Daj Boze da e taka. Fala za idejata.. Благодарам референтка . Да опасни времиња се. Он е добар човек нема лоша душа, ама ете умее да тресне некои думи што ме . Поздрав Фала Кримсон за советот. Поздрав Валерин, па знаејки се менеЧ наредбен стил беше. И он се бранеше..како ке ме падеш од дома..јас му велам паке идеш у друга соба и ТВ ке погледаш итн итн.Сепак мислам,на моја 40 годишна вораст да дискутирам со вего за нешто што само по себе си е јасно, ми е чудно. На него да му дојдат другари, па јас сама ке излезам..што барам во машка бања.. Дечкото не е во странство. И он е успешен на македонски простор во полето што го работи..ама ете, за социјални правила мислам му треба малце по едукација.. Фала за одговорорт , позз Почитувана toogood благодарам за вашиот балансиран одговор. Фала чште еднаш што посочивте оти ке има се..и навистина има се..и плачка и смешка..и кавги и тоа многу...Поздрав АХ добра идеја Енназ, другиарките ке го изрешетираат со прашања...па он сам ке се мајнеше...ама ете...кавга се створи и тоа голема. За свекорот..ужас..стари луге...леле незнам како јас би реагирала... би го натерала кафе да нис вари со сигурност... Ах Bridget јас сум ти презафатен тип да мислам една недела пред тоа...за ова треба време. Немам јас време, и премногу окупирана. А и на 21 век, мегу 40 год да се тумачи тоа некако ми изледаше излишно, се додека не се стврои кавгата. Јас онака наредбено си кажав да излезе..он отиде на бурна фаза..па на плак..па на кавги... Кога пишав на форумот мислев е разлика во култури, но испага до човекот си е...поздрав и фала.
Драга Јустијана, велиш дека три години сте задно, не е малку тоа, ме знсм колку од тоа живеете заедно, но веројатно и тој има свои машки пријатели, не се случило дпсегс тој да има таква машка посета? Како се понашаш ти во такви ситуации?? И за сите логично е кога има најава од толку жени самипт да си се тргне ем за да ви даде вам простор ем за самиот да се спаси, па шо ќе пра и тој со толку жени пред се??? Мада и до човекот е, не знам. Јас од мои 18 години живеам со сегашниот маж, тпгаш ми беше дечко, станот беше негов и уште тогаш кога ќе ми дојдеше другарка макар и една на кафе тој сам ќе си излезеше или ако не беше во можност ќе си се повлечеше на компјутер и сл. И јас исто кога негови другари ќе дојделе а не можев да излезам, ќе се поздравев, и ги оставав си одев во другата соба... А овој твој случај кога после толку време се среќаваш со другарки,можеби пред да ги поканиш кај тебе си требала да се консултираш со партнерот во кој ден и термин би му одговарало да ти отстапи простор за тоа дружење.. можеби твојот став го навредил?
Ние во Македонија сме толку назадни и немаме социјални правила. Мажите си прават што сакаат и не тепаат кога сакаат. Друштво не смееме да викнеме, само ако е тој присутен да надгледува. Мажите во странство се толку културни, добри, паметни... кај нив нема насилници, тепачи... сите се цивилизирани, образовани, да ти е кејф маж да имаш!!! Нашиве овде се сите без осет, некултурни и мизерни. Ви се чудам што фаќате дечковци македонци, фатете си таму културни странци да ве види Господ!!! Добро, доста беше иронија.... сериозно??? Така ли ве учат во странство, со стереотипи да се служите? Не е до тоа дека е македонец.... таков ти е човекот. Знам дека ти е полесно да си речеш дека не е до него, до културата е... ама НЕ Е!!! И нашите македонци мажи знаат цивилизирано да разговараат со нас без да ни се закануваат со тепачки.... тие другите што не знаат... се такви оти се такви, не оти се македонци.
@jacqueline.s го напиша ВИСТИНСКОТО!!! Од она што го прочитав во некои од постовите погоре го помислив истото што и ти!!! Луѓево што си отишле од МК се „уфилмале“ дека живеат на МАРС, и дека во МК се е простачко и назадно!!! Жалосно за нив што напуштајки ја родната земја целосно се промениле, станале „фини“ и се дружат само со „паметни“ луѓе!!! Овде во МК само некултурни и примитивни луѓе останале!!! Точно е дека во МК е тешко да се живее од политички и финансиски поглед, но да се напаѓаат сваќањата на луѓето и да се опишуваат како заостанати простаци, НЕ ДОЗВОЛУВАМ!!! Убедена сум дека кај нас луѓето се далеку поцивилизирани и пообразувани од поголемиот дел на „странци“ секаде низ светот!!! Тоа дека има и по некој „топук“ што не и дава на жената да се дружи со пријателките не значи дека мажите ни се „сељаци“!!! Мислам дека секаде низ светот може да се најдат такви мажи!!! @Justijana како можеш да живееш со ваков човек??? Чим направил проблем за вака обична работа, можам само да замислам како ќе се однесува ако сакаш со тие исти другарки да отидеш во ноќен клуб или пак на некое патување!!!
Насловот и суштината на темава немаат допирна точка ама ајде тоа не е битно туку битно е дека ти си имаш работа со многу чуден човек. Искрено пази се од таков тип....од ништо прави нешто...
Па триј ти од нос со тој запад како таму ружи цветаат и сите се културни интелектуалци додека ние македонците сме неандреталци симнати од планина и чуди се после зашто немаш заеднички јазик со него.Ми делуваш на оние типови луѓе што по некој сплет на околности имале можност да заминат надвор од државава и готово станале буржоазија со западни манири а ние тука сме затуцаните што живеат во турско.Никој несмее да ти се заканува со физичко насилство ама па ни ти не треба да омаловажувсш,потценуваш и вреѓаш некого ради потеклото особено ако тој некој ти е животен сопатник.Некако многу брзо заборавате од каков тањир сте јаделе штом ги преминете границиве на земјава.
