто друго освен за пари земање?
     
    На Someonespecial, Dust и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.971
    Допаѓања:
    147.937
    Пол:
    Женски
    Затоа што не негираше досега...
     
    На cresa-jagoda и DAngel им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.