Форумџика на годината

Создавање ред/навики кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Amelia., 6 декември 2025.

  1. Ljiljana1986

    Ljiljana1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Многу биле малечки. Па и јас некој ред им фатив на 4,5 -5 месеци. Ама мислам може и побрзо. На утро се будат од 6 до 7, првата кога ќе се разбуди ја будам и другата за да им ги израмнам дремките. За дремките важи исто, една се буди ја будам и другата, жал ми е и сите ме прават лоша ама тоа е единствен начин да добијам малце време за себе. Едно време им одев по газот:D и спиеше кој кога сакаше само јас не спиев. Цел ден и цела ноќ во различно време јадеа, ужас. За јадењето да ги израмниш или давај помал оброк на тоа што јаде покасно за наредниот пат да му се пријаде порано т.е во исто време со другото или првото држи го малце гладно. Ако е голема разлика во време по 15 минути на секој оброк да зголемуваш ќе се израмнат. Иначе хранењето ми е само проблем и ми треба помош за тоа, не држат сами шишиња и не се мирни пијачи, се вртат не можам да им оставам шише на ќебенце. Некогаш ми успева сама да ги нахранам ама најчесто не. Со кашичка ги хранам сама. На почетокот имав многу помош немаше шанси сама да ги чувам ама сега веќе им влегов во шема :whew: иначе за бањање ми треба помош, за да тргнам со количка негде ми треба помош, со кола уште не се осудувам сама и така, весело е :inlove: со едно бебе е тешко а не пак со две. Ако имаш помош користи ја ако немаш барај зашто брзо ќе се премориш.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    6.508
    Се што веќе ти пишала @Ljiljana1986, најдобар совет што го добив како тазе мајка е да ги учам на ред да прават се во исто време. Не секогаш им се спиело во исто време или им се станувало во исто време ама сум форсирала да биде така плус минус 15тина минути. Во исто време јадење, спиење, бањање буквално се. И мене ми се караа дека не чинело така, дека требало да им дозволам кога они сакаат да спијат кога сакаат да станат, ама тоа беа совети од некој што близнаци видел само на слика. Ако дозволував така, каде ќе ми беше крајот. Ред почнав да им правам некаде околу 3-4 месеци, до тогаш имаа грчеви и плачеа 90% од времето кога беа будни, така да немаше поента да се прави ред. После тоа почнав да следам прозори на будност, да ги заспивам во точно време и супер ни идеше освен кога беа во скок. Тогаш беа хорори, таман заспале, ќе стане едниот, нишкај ќе цица, другиот ќе се разбуди и така еден остај друг земи беше доста напорно. До кај 3 месеци имав некој со мене цело време зашто ми беше страв да останам сама со нив после тоа почнав да ги чувам сама, мм доаѓаше кога требаше да им дадам млеко додека да се навикнам и тоа да го правам сама. За успивање спиеа во количка, некогаш ги префрлав во креветче некогаш не, ама не препорачувам на ова да ги навикнеш зашто кога ќе пораснат и нема да сакаат во количка ќе ти биде многу тешко за успивање. За навечер немавме проблем, со нишкање прво, после сами почнаа да заспиваат ама денски дека научени во количка никако неќеа да спијат.
     
    На Ljiljana1986 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  3. Ljiljana1986

    Ljiljana1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Морам да го пробам ова со количката, па здравје уште некој месец ќе се тренираме да заспиваат сами. На вечер и јас немам мака, по едно со мм во раце и за 15 минути се успани ама седење....
     
