http://www.g1novelas.org/ver/verdades-secretas/ Ги има на линков сите епизоди со добра резолуција,на youtube не можев да ги најдам вака.Ако ги најде некој со англиски превод нека прати,или ќе мора да се чека на Канал 5 . By the way...серијава е супер
Не, не ја силуваше, лажеше она, затоа што нели цела вечер остана кај алекс, и дечко и ја бараше, што ке му кажеше друго освен тоа дека ја сулувал алекс
Убава серија..после долго време има да се гледа нешто квалитетно.. И мислам дека серијава е доста реална у некој погледи... И да..има убави манекенкички. Останува само да уживаме во епизодите што престојат..
Па оваа се врати искината, освен ако самата не си ја уништила облеката. Ќе се види во наредните епизоди ако измислува. Мене не ме чуди да силувал, тој и досега праеше ненормални работи. Има некои утки во сценариото. Мајка и на Енџел знаеше каде е куќата на Џована, пошо ја испратила на забавата вечерта кога таа се успа таму со тој дечкото што му е роднина на Алекс, а не отиде да ја побара кога оваа цела ноќ не се врати дома Друго, девојкава стигнува и училиште и проституција и манекенство, а во модниот свет се доста строги и дисциплинирани, beauty sleep, вежбање и т.н., спартански режим. Е сега останува тоа агенцијата на Фани да е ептен безначајна, ама не е баш така, работат и добро платени настани, каталози, спомнаа дека јаки модели излегле од таму... Но, добра серија, во секој случај.
Што да прави кога нема друг избор да дојде до пари, за да и помогне на баба и. А и башка пре би пак да легне со алекс, него ли со тој старец гнасен... А јас не верувам дека алекс ја силуваше пријателка и, све мислам дека она сама си ја искина облеката, не ми изгледа на силувач, ама ке видиме, ке се дознае вистината.
Да не беше темава, воопшто немаше ни да помислам дека не се случило силување. Видовте и сами дека уште малку што не ја вовлече во автомобилот.
Да ама не го покажаа тоа дали ја силувал или не. Така да не знаеме дали ја силувал... Зошто тогаш не го пријавува во полиција ако ја силувал... Преостанува само да видиме дали е така или не...
По фацата нејзина заприметив баш дека лаже, мада реков заприметив, а баш ме интересира сега многу дали стварно ја силувал или не, и пак ке кажам дека не верувам...без оглед колку и да е покварен алекс со енџел, не ми изгледа на силувач.
Да и јас тоа викам, а тој секако и верува во све што му кажа. Мада мене ми беше интересна вечерва енџел како го провоцираше алек, мислам дека малце му беше ова
Одлична серија. Со задоволство ја следам. Со приказната на Енџел буквално сочувствувам, ја разбирам генерално, но ми е чудно како е толку стабилна и цврста на 16 години. Од каде она знае што е љубов и секс, па така сигурно да реагира и донесува цврсти ставови? Како да има 26 години, а не 16.
Сите и поверуваа на Лирис, не само дечко и. Добро, малце и сакав тој Алекс да испадне силувач, пошто ми е беден ликот. Наместо слободното време да го минува така што ќе ја воспитува ќерка му, тера романси и драми со нејзини врснички. Он треба да ја гледа Џована секој ден, не да оди кај неа кога ќе направи некоја глупост за да и се дере. Односот им е нула.
кога ќе дознае Џована со кој се плескаше синоќа...тогаш ќе му текне дека требало повеќе да и обрне внимание..ама бумеранг..тој со нејни врсници..таа со негов врсник..и плус тоа жиголо..
http://insertmovies.com/series/387714-verdades-secretas/seasons/1/episodes/1 овде ги има сите епизоди, но незнам како се пуштаат хаха