1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совет за CV

Дискусија во 'Барање работа' започната од karamelka, 6 декември 2010.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    1. За првотот, треба да напишеш кон што целиш те ако е за на факс ЦВ-то зошто сакаш баш таму да учиш тука можеш да наведиш дека си истражувала и си наишла на добри препораки за факултетот, дека нуди баш таква програма за понатамошно образование каква што сакаш ти и дека имаш кфалификации за тоа. Ако е за работа, пишуваш зошто би сакала да работиш, како би можела да придонесиш за ннапредок на фирмата итн.
    2.Може, а во повеќето случаи мора да има. Ако се аплицираш за факс, треба да наведиш минимум два контакт броја кои ќе го потврдат она што си го напишала успех, јазици, ако е за на работа препораки од претходни работодавци, а ако немаж ќе си напишеш none.
    3. Тука стоијат дипломи, проекти, награди, пофалници те дека твоите вештини ќе и бидат од полза на фирмата каде аплицираш.
    4.Вештини, а во некои случаи и хобија бараат. Можеш да наведиш дека си на пр комуникативна(ако таква е работата) лесно соработуваш, си за тимска работа, толерантна, пунктуелна и сл адјектви кои те одликуваат.
    Се надевам опфатив се ѓто праша, а ако имаш понатамошни дилеми слободно прашај.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Помош....јас прв пат ќе праќам CV преку маил....т.е првпат воопшто во живото мој :)
    и ме интересира како иде сеа тоа со сликата, еден атачмен во маилот е сивито, а друг сликата? :D може е смешно, ама ич не ми е јасно. А може и немора слика, м?
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сликата е во сивито- ако ти е правено според европскиот шаблон, имаш простор за да ставиш слика, вака да праќаш слика посебно, според мене е навистина глупо.
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.920
    Допаѓања:
    26.144
    се запознав пред некое време со девојка која работи како head hunter , односно бара луѓе за одредена позиција во фирма, и најчесто се работи за супер позиции. Она гледа ЦВа секој ден, и баш ја прашував што е важно за неа. Ми рече дека најмногу се гледаат овластувањата на работното место кое си го имал претходно и секако сликата. И се случило, да добие ЦВа со слики од девојки во бикини :^) :lol: со напрчени усти и слика од цело тело што никако не е дозволиво..
    И да, речиси секое име го проверува на гоогле :worried:
     
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    еве да се надоврзам на постот на кукличка, и за мене е најбитно добриот опис на работното место а за сликите што да ви причам сум добивала и цели слики посебно од цв то нели де, па со напрчени усни, па позирање на ограда итн, искрено им удрив сеир на таквите и секогаш кога има такви слики во цв то нема ништо.

    јас би ви советувала пред се да ви биде убаво средено, да не е ради реда, работното искуство или образованието е најбитно затоа убаво подредете го хронолошки(од најблиското до најдалечното раб искуство) и со добар но краток опис на функцијата односно на обврските што сте ги имале.

    што се однесува на јазиците јас лично и мн други што имам сретнато не вади од контакт онаа табела со А1.Б2 ИТН значи не сите знаат што значи а најмалку се има време или воља да се бара што значи тоа. се знае со еден збор се објаснува нивото на познавање на јазикот. целта на едно цв е да се претставите себе на најкраток но најјасен можен начин.

    и сметам (само јас лично) дека оној дел кај личните карактеристики, као добра чесна точна бла бла бла е чиста глупост и служи за потолнување на место, јас и мојот директор никогаш не го читаме тоа, тие работи се гледаат во интервјуто и баш не се некој доказ дека вие навистина сте такви.

    поздрав и со среќа па ако можам да помогнам на друг начин би било со задоволство
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас имам уште едно прашање, вака...

    Немам никакво работно искуство, скоро дипломирав, а сигурно нема да пишам во работно искуство дека сум работела во Старбакс или слично и знам да варам добро кафе (мада за почетник е огромен плус :D ). Си праќам ЦВ сега за озбилни работи.....
    Значи во делот за искуство, дали е подобро да рипнам тој дел, да остане празен или да пишам дека немам искуство ама имам желба да стекнам бла бла и такви ствари?
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Мене делот ми е работно искуство и обуки.
    Имаш одено на некои обуки? Тие пополнуваат место :D
    И може ако сакаш да напишеш пример - 5 месечна студентска работа во Америка.
    Добро тоа од една страна, знаат дека си живеел во Америка и си комуницирал на англиски што е позитивно. :)
    А нема потреба од конкретизирање што сте работеле, знаат не сте биле асистент на Трамп :)

    Јас го дополнував цв-то и додадов и слика во делот со лични податоци.
    А и да глупости се оние лични карактеристики зашто се препишани без везе, ама па и мора да стојат, тоа е ЦВ и јас да ги читам овие биографии нема тој дел да го читам.
    А ај тие карактеристики, него колку само мразам мотивационо писмо тоа е чудо |(
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.920
    Допаѓања:
    26.144
    А дали мислите дека ЦВ то на Еуропас е непрегледно? Бидејки имам чувство дека е преголемо, а колку и да кратиш, излегува минимум 2 страни, што е многу за ЦВ. :worried:

    За лични интереси хит е сега - фотографија :D Сите се одлични фотографи :D
     
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Кукличка 2 страни не е многу за CV. 2 страни секако излегуваат со оглед на тоа дека мораш да внесеш лични податоци, образование, работно искуство (проекти некои), лични вештини и 2 страни секако излегуваат, така да не се многу не се секирај.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Јас да ве прашам за совет во врска со пријава за студентска практика.

