Сѐ што е во биографијата треба да биде на македонски, називи на институции, звање, дипломи и слично, без разлика каде се стекнати. Курс по јазик, курс по програмирање (тој и тој), освен ако не се работи за нешто ептен специфично за што нема еквивалент во нашиот јазик.
Чисто едно информативно прашање онака. Оние семинари, предавања, проекти, обуки што сме ги посетувале и имаме доказ сертификат за присуство, ислушана обука итн. дали имаат некаква важност во пишување на CV? И дали имаат одреден рок на траење или пак не? Пример си одел во средно и на факултет, имаш повеќе, после факултет сакаш да аплицираш за работа дали и тие од средно што ти се поврзани со струката исто би важеле или само тие што ти се понови? И дали уствари ги гледаат овие работи, важни ли се? Ме интересира зошто имам одено на доста вакви работи, па дали ќе имам нешто од тоа корист у иднина кога би аплицирала за работа?
Зависи од фирмата, но во суштина би требало да гледаш да ги поврзеш со позицијата за која аплицираш. Ако имаш повеќе/многу такви, не ги реди сите, ризикуваш да пренатрупаш и да излезе сиви од сто страни. Само тие што ти се релевантни за позицијата. Ако немаш многу работно искуство и имаш простор во сиви, прво смести ги тие што ти се битни за позицијата, па тие што ти се битни за твојата струка, ако има некои кои не се совпаѓаат. Се надевам ме разбра
Според мене и препорачливо е. Посебно за студент кој нема работно искуство, што е нормално. Подобро да ги напишиш отколку да имаш празно CV. Добро е да се види дека не си седела напразно дома, дека си работела со луѓе, под притисок, авторитет, си стекнала меки вештини. Ако имаш многу тогаш пишувај ги само оние кои се важни за позицијата.
Завршив факултет и подготвувам CV за работа. Немам воопшто работно искуство во таа област, само други неповрзани работи. Дали да ги наведам во cv то ? Бидејќи ми е глупо тие се бош работи сезонски студентски и во странство?
Наведи што си работела таму, кои ти биле задачите. Го вреднуваат тоа при изборот. И обавезно среди си го Линктин профилот.
Има добри темплејти на Word. И како некоја што чита CVа секој ден би ти препорачала едноставно, чисто, со кратки реченици и да не е подолго од две страни.
Дали сертификатите за одредено ниво на познавање на некој јазик ги пишувате во делот едукација или директно се пишува нивото во табелата за слушање, читање.. кај соодветниот јазик? И дали можам во табелата на други јазици, освен тие за коишто имам сертификат, да напишам и јазик кој го немам изучувано, значи немам сертификат, но прилично го владеам (од серии хаха)?
Зависи каде ќе аплицираш со таа биографија. Ако ти е чисто да си праќаш ваму-таму по фирми за да бараш работа, можеш едноставно да си го напишеш сама без да користиш Еупас, со две секции, едукација и работно искуство без непотребни табели и оцени. Ако ти е потребно конкретно баш во тој формат, тогаш во делот за јазик исполни си ја табелата. Мој совет: Не пишувај јазик кој не го познаваш навистина или пишувај ги оние за кои имаш барем покритие (формално ило неформално си ги учела, на курс, на училиште). Зашто сум се изнагледала српски/хрватски/босански/црногорски, па дури и кпмбинации италијански/шпански и после кога сакаш три реда муабет да свртиш, непотребно се јадат срамови. Биди си искрена, најлесно ќе ти биде тебе. Затоа што и фирма и факултет имаат право да спроведат тестирање за јазик, дури и писмено.
Колку што знам интереси се пишуваат ако немаш искуство, колку да држат место. Искрено многу ми се кринџ иако знам дека можат да послужат како ice breaker. Совет, дали да пишувам интереси или не? Колку ќе згреши човек ако напиши или не напиши? И дали има некоја финта како да изгледаат пософистицирано?
