Точно дека има и турски серии доста убави, мада и ни фалеше една бразилска серија да ни пуштат, затоа што од многу одамна немаше ваква серија. Мене премногу ми е убава да ти кажам
Овде има динамика и константност во дејствието. Турците се тупаџии, плус ликовите не им се најдефинирани, и тоа за тие ретки турски кои се добри зборам.
Серијата е најдобрата што сум ја гледала до сега. Само нашиве ако не упропастат со реклами не ги бива заспивам на вторите реклами.
Алекс многу беше бесен, и нервозен кога ја виде џована дека се проституира, и рече дека имала све, дека ништо не и фалеше, и кука, и луксуз, и пари, зашто да биде проститутка. Но после се смирија, татко и ја врати картичката, и, и рече дека може да продолжи да работи ама како маникенка, а не во бук роса, и она посекако прифати.
Богами со ова политикава напнаа више. Ај уште денеска ке издржиме со нивните реклами, па од утре раат ке си го гледаме филмот
Стандардните реклами барем не траат толку, инаку за серијата сум изненадена што им текна малку промена да внесат во сите турски не дека не ги гледам и нив ама ова е непогрешлива серија.
Да, не траат, дали 2-3 ке дадат и толку. А иначе фалеше една ваква серија да дадат, доста беше со турските серии више. Јас ептен сум задоволна премногу убава серија е, и ако е бразилска. Што се вика човек да седне и да се изнагледа нешто асално.
Единствени Алекс ме иритира за ќерка му до срж го заболе што е проститутка а тој ги бара најмладите и невини. Незнам како ке се одвива серијата понатаму ама се надевам дека Арлет нема да остане на крај со Алекс.
Тоа е секогаш така за своето го боли, а за тугото баш му е гајле, мада кога ке видиш и кај нас е така, не само по серииве. Да точно и он спиеше со малолетна девојка која што може керка да му биде, ја понижуваше, купуваше, и секогаш знаеше како да ја навреди, ама ете правдата ке искочи на крај. Све ке се дознае. Па ај да не ти ја кажувам, како ке биде на крај, да не ме караат членките
Предизборен молк е денес. До утре во 19.00 нема политичко препукување А за турските серии што ме праша, ја гледам само последната сезона на O Hayat Benim, ама на нет, заради јазикот. Многу епизоди се, со долга минутажа и цело време се повторуваат исти ситуации, а инаку нуди потенцијал серијата. На ТВ не пратам ниту една, ретко се случило да ми фати некоја око, ама и да ми фатилa, кратат епизоди и синхронизираат Иначе, Алекс се секира дали Џована уште пуши марихуана, а таа којзнае шо нема земано досега. Шутрак И што сега, и вечер ќе даваат епизода? Менуваат програмска шема како ќе им текне? Се расправаа и ја удри, таа му рече дека никогаш не бил добар татко и дека ќе продолжи да се проституира оти е иста како него кој легнувал со многу жени После си плачеа секој сам, а он отиде кај психолог кој го советуваше да примени добар однос, па овој све и прости, и ги одблокира картичките, ја покачи алиментацијата за мајка и, ја поддржа Џована да стане модел и отиде да ургира кај Фани, само забрани ќерка му да се занимава со простутуција. Не знам дали не си ја гледала цела епизода, или само почетокот, ама нема везе, ти раскажав подетално.