    Треба да одговорам на прашања Кои се вашите очекувања од студентската практика и Со кое знаење би сакале да се стекнете.
    Прашањава ми се речиси идентични, праксата е во врска со маркетинг, менаџмент, ПР.
    Се мислев дали меѓу другото да наведам стекнување работна навика, ама да не си речат оваа неспособна :D
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Зошто бре да помислат така, баш е ок и на место.
    Добро, можеш да го преформулираш, да речеме очекуваш лично усовршување (во зависност од областа или полето за кое аплицираш), развивање на сопствените вештини итн.
    А знаење кои би сакале да ги стекнете - практична примена, а не само теоретско знаење од областа на маркетингот и ПР, развивање и подобрување на комуникациските вештини, разни симулациони техники за проценка и анализа... итн, некој што повеќе се разбира во маркетинг може да помогне.
    Ова моево е лаички.
    :D

    Во контекст на муабетот за сликата во CV , не ми се верува дека некој праќа со напрчени усни или слики во бикини. :x
    Јас и другарка ми бевме дури специјално да си се сликаме за таа намена, исто како за виза кога се сликаш, бела позадина и пристојно облечени.
    Што нема по светов. . . :^)

    Јас праќам кратко мотивационо писмо секогаш.
    Во него е наведено накратко целокупното мое образование и раб. искуство, што нудам и што очекувам од работата.
    Половина страничка е, кратко и јасно.
    Истото го имам и на англиски, и важно е да е кратко, јасно, разбирливо и да нема ниту една грешка.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Девојки, јас сакам да ве прашам како го праќате CVто- дали во pdf формат, или како word документ?

    Јас ја имам европската форма на сиви, и снимано во рdf изгледа многу подобро, ама слушнав дека било подобро да се испаѓа во word бидејќи pdf фајловите некаде не ги отварало, и испаѓа дека џабе сме пратиле сиви.

    Какво е вашето искуство?
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Јас до сега секогаш сум испраќала во .pdf форма зашто истата не може да се менува и некако попрофесионално ми изгледа. Поголема е веројатноста да не можат да отворат Word документ заради тоа што многу фирми користат Office 2003 и истиот не отвара документи снимени во понова верзија.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    ^ Сеси, многу е попрофесионално во пдф да испратиш документ. ПДФ е стандард. Прво, за да го прочита работодавецот, потребен му е само Адоуб ридер. Доколку праќаш ворд докуметнт, може да пратиш документ креиран во различна верзија од онаа која ја има работодавецот, па оттука несоодветен формат и неможност да го прочита. Пример ти си го креирала во Офис 2010, а тој користи Офис 2007 и ете ти проблем. Така да, баш напротив, поедноставно за избегнување на ваквите проблеми е користењето на пдф фајлови. А покрај тоа има толку многу онлајн пдф ридери... Апсолутно не е никаков проблем, само треба работодавецот да има малку информатичка писменост.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Фала ви девојки, и јас тоа го мислев, ама видов некои огласи каде што беше нагласено да се прати во ворд инаку нема да биде разгледувано, па малку се замислив.
    Ќе продолжам да си праќам во pdf :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Па и во Word 2007-2010 верзиите, ја имате опцијата Save as Word 2003, и документот ќе е компатибилен со кој било Word, односно Office пакет.

    Јас секогаш го употребувам тоа и сум немала проблем.

    Ама не е лоша идеја да биде сивито и во pdf фајл, иако верувајте голем дел од шефчињата немаат инсталирано Adobe reader.
    А некои немаат ни поим што е.
    Не, не е зафрканција, вистина е.
    :(
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    И без да е зачуван документот како ворд 2003 овој ќе го отвори ама прво ќе го конвертира, така да исто е. Јас обично CV правам во ворд документ а и обично така бараат во огласите за работа, така да нема некоја разлика во поглед на поголема професионалност на едните или другите.
     
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Абеја ако нема Word 2007 или понова верзија нема да може да го конвертира ниту пак да го отвори, а од искуство знам дека ретки се тие што умеат добро да се снајдат.