  4. Ljiljana1986

    Ljiljana1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Пробав денес во количка, во креветче спијат 30-40 минути, ги ставив во количка за втората дремка и оооп 2 часа. И третата заспаа во количка ама ги разбудив за 25 минути. Најдовме решение ;) ич не ги префрлам во креветче само нека спијат. По некогаш ќе пробувам во креветче ама за сега ми е битно да спијат денски зашто ако не спијат доволно и на вечер не ми спијат.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MamaZen

    MamaZen Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски

    Здраво,
    дали со ваков ред и спиење исклучиво во свое креветче си имала проблем со одмори или терање по некоја дремка надвор во количка?
    Бебе е 4+ месеци, спие исклучиво во креветче со бел шум, заспива со нежно зборување или цуцла (планирам и цуцлата да ја тргнам за некој месец). Значи без нишкање и цицање, релативно добро поминавме со регресијата и скокот поради тоа, ни траеа 1-2 недели.
    Точен ред по саат нема освен ноќното легнување и утринското станување, нормално е да има периоди кога повеќе цица, но генерално има некоја рутина која си ја препознава. Дневните дремки се уште не ги врзува константно, некои денови сме со 4 кратки дремки од 35-45 минути и легнуваме накај 18часот, а има денови кога ќе врзе па тераме 3 дремки и заспивање накај 19 часот. Кога ќе премине целосно на 3 дремки сигурно ќе фатиме некој ред и со дневните саати. 90% од времето спие 11-12 часа со 1-2 станувања да цица.
    Е сега, поради времето и вирусите не шетаме многу, но како ќе стоплува сакам повеќе да шетаме па некогаш сигурно ќе треба една дремка да тера надвор. Ќе се адаптира или ќе имам проблем? Одмори, викенди, патувања? Може да споделиш искуство? За ноќното заспивање не планирам да отстапувам, ќе си легнува секогаш на време, тоа е жртва што сум спремна да ја терам со години.
     
  6. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    181
    Јас имав прекрасно искуство со спиење на син, сега е 2,5 години и е страствен спијач (со исклучок на 2г регресијата што не издрма многу многу јако и бев спремна глава да бричам исто како Бритни).

    од 4м спие во детска во сопствен кревет, не беше практично да станувам да дојам таму ама тоа беше жртва што сега многу се исплати. Од многу мал сврзува цела ноќ.

    кога беше мал и не одеше во градинка, не сум била роб на дремки туку кај сме ние во парк, он со нас во количка. Единствено секогаш мора да се легне 19,30ч избањат декој ден, со книга читање и заби миење. Ден денес е предизвик некогаш ти се оди на гости и сакате фамилијарно до покасно, но моето дете цвета кога има рутина. Спие до 7,30сабајле и одиме во градинка.

    се имаме утрепано од шетање уште 3м кога имаше, од летни,зимски, патувања до викенди со кола и авион.

    тие денови правиме отстапка од рутина и гледаме да преживееме, а од наредниот ден се враќаме.
    Во декември се шетавме една недела по божиќни маркети, иако веќе година и кусур не користиме количка за нигде, си ја носевме, синко спиеше по три саати дневна дремка а ние уживавме во храна и винце
     
  7. MamaZen

    MamaZen Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    И моево е во своја соба. :)Ти благодарам за споделеното искуство, се надевам ќе немаме проблем со спиење во количка, дека некако во креветчето си има голем простор и самото си наоѓа положба. Едвај чекам прва прилика да стопли и да тестирам па да видиме како ќе спие надвор.
    Се согласувам дека некои бебиња цветаат со рутина, сите ми викаат дека понасмеано и повесело бебе немаат видено. Наспано и најадено бебе ретко има причина од тантруму (освен заби, вакцини, кратки скокови…). А и биолошкиот часовник им е таков да едноставно им е потребно да си легнат навечер порано.

    Дали тргнавте во градинка кога беше веќе на една дремка или се уште беше со две?
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    181
    Искрено не се сеќавам, тргна со полна 1 година, но првите три месеци беше болен доста често и свекрва ми го чуваше дома и мислам дека спиеше еднаш само. Од јануари 2025 редовно си оди и е на една дремка. И во јасли на времето мислам дека само еднаш спиеа, само што нивната дремка беше 30 мин порано од поголемите групи пример сега што им почнува дремката.

