Фалеееа дефинитивно! Таман кога помислив првата епизода дека е прејака, втората беше уште посмешна, а тоа и ми се допаѓа, немаат потфлување, секоја наредна епизода е боље и боље. Моменти имаше премногу но најак ми беше со Глорија и Фил како статисти Па вади телефонот божем збори, па се шминка божемски а Фил се расплаче
Се навлеков на нова дрога, наречена Modern Family! И убаво ми е, се смеам како луда! Што обично баш и не е во мој стил, кога се зборува за серии од тој тип. Подобра од Пријатели,дефинитивно. Тотално ме освои. Со нетрпение чекам да гледам пак. Од сезона во сезона, се' подобри! Спојлер Ах,проклети обрвски. http://www.youtube.com/watch?v=AO2cxA5QBts
Ја симнав првата сезона, и.... заспав. Изгледав 4 епизоди, онака, ради реда. Мене не ми е ништо посебно. И ја избришав целата сезона, оти се изнервирав. А не гледав сама, и не е да речеш дека само на мене не ми се допаднала... Туку добив коментар: - Де, па ти... од толку серии, ова ли најде... Некако со излитени „фори“ ми е... веќе видено. А да терам до 10та со сила, за да дојдам до „смешното“, баш и не ми иде... Ништо, одам во потрага по некоја друга.
Ми се допаѓа серијата , јак хумор и не ми е досадно после 4 мин .... Али сепак решив да ја гледам поради овој глумец , тука има друго име ама за мене ќе си е Al Bundy .... многу остарел лелееееееееле А топ 3 ми се Фил , Gay couple и Глориа
Mи го кревате притискот кога ќе кажете дека серијава не ви е смешна т.е посебно дека има излитени фори. Серијава има се само не е излитен хумор и застарени шеги. Денска две другаки ми ја искажаа горе доле истово, па кога го прочитав коментарот од Елена дојде до кулминација во мене. И како и судите на серија по само 2 или 3 изгледани епизоди? Како на книга не и се суди по корица така и на серија по само 2 или 2 изгледани епизоди. Прифаќам различни каратери и вкусови, и од повеќе ми е јасно дека на сите не може да им биде смешна серијава колку што ми е мене и на неколкумина од тука, ама да кажете дека ХИМЈМ е посмешна дефинитвно не можам да продолжам да коментирам. Башка Модерн не е ситком, мокјументари е, различни стиллови на комедија се тоа, затоа и е посебна и поинтересна, поуниктна од другите лесни глупави серии.
Hipster, различни луѓе, различни вкусови. Ако за тебе серијата е број еден, за некому не е. Нема зошто да ти е чудно и да ти се крева притисокот. Еве и јас не сум љубител на серии комедии, од причина што ретко која да ме насмее. Искрено Волтер од Fringe ме смееше повеќе отколку што се смеев на 2 Broke Girls. Оваа серија ја немам гледано, ама планирам да ја почнам, па после би дала коментар, дали е смешна или не. Реков, тврда сум на комедии, особено не го сакам американскиот хумор. Не ми е воопшто смешен, дури на моменти патетичен, затоа и ваквите серии и филмови ги одбегнувам. Сега ме стави ептен во тесно, еве барам торенти за Модерен Фемили, па најбрзо што можам ти пишам коментар. За Хоумленд те послушав и беше во право. Да видам ова што серија е .
Јуле тоа сум јас сериоманиак, и тоа е болеста и маната Лоши последици. Шала на страна, јасно дека не може на секој да му биде број еден, не ни очекувам тоа, не го ни реков, ама си изгледал 3 епизоди и викаш не чини, понесмешна серија не сум гледала, а ХИМЈМ им е смеша Елементарно непознавање и нехумористичност. Има некои работи кои не се ставаат на кантар. Не сум експерт, во ни една смисла ама за да ударам некоја асална издржана критика пред тоа морам да видам убаво пред да зборам. Ви викам дека имам некоја болест со серииве ама не ми верувате И главниот проблем е што луѓево сакаат комедии, тоа е проблемот и тука ме нервираат. Да не се разбереме погрешно, нормално е дека ќе има некој кој ќе ја исхејта дека е ваква и дека е таква, ама да се праиме екперти со 3 изгледани епизоди не може, јас тоа не признавам. А тебе ти кажав, гледај прво па после ќе дискутираме, дали ти се допаѓа или не Не се ставаат во иста реченица со 2 броук гирлс, мое мислење. Башка комедија е, нема тука потреба за не знам какво тумачење или аналирање и барање влакно во јајце, пушташ и се опушташ со хуморот. Но да 100 луѓе сто карактери, јасно ми е дека ќе се најде на некој кој не му се допаѓа, очигледно е дека имало доста такви.