На Canva имаш трилион веќе подготвени форми, можеш да препишеш од таму. Зависи од професијата искрено и во каква фирма сакаш да аплицираш, ама на пример ако аплицирам за пм или по или преведувач (лупам) секако интереси како книги, театар и слично не делува како губење време. Според мене сепак е подобро да пробаш да набилдаш со вештини, односно скилс. Значи ако знае добро ексел, пауерпоинт, google sheets, некоја платформа која е специфична за твоето поле на интерес, стави го секако. И јас така се чудев што корист има од пауерпоинт или гуглслајдс и после кога почнав да откривам што све може да се направи и колку се комплексни како алатки, сега сѐ си учам и сѐ си рачунам како вештина. За интересите, не е кринџ, барем мене не ми е, сега ти кажувам од аспект на некој што читал доста цв-ја, ама тешко е да се најде вистинската врска меѓу она што е битно и она што може да биде вишок. Одужив малку, ама прво набилдај вештините, макар ворд да е, ако добро знаеш да го работиш, не го потценувај тоа и цени си го како вештина.
Исто мислење имам, многу ми е бедно тоа интереси, хоби и персонални вештини каде што лупаш глупости колку да не биде штуро: читање книги, возење велосипед, гледање филмови, одговорност, амбициозност а-у леле леле. Јас го мислев истото, ај нешто поуникатно ќе набутам, некој јазик или па интерес кој ретко кој друг го има во државава за да на крај искочи никој не се ни замарал да ми го чита CVто после првите 3 реда али претпоставувам зависи од професијата, некој ти бара плус вештини некој ти бара само искуство некој да поседуваш дозвола итн. Мој совет најважно (покрај искуството доколку го имаш секако) е да го направиш во ПДФ, потоа напиши го образованието и лиценца/дозвола, другото пуни со некои глупости колку да фаќаат место али да изгледа/биде веродостојно и убаво на око.
Ако аплицираш во модерна, fancy фирма, може да ги напишеш Ако аплицираш на пример во Стопанска комора, џабе ќе ги ставиш
Како да праам цв за у продавница? Што да пишам? Која сум, колку год иам, кај сум завршила средно, контакт број и толку? Се става слика од себе си? Оние од матура од табло? Да се јавувам на бројчето што да кажам? Се јавувам за огласот за работа или?
Javi se. Ke ti kazat ako mora CV. Ama za prodavacka mora CV samo po pogolemite marketi od tipot vero tineks i ostali. Ako imas brojce javi se. Ko ke se javis ke ima kazis deka baras rabota kako prodavacka i ke ti kazat sho ponatamu. Srekno.
Прво тргни од тоа дали ќе аплицираш на оглас или некаде само си видела залепен оглас/бројче. Ако аплицираш/одговараш на оглас, тогаш ќе прикачиш цв, од лични податоци јас никогаш не пишувам адреса на живеење и не накачувам слика, особено ако не ми е позната фирмата, така што име презиме мејл и телефонски број се сосема доволно податоци, и нормално град на живеење. Ако се јавуваш директно во продавницата, ќе се претставиш со име и ќе кажеш дека си го видела/прочитала огласот за работа тамуитаму, се јавуваш затоа што си заинтересирана и те интересираат условите, и ќе си прашаш дали сакаат да се видите и дали да си подготвиш евентуално цв. Така отприлика.
Итно ми треба совет и помош околу пишување на CV за работа во казино. Прв пат во живот ќе пишувам CV. Ќе биде кратко Cvто, не сакам да пишувам непотребни информации. Не сум сигурна што треба да пишува. Како да го започнам(Добар ден, Почитувани ви пишувам...????) И ова за личниве податоци(име, презиме, адреса на живеење и бројче), како да ги напишам? Во иста реченица ли треба да бидат? Пример: Се викам.... мојот бр.за контакт е xxx?? Ќе може ли некој да ми пише краток пример за CV? Да имам претстава како да го напишам своето. Освен лични податоци и образование шти друго треба да има? Ќе го пишувам преку мобилен, која програма да ја симнам за да напишам CV?
Не знаев кај да пишам ај овде Темплејт за CV може ли да ми прати некој? на интернет се наплаќаат повеќето