    ти посакувам успех и истрајност, јас и ден денес добивам коментари како тоа у 19,30 легнувал да спие. Пошто мене не ми е нормално толку мало дете во 22ч да си легне пример… и сите се први да искоментираат а надркани и исфрустрирани се бидејќи ем не им спијат, ем немаат 5 мин за себе у денот. Пробувај, менувај и не се обесхрабрувај. Ние имаме премногу активно секојдневие, ем надвор(нема брска што е ладно, само да не е загадено). Ние дома сме тип на родители што секогаш се доле на земја и играат, не користиме екрани (освен за инхалација), цело време сензорни игри и не ни имам нешто посебно играчки. Работата, играта, рутината е нешто што сега после 2,5г го берам плодот што сум правела.
     
    На MamaZen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MamaZen

    MamaZen Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Единствено жално е што кога ќе тргне во градинка а јас на работа ќе се прибираме дома накај 17 часот па ќе имаме само 2-3 саати за нас ;( Ама тоа е, ќе компензираме за викенди. Јас немам опција со баба, ќе гледам да најдам жена до кај година ипол, ептен се малечки некако на неполни 9 месеци.;(
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.245
    Допаѓања:
    15.387
    Пол:
    Женски
    Нема спиење надвор од дома. Не сум ни пробала зошто прескапоцен ми е редот за да го расипувам за да дремне во кафич, или во количка.. Спиел кај баба на гости, спиел во хотел на викенд, на одмор, ама секогаш сам во кревет во темница. Без белите звуци може да спие, ама дома сеуште ги пуштам, 2 години ќе прави за 1 месец и немам намера да престанам да ги користам.
    Заспива без проблем, спие цела ноќ и немам мака со спиењето воопшто, освен што знае некогаш многу рано да стане.
     
  11. MamaZen

    MamaZen Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам за споделеното. Секоја чест за истрајноста, тоа е навистина голема жртва, не сум спремна за тоа. Ќе мора да се навикнуваме и на количка од време на време :) А како се навикна да спие во градинка? Таму не е секогаш тишина и црна темница. Тоа ми е уште една причина зошто сакам да воведам и доза на флексибилност за дневни дремки, може ќе треба да тргне од 9 месеци во градинка.
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.245
    Допаѓања:
    15.387
    Пол:
    Женски
    Не сум имала проблем и со двете деца. Големата тргна на 3 години редовно, малиот на година и 8мес. Двајцата спиеја на 4от ден од адаптација. Малиот дури и без цуцла од старт го заспиваат, дома сеуште му ја давам ноќе.
    Ама јас дома не експериментирам со распоредот ако функционира. Едноставно ќе шетаме меѓу дремки, похаотично е додека се 2-3 дремки, ама штом дојдов до една веќе немав проблем. Една голема работа е што ако на детето му се ремети денскиот сон, автоматски се расипува и ноќниот. Бидејќи ноќе спијат по цела ноќ откако се на распоред, не ми е воопшто мака да правам планови околу нивните дремки ако тоа значи дека ноќеска нема да станувам да ги презаспивам.
    Јас имам многу позитивно искуство со држење ред и топло го препорачувам на сите. Но имам блиски на кои децата им спијат било кога и било каде зошто таков им е ритамот и тоа им функционира. Мене тоа не ми одговара ни сама за себе, а не па за деца. Значи ако сакаш да имаш ред, треба самата да го воведеш и држиш. Ако сакаш флексибилност, тогаш не можеш да очекуваш секоја вечер во исто време да заспива детето или исто да спие. И тоа е океј за некои семејства, сама треба да одлучиш што повеќе ти одговара.
     