Те сфаќам, и јас бев ваква кога некој ќе ми исхејташе омилен филм или серија, абе се карав дури . Знаеш колку боли, мислам знаеш нели, ама сфтаив дека не им се докажува. Серијата. ти реков дека ќе ја почнам, и ќе ти пишам најреален и најискрен коментар од еден филмоман и сериоман, ама да и да не ми се допадне тоа е пред се заради жарнот. Ама ај прво да ја почнав. Истото го мислев и за Хоумленд, видов Ирак, војни, ама сеа неможам да спијам, ме копка бре .
Спојлер Последниот поздрав на жената на Лари, гајди и Дилан гробарот. Само Кам го може тоа! Од претходната епизода :
Јас не се расправам ако некој ми рече нешто за серијава, мене едноставно ми е врв. Тебе ако не ти се свиѓа твоја загуба е, нема што да се убедуваме. Спојлер Леле Фил кога и рече на Клер, за очајните жени, ааа значи закон е. Не можам гифови да најдам. Децава ама пораснаа, Лук е целиот измутиран, Алекс исто, порасна и се разви ептен. Само Хејли си е истата. И на Мени гласот му е измутиран. Едвај ја чекам свадбата.
Добро бе само мене ли не ми е смешна? До толку ли имам извртена смисла за хумор . Гледав неколку епизоди на Фокс и стварно не ме импресионираше, претпоставувам почетните епизоди беа тоа. Очекував многу повеќе, од пофалбите на темата. Изгледа до мене е.
^^^ Истото и јас го помислив. Толку многу пофалби изначитав, си реков, од оваа мора да паднеш од столче. Плус тоа има доста висока оцена на ИМДБ. Иначе да, изгледав само 4 епизоди, и не ми се допаѓаше воопшто. Јас пак не сметам дека треба да ја изгледам цела сезона, за да кажам дека не ми се допаѓа. Според мене нема потреба да гледам нешто, со сила. За мене е и премногу да изгледам 4 епизоди, за некоја серија што не ми е интересна. Цело време предвидував што ќе се случи. Еве сега оваа ќе влезе, еве овој ќе го удри, овој ќе му се извини. Некако многу предвидлива ми беше. Дури на почетокот ми беше снимката иста како Paranormal Activity. Залудно барав подобра снимка. Инаку, знам дека наведовте само како пример, ама јас не сум голем фан на ХИМЈМ. Ја гледав само колку да ми помине време, на Фокс Лајф. Ама сега, искрено попрво неа би ја гледала, отколку Современо Семејство. Единствен да речеме интересен лик, ми беше таа што врти на шпански. За вкусови се работи. Исто како што ќе налетам на некој, што не му се допаѓа некоја серија што мене ми се допаѓа.
Јипи ќе ме умреш мене ти Елена твое си е тоа, али правиме муабет за еден критериум за давање на сеофатна анализа. Ваше право, колку и да мислам дека не држи вода, тоа е тоа. Епизодава и мене ми беше пресмешна, посебно Кам и Мич ми се хистерично смешни Спојлер Дилан бе, ми фали мене понекад, треба почесто да го има невeроватен е Tуку што е со постериве, да не се пребацуваат на УСА канал? T.e не само им ги откупуваат правата и на нивата пограма да ги емитуваат, не било префрлање, сега причитав.
Спојлер Лили бре: Quick, hide. Како ја отбаци сестрата на Кам: I'm fine. Фил: ...this monster recognizes faces, I saw that on documentary Кај им текна на Бијонс, на Кам омилената. Кам не може да побегне од себе, си го сакаме чувствителното мече. Ми го направија денот поубав.
И јас ја хејтав серијава само заради првата сезона, која според мене е најлоша до сега. Многу одамна имав пробано да ја гледам и ко што реков се разочарав, пред некое време кога досадата ме уби и дадов втора шанса ама си пуштив од 2 сезона и нормално мислењето ми се смени за 100%. Во моментов би ја ставила на исто рамниште со Биг Бенг теори кога беше најсмешна а тоа се почетните сезони, Фемили гај и ХИМЈМ исто првите сезони. Првата сезона им е разочарувачка и 0 во споредба со наредните.
Химната на епизодата http://www.youtube.com/watch?v=IdfZnWsps34 Спојлер Последната сцена претопла. Се очекуваше Фил да се распара уште од моментот кога го видов потпрен на скалите. Џеј и Клер дует снова. И повеќе сцени со Лили конечно, Глорија и пренела многу работи.
Мислам дека Елена е во право, за комедија, нема потреба да ја гледам со сила цела сезона само за да ми биде смешна како на другите што им е. Ако од старт не ме насмее, зошто да се форсирам? Ај да е драма или акција или трилер или што и да е, да почне дејствието, ама штом хуморот од старт не ти фати, нема потреба со сила да гледаш, само за да со сила ти се допадне Мене дури и ме нервираа тие епизоди што ги видов И нема потреба од толку нервоза, што треба јас на Supernatural наоружана да им влезам, зашто од прва сезона не им се свиѓало, или пак да го бомбардирам форумов зашто никој не ја гледа Sons of anarchy (освен Клер)