Мојот совршен викенд се состои од спиење до 11 часот ,цел ден гледање серии и филмови,превкусно капучино и чоколадо,слушање музика и сето ова во друштво на мачорот(а се надевам дека во иднина ќе имам дечко со кој ќе можам така да се опуштам).
Совршено поминат викенд у моите очи се состои првенствено од квалитетен сон. После дневна прошетка некоја во природа со љубовта моја , или дружба со семејството. На крајот од денот, релаксација со добар филм или книга.
Има пар работи што ги правам секој ден, во она слободно време што си го посветувам на себе си. Книга, серии, кантер, итн. Но има едно нешто што ми е најглавен филтер, а тоа е Градски парк. Ја имам среќата да живеам во близина, па можам во било кое време да отидам. Често ако сум под повеќе стрес, одам наутро доколку сум втора смена. Не чекам викенд. А за некое чудо, баш овој викенд после неколку месеци конечно ми беше слободен. И сабота и недела. Се' што ми причинува задоволство направив. Прво, се наспав. Второ, сабота ми беше ден за луѓе, а недела ден за себе. Односно, во саботата, денски бев на кафенце со другарките, а вечерта излегов со дечко ми. Во неделата денски бев сама во парк, стандардно шетав и слушав "Ear Biscuits" подкаст, ги изнаодев сите патеки, околу сите езерца. Пиев топло макијато со амарето. Остатокот од денот го поминав дома, ручек, бањање, маска на лице, некоја партија кантер, музика и книга. Во последно време, најмногу ме релаксира: масло во ламба, ќебе, книга, чај и чил музиче. Тоа ми е секојдневниот филтер. Само вчера имав време да го дуплирам. Во кратки црти, ако ја имам привилегијата да ми се слободни и сабота и недела, еден ден би го поминала во дружење со луѓе, а еден ден во дружење сама со себе. Не знам тебе што ти е кејф да правиш, ама јас би шетнала, би читала книга, би изгледала пар епизоди или филм, ви се тинтрала со козметики, би си готвела тоа што ми се јаде. Treat yo' self.
Совршен викенд? За мене во некој спа центар да се опуштам убаво зачинето со некоја вкусна храна Да си уживам и да си ги наполнам батериите за следната работна недела
edna planina da se osvoi, topol obrok, priguseno svetlo I dobra kniga, filmce,...… Sekoj vikend mi e specialen zosto ne rabotam nikakvi domakinski raboti
Совршен, овој период најверојатно би бил поминат со партнерка во некое од нашиве планински села, рурална идила, некоја викендичка, камин и времето да тече само и само за нас. Сепак, животот далеку ми е од совршен па идеален би бил доколку еден ден го поминам со друштво, дали било во природа, во некој ресторан во околината на градот или пак во некој соседен град. Вечерта може да се присуствува на некоја фина свирка на некој локален бенд или пак да се виси во парк уз гитара и пивце/винце. Неделата ќе ја посветам на семејството, топол домашен ручек подготвен од рацете на мајка ми, цела потесна фамилија собрана на маса, играње со внуката, многу љубов, смеа, дружба. Се разбира ќе си посветам време и на себе, серии, книги, филмови, фудбал, јутјуб. Ама тоа ми е повеќе рутина отколку нешто специјално и посебно.
Да знам, ама имало некоја територија на заговор дека преку вакцините наводно волците станувале автистични па не напаѓале...
Прво одам на аеробик,доаѓам дома следи долг туш,подмирувам и успивам дете и си ставам црвено вино Порано шетавме многу, тоа ни беше издувен вентил, ама сега со малото,работата,преуморна сум и мечтаам само за дома
Прошетка во природа со семејството и пријателите, со посета на манастир и ручек во некој добар ресторан.