    На le.soleil, Peperutce6, Hygge-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Реално гледано додека е мало 2месеци неможеш некој ред да ставиш... Кога сака ќе заспие па макар наопаку го вртела.. Моето е 2месеци и 5дена и буквално преку ден очи и паѓаат и не зсспива размава со раце и нозе (не исклучувам да има грчеви) лошо е што не чека ни минута за јадење .. Се случува заспана од цицање (на АД сме) да ја ставам во кревет и веднаш да се разбуди и да гуга да се смее за после 30мин да се отепа од пиштење и да не сака да спие ни со нишање ни враце.. Е тек кога 30мл млекце ќе и дадам ( а претходно испила 120/110/100/ тоа зависи како сака) е тогаш заспива... Ќе видиме понатаму како ќе биде..
     
  14. MamaZen

    MamaZen Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, мало е, само биди упорна и пробај да создаваш некоја рутина.
    Јас сум човек што многу сака да спие, имам страшни главоболки кога сум ненаспана и знаев дека нема да можам на долг рок без спиење. Бидејќи немам искуство, читав многу за спиењето, за методот на Ferber, cry it out, Moms on Calls, The Happy Sleepers, го прашував многу ЧатЏБТ за биологијата на бебешкото спиење, циркадијалниот ритам итн. На крај се одлучив да ја купам книгата Precious Little Sleep и од таму црпам многу совети. Ми се допаѓа дека нема осудувачки и строг пристап туку објективно ти кажува кој е препорачаниот пристап и кои измени можеш да ги направиш доколку како родител не се чувствуваш удобно да го оставиш детето долго да плаче. Точно е дека вештините за спиење се учат но на крајот од денот биологијата на детето го диктира темпото. И самата книга вели дека долгите самостојни дремки (значи без contact sleeping) се биолошки невозможни до кај 5-6 месеци и затоа не форсира точен распоред за вечерно спиење туку се водиш според дремките и дозволено е отстапување од 60-90минути навечер. Битно е да имаш вечерна рутина и да не воведуваш нови асоцијации за спиење а старите постепено да ги исфрлаш. И да препознаваш кога детето се буди од што е гладно а кога од навика.

    Мене многу ми помогна спиењето во марама за дневните дремки, за да има убав сон и не легне преморен вечерта. Навечер не попуштав, мораше во свое креветче, ама не ни имав некој проблем. Почнав накај 2 месеци со првата дремка во креветче макар траела и 15 минути, компензирав со другите да се подолги. После со втората, и на крај третата и четвртата се случија буквално преку ноќ иако по сите правила тие се најтешки. Е сега, во регресијата ми се случувало да има денови и со едвај 2.5часа дневен сон ама не сакав да го враќам на contact naps па сум го легнувала и во 17:30 и спиел до 7 сабајле со две-три будења и надокнадувал дневен сон преку вечерното спиење. Полошо е со сила да го тераш подоцна да заспие кога е преморен. Последниве две недели приметувам дека знае понекогаш да ја врзе втората дремка па тераме со три дремки. Би требало да се стабилизира биолошкиот часовник до кај 6 месеци па самиот ќе си направи и некој дневен ред. Мислам дека сме на добар пат, и што е најважно се чувствувам добро со пристапот што го тераме. Доколку зашкрипи понатаму, би се консултирала и со Dr. Goodnight.
     
    Последна измена: 28 јануари 2026
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.245
    Допаѓања:
    15.387
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека е мало на 2 месеца за ред. Со двете деца веќе сум имала некој ред на таа возраст. Во исто време сме почнувале со денот, отприлика во исто време се јадело, секогаш сум ги легнувала во 21ч. Големата веќе и спојуваше поголем дел од ноќта, околу 4-5 саата. Синот ми беше потежок, грчеви нон стоп до 3 месеца, ама пак имаше ред дека цица на 3 саата на пример.
    Затоа големата првпат преспа полни 12ч ноќе без цицање и станување на 15недели, а малиот на 6мес. Да не сум почнела рано, немало тоа да се постигне толку брзо.
    Така да, пак ќе речам, кој сака резултати треба да се посвети на држење распоред. И ништо да не правиш еден ден ќе има ред детето, нема вечно да станува ноќе, ама тоа ќе биде на 3,4,5 години, наместо на 6месеца.