Здраво.Дали можи некој да ми кажи во која програма се пиши Cv ми треба да аплицирам за работа.Ако можи помош
Они кои немаат почнато да работи како за прв пат, они кои незнаат англиски или германски јазик, они кои немаат факултет .. Тогаш како ќе изгледа Cv освен име и презиме, датум, адреса и средно школо, слика...? Idk
Во образование напиши ги додипломските, доколку имаш обуки, семинари, конференции каде што си присуствувала се‘ што имаш напиши си. Отвори Europass модел и следи ги чекорите, додај или избриши секции
Може ли примери за дигитални вештини? Не знам шо се спаѓа во тоа и ги напишав само неколкуте програми кои знам да ги работам, но нешто можеби сум испуштила.
Зависи што сертификати се, во принцип коректно е да си бидат во оригинал. Освен ако таму каде што аплицираш не е изричито назначено во каква форма ќе биде биографијата, не мора толку строго да биде напишана, битно е да бидат точни, прецизни и најкратки информациите во неа.
Типс енд трикс за сите кои прашуваат. Цв може и во ворд и во пдф да се сочува, јас практикувам пдф затоа што ми е попрегледно. Еуропас (освен ако не е точно дефинирано во апликацијата) мислам дека е надминато, многу е долго и слабо прегледно. Средно образование, освен ако не е битно/или плус за конкретната позиција е исто така непотребно, најчесто се пишува последното или највисокото стекнато звање. Ако сте почетници тогаш чисто за да се пополни страница во ред е да се напише. Што ќе ставите во цв зависи и за која позиција аплицирате, во ред е нешто да се изостави ако сметате дека е вишок информација. Не мислете дека сите работодавачи се воодушевуваат од десет страници биографија, што пократко, попрегледно и попрецизно, тоа подобро. Иако е многу во мода, мене лично како читач на сивија ми пречат оние ептен визуелно шарени украсени, ко инфографици, со триста бои, напорни се за читање. Секако ако таква ви е струката (графички дизајн или слично) тогаш си е таман и таква форма. Слика, исто ако не стои во апликацијата, јас лично не ставам, исто важи и за адреса на живеење. Најсигурно ми е така, зашто не знам кој све ќе има пристап до тие податоци и како ќе бидат чувани. Се надевам нешто од ова ви е од помош.
Девојки дали има некаде готов темплејт за CV да го симнам и пополнам? На Македонски. Не е работава на готово дека сакам, ама стварно не знам да направам ..