    Јас сметам дека покомпатибилно е во PDF од причина што никој не може да менува внатре ништо и документот секогаш останува ист, без разлика дали тој што го отвара има понова или постара верзија на Adobe или има/нема македонска поддршка на компјутерот.
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Па јес да сум хакер, :rofl: , ама и аматер може да се снајде, многу пати документ правен во офис 2007 сум го отварала на овој на работа 2003 што ми е само го конвертира сам.
    Е што може да ти смени работодавецот, да ти стави тело од манекенка ? :D се зезам, ама ти си имаш мејл како си го пратила, на интервјуто пак си носиш cv. Исти
    курац
    :D
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Ова го најдов на нет: (на некого сигурно ќе му биде од корист)


    Како треба да изгледа вашето CV?
    Ангела Костова Трпеска (T-mobile Македонија) e HR професионалец со огромно искуство во областа на менаџирање на човечкиот капитал и развој на тренинг програми за специфични потреби.

    Ќе имате можност да чуете за нејзиното искуство и совети за вас во рамките на конференцијата „Како да се вработите во мултинационална компанија“ во организација на Triple S Group.

    Ова се нејзините практични совети како треба да изгледа Вашето CV:

    Во овој дел ќе Ви дадам неколку успешни техники кои се однесуваат на изгледот на CV-то, а ќе Ви помогнат да го освоите потенцијалниот работодавец.

    Општо за изгледот
    На ниту една страница од CV-то не треба да стои целосниот назив „CURRICULUM VITAE“. Тој што го чита знае точно што е документот што го има пред себе. Наместо овој назив, многу е подобро првата работа што ќе ја напишете на горниот дел од листот да биде Вашето име, на средината на редот, со задебелени, големи букви.
    Адресата, телефонскиот број и електронската адреса ставете ги под името со помали и не задебелени букви. Овие податоци може да бидат на средина на редот, исто како и името, или да ги ставите порамнети по левата маргина.
    Не користете потцртување, изгледа неубаво на страницата, а уште полошо кога документот ќе се фотокопира.
    CV-то испечате го еднострано. Двостраното печатење не ви го препорачувам бидејќи при копирање лесно може да се заборави да се ископира задната страна на страницата. За печатење на CV-то одберете хартија со добар квалитет во бела боја или некоја многу бледа жолта, односно кремаста хартија. Печатете го CV-то само на ласерски печатач! Ако дома немате таков, обратете се кај некој пријател или одете во интернет кафе.
    Во CV-то треба да има само текст. Никакви слики, цртани ликови и слично, не се дозволени. Дозволено е само да ставите Ваша фотографија во формат како за личен документ, и тоа само ако во огласот за работа е наведено дека се бара фотографија.
    За испраќање на CV-то, користете плико во А4 формат, за да не го превиткувате. Ако го испраќате CV-то по електронски пат, напишете кратка порака во која го известувате примачот дека го испраќате своето CV и мотивационо писмо, а двата документи закачете ги како додаток на пораката, во PDF формат.

    Наслови
    Кога станува збор за насловите, најважно е тие да бидат напишани на ист начин низ целиот документ. Ако сте почнале со првиот наслов со задебелени букви во големина 12, секој нареден наслов треба исто така да биде со задебелени букви во големина 12. Една од можните шеми е:

    Име: големина на букви 20, задебелени, тип на букви Mac Helv
    Главни делови (работно искуство, образование, обуки, способности): големина на букви 14, задебелени, тип на букви Mac Helv
    Поднаслови (на пример поделба п области на задолженија во делот работно искуство): големина на букви 12, задебелени, тип на букви Mac Helv
    Текст: големина на букви 10 или 11, незадебелени, тип на букви Mac C Times
    Празно место

    Оставете барем еден празен ред по секој наслов. Премногу збиениот текст на страницата може да го збуни читателот или, уште полошо, да му се создаде одбивност и тој да не го прочита CV-то бидејќи му е тешко да ги пронајде потребните информации. Препорачливо е на двете страни, лево и десно, да се остават маргини од најмалку 1 см, а најмногу 2,5 см.

    Тип на букви
    Типот на букви мора да биде ист низ целиот документ, односно може да користите најмногу два типа на букви, на пример, еден тип за насловите, а друг за текстот. Не се препорачува користење на „забавни, весели, разиграни“ типови на букви бидејќи CV-то е професионален документ, а не сликовница или покана за роденденска забава. Од македонските типови на букви користете Mac C Times, Mac Helv и Mac C Swiss. Ако пишувате CV на англиски тогаш користете Arial или Times New Roman.

    Точки (Bullet Points)
    Точките најтопло Ви ги препорачувам бидејќи со нив се добива на прегледност во документот, информациите лесно се читаат и можеме веднаш да го најдеме она што ни треба. Сепак, не претерувајте со премногу и прекратки информации поделени во многу точки; доколку е неопходно да наведете повеќе покуси информации, групирајте ги во една реченица и таа нека биде една точка.

    Изворно
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.