1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сода бикарбона - примена во домаќинство

Дискусија во 'Дом' започната од sunfemina, 9 октомври 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Негде поодамна имав прочитано дека на Dr.Oetker била чиста ама не знам кај може да се најде, ќе барам и јас таква и се надевам дека негде има, па ако најдам ќе известам или некој ако знае нека посочи.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Чинам имав некаде прочитано, дека содата помага при отстранување на непријатните мириси во обувките.
    Ме интересира како се изведува тоа чудо, само ставам сода во обувката да отстои цела вечер да речеме и ја отстранувам, или ? :^)
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да баш така, содата ги впива непријатните миризби. Како што кажа ќе ставиш сода во обувките, нека отстои и после тоа истреси ја содата.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Јас ова го имам испробано ама на обратен начин :D . Иначе тенџерчето ми беше апла загорено :tmi: не прашувајте како :$
    ставив сода колку да се покрие цело дно, сосема малку вода за да се покрие малку содата и го ставив на плоча да се стопли, дур да зоврие, ќе почне да фаќа пена, го тргате настрана, нека постои малце и на рибање :D
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    По иницијатива на Моира го прашав роднината дали содата е на ,,црната листа,, и неговиот одговор беше ,,НЕ,,.
    Што прогуглав видов дека освен на Др. Еткер и Румфорд кои се без алуминиум и као ,,чисти соди,, други нема (а можеби има само не се рекламираат толку :) ). На Еткер ја има во Србија (ова од српски форуми) а оваа на Румфорд може и онлајн да се нарача. Една беше и смешна со лого ,,без глутен,, кај го најде глутенот во Натриум Хидроген Карбонат - NaHCO3.

    И во статијата за лекување на ракот со ,,чиста медицинска сода,, стои дека не смее подолго време да се конзумира, највеќе до 3 седмици.

    Како и да е, би ја користела по дома за чистење и сл. ама не и за орална употреба освен за миење заби понекогаш.
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Што ако е само нивна реклама, демек тие се „без алуминиум“, со што индицира дека другите се?

    Вештачко добиено соединение е, мене стварно не ми е јасно која е поентата да ставаат алуминиум во него....добиваат на количина? Не верувам. Сакаат да ја трујат народната маса? Исто не верувам, со оглед на тоа што приврзаниците на содата се далеку помалце од оние кои и` веруваат на класичната фармација..

    Јас до сега не сум осетила ништо лошо од пиењето на сода, а ја пијам месеци веќе. Одамна не сум била болна, што можеби има, а можеби не, врска со неа, ама ете, ако беше лоша, ваљда ќе извадев некој симптом до сега.
     
  7. bela.hrizantema

    bela.hrizantema Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Доколку некогаш "не дај боже" се изгорите од било што: шпорет,ви прсне зејтин или др.на изгореното место ставете сода и полејте со оцет,нема да се појават плускавци и болката се намалува.Испробано :lol:
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Темава госпоѓицава санфемина ја ограничи само за примена на содата во домаќинството, ама тука сепак ќе прашам:

    Барав, и не можам да најдам, па затоа ќе замолам феминка која има прочитано, да ми испрати линк за штетноста и токсичноста на сода бикарбона.
    Фала :)
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Знам дека местото на постов можеби не е тука, но ќе го споделам моето скромно искуство од пред 15 денови :$ .
    По многу долго време, пред 15 денови ми се активира малку повеќе кандидата. Порано ја добивав скоро секој месец, но сега фала му на Бог откако јадам аронија и таа ме заборави, па и јас неа :D . Ама овој пат беше многу страшно, бидејќи имунитетот ми беше многу намален и бев грипосана. Се мислев што да правам, па прочитав една статија за содава и се фрлив на работа. Малку се двоумев, ама ризикував.
    Два - три денови почнав да се мијам со 1,5 л топла вода во која ставав 1 мала лажичка сода бикарбона, а исто и пиев по една чаша дневно вода во која ставав по 1 малечка лажичка сода. Можеби за некој неверојтно, но мене ми помина ^_^ . Без јогурти, диети без јаглехидрати, од содата ми помина целосно јадежот, а и болката.
    Ова морам да го потенцирам, бидејќи порано никогаш не ми поминувала за 3 денови, туку поминувала и цела недела, па и повеќе и тоа со мачкање на кремови, масти и што ти не.
    Сакав само да кажам, дека ако содата била штетна, на тие дози што јас ги примав, сигурно ќе си приумрев :P .
     
    На kjukli, kravce, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    ^ Ова е стандардна терапија за кандида Серафимке, и тоа препорачувана од гинеколози не од ојле дојле :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    И јас се имам вака лечено :) , со гаранција поминува.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    СУПЕР НАВИСТИНА СУПЕР.....НО ОД КАЈ ДА НАЈДАМ ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД КАЈ ДА КУПАМ ГИ ИМА ЛИ ВО МАРКЕТИТЕ :?: :?: :?:
     
  13. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    Читам читам за содата доста задоволни сте...
    Сакам и јас да ги отфрлам штетните сретства што секој ден ги користиме и што се толку штети за здравјето па и за околината....
    И јас ке ви се придружам со користењето на содата само ке ве молам за помош///
    Како и што смеса ставате за чистење (содабикербона КОЛКУ алкохолен отцет КОЛКУ само толку ли ?) Или додавате уште нешто а оваа за омекнувачот имаш ли го пробано moria :)
     
  14. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Има во аптека, околу 120-130 денари е едно шишенце.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    добро а точно ли е тоа дека содата разјадува и слично за тие глупости........па значи не е штетна да се пие можеби сега не осекаме ништо но подноцна ...
     
  16. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    http://www.femina.mk/out/?id=0ed5f3a7bd ... rakot.aspx
    оваа за содата ме збуни :( добро оваа сето точно ли е или народот си игра мајтап
    а каква е таа чиста сода да не се пиела сода онаа купечката од продавиниците нели само една сода има на витаминка што е тааа ???
     
  17. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Jас содата ја употребувам за алишта.Во преградата за прашак ставам сода кога перам алишта и тие се навистина побели после перењето
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ја употребувам кога ми се лоши или гади, земам на врв на лажичката со малку вода. Ја користам и за миење на интимата кога имам печење.
     
  19. ariel333ariel

    ariel333ariel Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    јас ја употребувам за чистење/белеење на гумата од патиките.во сад ставаш сода бикарбона онолку колку што мислиш дека ти е потребно,потоа додаваш детергент за миење садови.со некое старо четче за заби ги мешаш двете состојки.па после земаш малку од мешавината на четчето,ја ставаш на гумата од патиката и триеш така. откако ќе ја поминеш целата гума чекаш 5-6 минути и внимателно ја бришеш со крпа.ииии исто како нова8):D.
     
    На Tove Lo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    i jas pred nekoj den dodadov edna kafena lazica soda vo masinata za perenje i mi se cini deka navistina se pobeli alistata