Не е лоша сезонава, ама многу фалат вакви моменти како горе наведениов. И новава епизода беше океј, ама немаше нешто пресмешно. Спојлер Башка малку клише ова со блиската средба со смртта.
Почна новата сезона. Јас си ги обожавам и се‘ уште ми се интересни. Башка дел од ликовите им добиваат некоја нова димензија. Интересна ми е Алекс да ја гледам заљубена Гледаше ли некој? Спојлер: Tumblr
каде да ја најдам без вируси ја најдов на две страни ама некако ми се отвараат цело време нови страници со вируси
Ги читав првите мислења, колку сум ја сакала серијава. Сега можам да кажам дека сум среќна што ќе заврши со следната сезона, веќе стана... Патетична. од хумор ни х нема, се изгуби магијата сосема.
Се вадат на стара слава. Затоа е поарно што помалку сезони да имаат серииве. Ама пуста паричка, слатка е.
Спојлер Ама последнава епизода беше една од подобрите, се изненадив. Ми се допадна како ги испреплетоа приказните за родендените, а особено кога Мич и Кам ги претставија бебињата, cuteness overload. Следната сезона ми се чини предвидлива доста дека ќе биде, ама и среќа последна ќе е.
Најде? Беше на еден торент финалето, не на два. Си заврши и оваа серија. Спојлер Стана веќе досадна и сите моменти некако веќе видени, ама си ја задржа топлината. Жал ми беше на крај што ги разделија, мислам дека требаше да си останат заедно бидејќи така си тераа цело време.
Испадна дека двата дела биле споени во еден на торентот На апликацијата ми ги даваше вака, затоа се збунив. Инаку, едвај чекав да заврши. Не сакав да ја баталам бидејќи сепак изгледав 10 сезони. Порано едвај чекав нова епизода и сезона бидејќи имаа добри фори, секој лик беше доста специфичен и полека созреваа. Последнава сезона ми беше мех. Веќе излитени шеги, некои дури се повторуваа, многу неоригинално. Одолговлекуваа за да се соберат повеќе епизоди и сè се случи во последната епизода. Иако целата сезона беше како збогубање, последниот Тенксгивинг, последниот Халовин, Крисмас и се тоа, можеа да се потрудат да биде посмешно. Убава серија, но на крај не ми беше многу жал што заврши
Не знам за вас ама јас се шокирав кога видов колку е порасната ќерката на Cam и Mitchell. Кога помина времево???
Ја гледам серијава моментално и на 5та сезона сум, просто предобра е. Не можам да се натерам да престанам да гледам и не знам зошто ја одложував толку време. Сега ја најдов темава и ве читам дека последната сезона е слаба и баш ми стана криво. Не дека не очекував да клапнат некогаш, предолга е, премногу сезони има и се надевам дека нема да ми се смачи па да ја баталам, најмногу мразам недогледани серии.