Кај ги наоѓате бре маживе што со вас дремат, не знам. Еве, ако јас се собирам со колеги од работа (значи само колеги), дм не наоѓа за сходно и тој да седи, иако има и мажи во друштво. Исто и јас, немам потреба баш да седам со негови пријател(к)и кои мене не ми се толку блиски, ама они си се дружат. А тек пак да соберам само жени, нема да можам да го намолам да остане и да сакам, џенем ќе фати еден саат порано.
Јас со bby не живеам заедно, ама ете строга линија - тој се бери кај другарите, сем на бегање да поминам ако ми се јави дека и тој ќе бега, не ни одам. Или пак кога ќе му речам дека ќе идат другарки кај мене знај дека таа вечер не сум достапна за др. Ако тие ти се само тебе пријатели, тогаш не сфаќам зошто тој воопшто би сакал да биди во тоа друштво. За начинот на кој ти се „испонашал“ е тоа што претходно го имаа кажано, можеби го мислел на мајтап, но ако тој свесно иди во женско друштво, па можеби и не го мислел така. Седни со него и разговарај, значи не се карај, не му наредувај, објасни му со добро. Можеби има логично објаснување и сл.
@RainBow ај погледни од кое странство е 40 годишнава госпоѓа, не за друго, да знаеме како да ја советуваме по некоја златна средина на социјалните разлики.
Ја не можам да разберам како една една војвотка се замара со послугата. Мислам озбилно ние овде во странство ( каде во Зимбабве?) вака така културни, цивилизирани, вие тамо никакви. Добро де жена од 40 год не знае со кого живее ( ова живеењево е на две недели во годината?), па бара ссовети за глупи раб на форум. Сериозно? Или сакаше да ссе пофалиш демек си успеала по белиот свет? Искрено јас и не гледам некој успех кај тебе, освен што замараш со детски работи. Сељак е овој твојов не е до македонштината. Па и насловов на темава врска и нема со проблемот. Икрено мислев се работи за поклон за одење на гости, или пак за гости со немирни деца. Види принцезо, мм е Мекедонец ( сељак де од Гостивар), па никогаш ни во најлошиот ден не ми рекол збор од типот дека сум за ќотек или пак да седи намерно во фотеља со дигната нога додека јас сум со другарки. Сељак што да прајш, не го видел белиот свет, ама па појше осет има од тебе ( не од дт). Е бога ми го разбирам твојот зошто така ти е понаша и го оправдувам, зошто сигурна сум дека на секое му спомнуваш за тоа твое странство и нели заедно со тоа буржоаска крв. Кога веке нас успеа во секој пост по неколку пати тоа да ни го споменеш, кој знае колку пати нему му го лупаш од нос. Се си е по заслуга, па за тоа така и ти прави. Јас да сум ке си го чепкам носот пред гостите за инат. Ми текнува кога ја веревме снајка ми, беше дојдена една нејзина братучедка од странство( Италија). Толку многу кажуваше како е тамо, се трескаше од земја мислиш оваа некое заебано инженериште е. Па ни држеше предавања, за да на крај каже дека работи втора смена во ресторан ( мие садови и чисти по куќи) и дека заминала пред 4-5 месеци. Таа сиротата бел ден немала виденно од арбајтен по цели денови на две работи, ама битно и беше нас сељачиштата да не понижи, дур се укопа сама. Ај ми се згади. Што ја отворив темава, што се зезнав.
Извини вака @Justijana но, знаеш колку не има нас Македонците што сме излезени од државата пред 5, 10 и над 10 години?! Па фала богу живи, здрави, прави, одговорни и пред се сеуште настроени кон она нашето и кон нашите луѓе сме и ќе останеме да бидеме! Мислам, ти ова сериозно прашуваш како било во Македонија во тој поглед?! Не, не верувам сестро дека си заборавила на Македонија, туку си заборавила на вистинските вредности како што е човечката особина, па си дошла да се истакнуваш овде како си паметна и бизнис - пословна жена, да ти подзавидеме малку а? Што викаш? Wоооw, кутрите ние значи. Не значи дека ако си 20 години надвор од Македонија си заборавила како живеат таму, а притоа доаѓаш на Македонски форум и прашуваш прашања на тинејџерска возраст ти лично и персонално возрасна - пословна -жена. Самиот наслов покажува всушност многу јасна слика за тебе, незнам дали партнерот е Македонец или странец но тоа и најмалку има врска во вашиот "проблем". Седни како возрасна и кажи му да се засрами од таквите постапки, тоа имам да кажам.
Шо зборите бе, ја едвај чекам да си најдам некој за да го претепам ако викне другари дома. Дека од Македонија сум, така ме учеа од дома.
Драга Јустијана, сметам дека треба да се запрашаш какви се ,,нормалните,, правила а не социјалните. А тие се дека ако убаво си му пришла со договор, а он не се согласил, слободно нека си седи со вас. Ако ти пречи неговото присуство, слободно можете да седнете негде на кафе. Исто така во овој случај треба да се запрашаш за тоа што бараш со него кога ти се заканува со тепање, а не како да се збереш со другарките.
Нема што да бара он да слуша секакви женски муабети на крај краева може некоја од другарките ќе сака да сподели битни моменти од животот а што е должен и дечкото да знае а уствари не е ни негова работа да знае или пак ќе сака некоја и да се пожали што е нормално кај долгогодишните пријателства да си ја олесни душичката