1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совршена (Verdades Secretas) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Cucueta, 25 септември 2017.

  1. Cucueta

    Cucueta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Не сретнав ваква тема па решив да отворам. Вечерва е премиерата на канал 5 во 11 часот, ми изгледа како добра серија па планирам да ја гледам дали има некоја што ќе ми прави друштво ?


    "Совршена" - приказна за модата и гламурот, сага за тајните игри и жалната исповед на девојките вовлечени во светот на проституцијата и дрогата.

    Oд понеделник најгледаната теленовела за 2016-та ќе ја гледаме на Канал 5 во 23 часот, а веќе во првата епизода специјално учество ќе има ангелот на Викторија Сикрет - преубавата Алесандра Амбросио. Во главната улога на бизнисменот Алекс се јавува Родриго Ломбарди, познат по главните улоги во "Индија" и "Илузионист", а тука е и омилениот Рејналдо Џанекини, јунакот од "Земја на надеж", "Семејни интриги" и "Страсти". Во продолжение запознајте се со интересната содржина на новиот бразилски хит - Совршена :



    [​IMG]


    Содржина :
    Слава, моќ и пари. Задоволство на телото. Пулсирачка страст. Интензивна бес. Заводливи ситуации кои можат да бидат измамени. Арлет е наивна млада девојка која од секогаш посакувала да стане топ-модел. По разводот на своите родители, таа се сели во Сао Паоло заедно со својата конзервативна мајка и баба.



    [​IMG]


    Амбициозната бизнисменка Фани е привлечена од убавината на Арлет и затоа ѝ нуди можност да работи во нејзината модна агенција. Во обид да го спаси своето семејство од финансиска криза, Арлет наоѓа шанса токму и да си го оствари својот сон на тој начин. Арлет со задоволство прифаќа и во новиот свет, таа добива целосна трансформација на изгледот, но и на името. Во светот на модата и гламурот, нашата хероина од сега ќе се вика Енџел. Но, во позадина на целиот тој сјај на модниот свет, парите, успехот и екстраваганцијата, се крие добро разработена шема на проституција од страна на опасната и неморална Фани, во чија мрежа ќе ја вплетка и Енџел. Десна рака на Фани е Антонио, нејзиниот бизнис партнер и љубовник кој ѝ помага во регрутација и заведување на девојки кои од успешни топ модели треба да станат елитни проститутки.



    [​IMG]


    На почетокот, Енџел не сака да биде дел од таа чудна приказна, но потоа е принудена да го стори тоа за да ги плати долговите на своето семејство. Нејзиниот прв состанок е со моќниот бизнисмен Алекс, кој веднаш станува опседнат со девојката која за него е совршена и онаа за која секогаш сонувал. Верувајќи дека љубовта на Алекс е вистинита, Енџел си дозволува да се вклучи во неговите заводнички игри и го крши најважното правило во проституцијата: никогаш да не се заљубиш во клиентот.



    [​IMG]


    Откако ќе сфати дека нејзината врска нема иднина, девојката решава да стави крај на тоа. Но, дури и откако ќе почне да се гледа со Гуи, внукот на Алекс, нејзиното срце се уште ќе чука за и само за Алекс. Но, човек кој ги користи своите пари за да добие сè што сака, нема да се смири за помалку. Алекс по секоја цена ја сака Енџел во неговиот живот и за да биде блиску до неа, ќе се ожени со Каролина, нејзината мајка.



    [​IMG]



    Каролина нема идеја за поврзаноста на Алекс со нејзината ќерка и токму тогаш започнуваат опасните замки на љубовниот триаголник. Мајка и ќерка стануваат жртви на страста кон истиот човек. Опсесијата ќе ги надмине границите кои ги поставува разумот, а за совршената девојка ќе има ли спас од темниот свет во кој навлезе? Од таа мафија нема да може туку така да се ослободи, затоа што нејзиниот живот е на цена, а нејзината љубов ќе ги надмине сите очекувња и задоволства кои и беа пружени.


