1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совршен кармин според хороскопскиот знак

Дискусија во 'Лице' започната од gami, 26 декември 2010.

  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Видете дали одговара на вашиот хороскопски знак карминот кој го користите? Дали навистина се совпаѓа со вашата боја на кармин или не?

    ОВЕН

    Карактеристики - позната како многу храбра жена, жената Овен е авантуристка, импулсивна и храбра, харизматична и самоуверена.

    Кармин - одберете силна, впечатлива боја како црвената, за да одговара на вашата природа.


    БИК

    Карактеристики - познати се како издржливи, вредни, стабилни и одлучни. Тие сакаат да го живеат животот со полна пареа.

    Кармин - нијанси на бојата на кожата со примеси на виолетова или розеникаво-виолетова.


    БЛИЗНАЦИ

    Карактеристики - овие дами се многу комуникативни и отворени. Паметни се и досетливи.

    Кармин - нијансите на праска совршено одговараат на вашата природа.


    РАК

    Карактеристики - Раковите ја обожаваат својата куќа, уживаат кога го поминуваат времето со пријателите и со семејството и многу се емотивни. Со овој знак владее Месечината, па така им се менува и расположението, од весели и забавни брзо се трансформираат во нерасположени и намуртени.

    Кармин - природни и неутрални нијанси со бојата на кожата се најдобри за вас.


    ЛАВ

    Карактеристики - сакаат да имаат сè под контрола. Уживаат кога се во центарот на вниманието и многу се друштвени.

    Кармин - розеникави нијанси.


    ДЕВИЦА

    Карактеристики - познати како перфекционисти, Девиците се многу организирани, вредни и по малку срамежливи.

    Кармин - светкави, проѕирни металик нијанси кои совршено одговараат на вашата грациозна природа.


    ВАГА

    Карактеристики - Вагите сакаат кога работите се одвиваат во хармонија. Тие сакаат луѓе, но мразат гужви. Многу се интелигенти, но истовремено и наивни.

    Кармин - романтични темно црвени нијанси, на границата помеѓу природна и црвена.


    ШКОРПИЈА

    Карактеристики - Шкорпиите се мистериозни, сексапилни, но и најстрашни од сите хороскопски знаци. Тие се одлучни, сериозни и сакаат да имаат контрола. Сакаат мистериозност и понекогаш се осветољубиви.

    Кармин - Нијанси на темно црвена, речиси на границата со кафена се софистицирани и совршени за вас.


    СТРЕЛЕЦ

    Карактеристики - Стрелците се весели, ведри и екстровертни личности кои сакаат луксуз. Понекогаш се нестрпливи и не им се допаѓа кога луѓето немаат доверба во нив.

    Кармин - Најдобар избор се нежно кафени нијанси на кармини и сјаеви.


    ЈАРЕЦ

    Карактеристики - Јарците се амбициозни, мотивирани и имаат натпреварувачки дух. Малку се егоистични и со желба да стигнат до врвот.

    Кармин - Пробајте розеникава.


    ВОДОЛИЈА

    Карактеристики - Водолијата е оптимистична и неконвенционална. Роденa е за пријателство и за неа љубовта и пријателството се неразделни.

    Кармин - смирувачки бои, неутрални нијанси на бојата на кожата се најдобри за вашата дарежлива природа.


    РИБИ

    Карактеристики - Рибите се дарежливи, внимателни и чувствителни. Многу се емотивни, креативни и имагинативни, а со сето тоа и мистериозни. Ги интересираат мистични работи и го чувствуваат подлабокото значење на животот.

    Кармин - потребна ви е силна боја за да ги избалансира вашите емоции и да ве зајакне.
     
    На Danilela, aleksin, sparkly и 5 други им се допаѓа ова.
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Гами од каде ги наоѓам овие? Супер се!
    Ова не ми се погоди, шкорпија сум во хороскоп ама не ми стои црвен кармин и сл, преферирам понежни боички :*
     
    На cresa-jagoda, Belieberka666 и gami им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.450
    РАК

    Карактеристики - Раковите ја обожаваат својата куќа, уживаат кога го поминуваат времето со пријателите и со семејството и многу се емотивни. Со овој знак владее Месечината, па така им се менува и расположението, од весели и забавни брзо се трансформираат во нерасположени и намуртени.

    Кармин - природни и неутрални нијанси со бојата на кожата се најдобри за вас.
    :shake: :shake: :shake: :shake: :shake: баш овие оч не ми стојат :lol:
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.805
    Абе... кај ми е постот? :^)
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.834
    Пол:
    Женски
    Хм... освен розе(цикламастично, не знам ни јас што нијанса е :D ) и црвен, немам друг пробано :wasntme:
    Би требало ете и праска карминче да си врткам по дома, за секој случај, кој знае.
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    481
    Па точно до негде сакам кафеавки кармини и сјаеви само да не бидат многу темни :D
     
  7. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Шкорпија сум и користам црвен и кафеав кармин. Во средно дури додавав црно моливче, за да биде уште потемна боја :makeup:
     
    На ivona-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    301
    Водолија,точно до сега нешто посилни бои од неутрални не сум ставила а и не верувам дека ќе ми стојат :)
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Аха точно е, само би додала и дека сакам некои неутрелни бои ;)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.169
    Допаѓања:
    194.225
    Пол:
    Женски

    Порано да, сега користам поцрвени нијанси... ама и тоа ретко. Преферирам сјај во последно време.
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    5.774
    Tочно е горе напишаното само јас воопшто не сакам силни бои. Сакам некои понежни и посветли, ама не многу. Некад ако ме дрмне некој период сум по дарк и поише сум по црната боја и металик боите. :D
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.850
    Пол:
    Женски
    Ракчињата ги згрешиле :D Користам еден само светол, се друго е потемно и се познава онака ачик :wasntme:
     
  13. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Ау има нешто во ова. За лавчињата поготово. :) Навистина ми преовладува розовото, имам само 1 црвен кармин кој само 1 го ставив, а сето останато е розевко-најповеќе, кремасто и безбојни сјајчиња. ;) :*
     
  14. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Па скоро 80% од она што го читам за мојот хороскопски знак се поклопува со реалната слика за мене,и да обожавам црвен кармин... :devil:
     
  15. Marence.D

    Marence.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Точно за лав. Розев кармин или розево сјајче ;)
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    5.950
    Допаѓања:
    85.145
    Пол:
    Женски
    За рак не е точно.
     
  17. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    223
    Погодиле за стрелец. :D
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.281
    Боооооооже се извинувам ама коооооооооолку глуп хороскоп.

    кармин + хороскопскиот знак = коњ + козметика

    Се знае кармин се бира по тенот пред се, косата, тоа што го носиш евентуално.
     
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.547
    Ама ти ко да не знаеш дека хороскопскиот знак го диктира и тенот, колку плачеш на турски серии и бојата на очите на твојата вистинска љубов. :D
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.941
    Пол:
    Женски
    рак сум
    ама само бојата на карминот ми ја погодија ;)