Мислам дека малку од малку примеров ќе ти помогне. Најгоре од лево или десно прикачуваш твоја слика,а на средина пишуваш со големи букви CV. Потоа одоздола лични податоди (Име,Презиме,Дата на раѓање,адреса на живеење,телефон,маил...) Под тоа образование : (Основно,средно,факултет...) Под тоа лични особини(Комуникативна,одговорна,тимска работа,позитивна...),учество во проекти (се мисли на пракса,волонтирање,работа во странство),моментална позиција (студент,вработен,невработен...),познавање на јазици,итн. Сите овие стапки што ти ги набројав под образовие ги редиш една под друга.(Се надевам малку од малку ти помогнав) Можеш да го направиш во Word ili Pdf format . Еве ти и слика да видип одприлика како изгледа ! Поздрав
CV Templates на Гугл и решен проблем, шемата ја имаш пополнуваш свои податоци, слика, искуства и сл. и тоа што е на англиски ќе го преведиш на македонски (Name - Име; Surname-Презиме; ...) а мислам дека имаи луѓе кои изработуваат CV-ја меѓутоа не знам за сигурно.
Девојки исто така (не знам дали некој го има споменато тоа во темава) но многу е важна и вашата E-mail адреса!!! Адресите како: macence-src@yahoo.com cmok4e@hotmail.com се многу несериозни! Ако имате ваква Е-mail адреса под итно да отворите нова. Новата нека го содржи само вашето име и презиме и ништо повеќе!!! При елиминации, со сигурност отпаѓаат сите оние со несериозни E-mail адреси.
Јас нешто си го средував CVто и со годиниве сум станала перфекционист, и сакам да се консулирам за нешто. Што пишувате кај националост? Р. Македонија или македонско или македонка??? За ова и кога пополнуваме на факултет оние семестралнине листови кај сите колеги различно гледам стои, кое е првилно сега? Јас до сега не сум прикачувала слика, па и не знам која да ја ставам, ќе мора специјално да се сликам за ова, ми се смее една другарка ама немам соодветна слика каде сум апла во анфас со неоклештена фаца. Се мислам да ја ставам од апсолвентско табло, ама таму сум со капа и наметка, ептен ко судика изгледам, озбилно... Ако не ставам слика ќе биде некоја катастрофална грешка или? Го користам формуларот на еуропасс што ги имаше постирано Ливинг на прва страна и ми го пофалија дека ми е ептен прегледно.
Конкретно во моето CV кај националности е напишано македонка.Кога сме веќе кај прикачувањето слика јас ја имам ставено сликата од апсолвенстко табло (зошто да не).Слика мораш да имаш на твоето CV. Неколку коментари погоре имам поставено пример за CV...
Имам јас веќе стокмено CV ама треба од време на време да се суредува, дополнува и менува, барем јас така знам, така да веќе имам темплејд за CV од еuropass. Сега за сега ќе ја прикачам таа слика, за во иднина ќе мора да барам посодветна, некако пресериозно и повоздразно изгледам на таа слика од табло. Штом мора,ма да мене ми е толку глупаво што мора, работава не е конкурс за мисс. Башка сликите со 300 кила фотошоп, но нејсе ајде ќе прикачам.
Зависи дали europass форматот го пополнуваш на македонски или на англиски, т.е. за кого ти е наменета биографијата. Во англискиот формат nationality се однесува на државјанство, па јас тука би пишала Р. Македонија. Ако праќаш на странски фирми, етничката припадност не им е важна, во оригиналниот формулар целта им е да го видат државјанството на кандидатот. На семестралните листови се пишува националност, т.е. етничка припадност, поради квотите за етничките заедници на факултетите. Фотографијата главно се става за комисијата полесно да се сети на интервуираните кандидати пред интервјуата, што е особено важно кога има повеќе кандидати. Јас ретко кога сум ставила фотографија, па никој никогаш не ми замерил за тоа.
Јас сум спремна имам и на англиски и на македонски, конкретно македонското го суредувам па се мислам дали да си пишам Р. Македонија, зашто обични секогаш кај држвајнство/националост така пишувам и јас. Ма да не верувам дека некој за тоа би се фатил ама реков нешто сум се повампирила секој детл го анализирам не знам што ми е. Ќе пишам македонка, вајда најпогодено е.
Ми треба совет. Испратив ЦВ во една фирма и сега испадна дека сум требала да пратам и скенирана лична карта. Прв пат слушам за ова, а не ме ни викнале на интервју. Сте слушнале за вакво нешто? Безбедно е? Сепак има доверливи лични податоци
Луѓе немојте да ми се смеете ама прв пат аплицирам за работа и прв пат ќе пишувам CV па сакам да ве прашам за сликата, треба компјутерски да вметнам слика или мала фотографија да ја дадам?????
При аплицирање доволно е да вметнеш слика во CV-то и да го испечатиш ако ги испраќаш документите по пошта. Ако не е посебно назначено, немој да испраќаш слика. Дури и некои компании не сакаат фотографии за подоцна да не бидат обвинети за било каква дискриминација
Да, во сите препораки и tips за CV сум прoчитала дека сите лиценци и сертификати се ставаат во Едукација. На крај после факултетското образование напиши ја заедно со годината кога си ја положила/добила. Супер ако ја имаш и скенирано, па може и да ја вметнеш дополнително, или пак остај сами да ти ја побараат ако им треба Ако имаш повеќе, можеш да си додадеш посебен дел обуки и сертификати-мене сите сертификати од семинари и обуки ми стојат во посебен дел, додуша немам уште работно искуство, па ова ми е главен адут заедно со волонтирање и пракси, да не ми стој празен тој дел, ова значително пополнува место
Hipster , да те прашам ти CV , правеше преку Europass ? И ако си го правела преку тоа , кажи ми што пиша во делот за EQF , кој левел треба се пише ?