    Улоги : Camila Queiroz (Енџел), Rodrigo Lombardi (Алекс), Drica Moraes (Каролина), Marieta Severo (Фани), Reynaldo Gianecchini (Тони)
     
    Последна измена: 25 септември 2017
    На Ekstaza и kuc им се допаѓа ова.
  2. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.313
    Пол:
    Женски
    Јас вчера ја чекав на Шител:headbang:, ајм соу дамб.(wtf)
    Од пон-пет се емитува?:mm:
     
    На parksey и Arthur им се допаѓа ова.
  3. Cucueta

    Cucueta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Да, многу е добра дефинитивно гледај ја
     
    На Miss.A. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Да не е синхронизирана случајно?
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не била синхронизирана :l: Вчерав не ја фатив од почеток епизодата на канал 5, па на јутјуб ги пуштив првите три епизоди. Ги изгледав во еден здив. Отсега ќе ја следам.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Се заљубив во серијава, преубава е, башка и омилена ми е. Можам да кажам дека е една од најубавите серии, убаво што дадоа ваква серија, некои делови од филмов се малце слични на 50 нијанси. Енџел е преубава девојка, ама алекс е уфф, прав маж, згодњак :D Да го грабнеш и да бегаш :D Едвај го чекам моментот вечерва кога конечно ке се запознат.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ја почнав ама на нет, не на тв. И зажалив. Не ми напрај кејф..
     
  8. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Не требаше алекс да се ожени со каролина
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Е кога се ожени ?
     
  10. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Вчера почнав да ја гледам серијата,ми се чини интересна.:D
     
  11. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Ке се ожени и нормално ке пишам не требаше :D
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.215
    Пол:
    Женски
    Некој да ми даде линк од страна со превод, било англиски, шпански, српски, небитно?
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми се допаѓа серијава, и песната на Масив Атак не сум ја слушнала од којзнае кога :l:
    Само вие што не следите на Канал 5, туку сте понапред со епизодите користете спојлери.
    Ме изнервира што манијакот се занесува и и ја кочи кариерата како модел на девојката.
     
    Последна измена: 1 октомври 2017
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Женски оти не почнува филмов вечерва? Почна некоја македонска?!
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Даваат реприза на онаа Фамилија Марковски што оди за викенди. А на сајтот им пишува дека моментално оди бразилскава (facepalm) Можеби ќе почне за едно пола саат.
     
    На kuc, Crna Dama и Justicija им се допаѓа ова.
  16. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    И јас сега баш тоа проверував. А реприза има од серијаваа или само во терминот ја даваат?
     
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    И јас ја чекам серијава да почне , веке помина 23:00.... :(
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Е многу се изнервирав сега стварно, за марковски серијата го прекинаа совршена, е не ми се верува бе. Глупости живи направија, убаво си почнуваше во 23h. Не, не убаво викам јас лугево премногу серии даваат, па после не знаат која да ја пуштат, од што ги има многу, и башка секогаш вака прават, ке дадат нова серија, и за уште една нова ја кратат па другата. Опрајте се канал 5. Патем знае некој дали ке го има вечерва филмот? Аман па со душа го чекав да почне
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Еве, почнува.
     
  20. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Од кога имаа секс првиот пат помислив дека е од љубов од страната на алекс, барем мене така ми делуваше, знам дека енџел имаше секс од љубов. Но не ми се допадна тоа што ја искористи баш на ваков начин. Да он ја купува, без разлика небитно, знам дека е филмот таков, но немаше потреба од тоа да и ги каже тие работи вечерва, јас те купувам, и јас ти давам пари, што воопшто не ми се допаднаа, и ако сакам највеке на крајот да бидат заедно, се надевам дека нема да ме разочара филмов на крајот. Како и да е, што и да се случи, пак ке го догледам до крај, затоа што го сакам многу филмот, и ако ми ствара малце паника, од тоа што ке се случи, и како ке се случи на крај....Нели каков и да е филмот без оглед, крајот секогаш те интересира каков ке биде...
     
    Последна измена: 4 октомври 2017