Eднаш купив сок од зеленчук,од продавница,и едвај чекав да дојдам дома да се напијам,се секавам дека имаше внатре и целер,а јас мразам целер,и се напив и исплукав се Kе пробам во блендерон да направам нешто друго,можеби ке ме бендиса
е да и ни од кога си купиме соковник, си праиме сокови од брокула (ама со јаболка и портокал), а исто и од морков, или морков и јаболка, супер се, посебно од морков и јаболка мн ми е убав....
Aко некој сака домашни сокови направени во блендер еве,си ги најдов во една книга 250мл сок од моркови 250мл сок од домат 2 големи црвени пиперки 1 лажичка сок од лимон(цеден) бибер Cокот од домат и морковот се тураат во блендерот,и се мешаат за малку време,колку да се соединат. Cе додаваат пиперките сечкани,и едната лажичка лимон,се става малку бибер и сето тоа се блендира и се тура во чаша Eве уште еден 1 јаболко неизлупено и исечкано 1 морков излупен и исечкан пола краставица исечкана Cето тоа се става в блендер и се блендира,потоа се тура в чаша,ако саката и декорација може на стапче оние како за скара ако ви останат од сечканите јаболка,краставицата и морковот да си накачите на стапче и легнете го на чашата Aко сакате уште рецепти,кажете ке пишам
Леле не ги можам соковите од зеленчук. Попрво ќе земам ќе си направам салата, отколку сокот да го пијам. Ептен ми е бљак!
Порано пиев цвекло и морков ама не ми се свиќаше, ама пак многу е сдрав... неможам да ги пијам овие сокови ич не ми се по кејф.
Сте го пиеле ли соков? Всушност, дали ова е сок? Само што еедвај се напив една чаша, демек нели здраво, за слабеење, такви ствари, ама целосен БЉАК беше... (купив два тетрапаци, помагајте! )
А не..благодарам ама не. Знам дека се здрави, ама мене зборот сок ми оди со нешто благичко и овошно. Далеку од домати и моркови..
Не сум пробала сок од зеленчук... Сум додавала моркови и цвекло, ама во овошен сок најмногу со јаболка и портокали, а некогаш и други овошја. Соковите ги правам со соковникот Bullet Express од Топ Шоп.
Сок, не сок, јас обожавам ваков. Конкретно овој не сум го пробала, ама затоа со Томатело сосот имам долгогодишно искуство. Искрено, посладок ми е кога го пијам, отколку на тестенини, зашто ми е многу редок - право сокче! А овој на Таково каков е по структура ? Сличен е на Томатело сосот или е апла редок ко сокчето од јаболко !? Ако е таков ич да не експериментирам, ќе си пијам Томатело. Исто ми се допаѓа сокот од цвекло, мајка ми го правеше со лимон и јагоди мислам, ама немам појма како се прави - одамна нема направено, а преубав беше сокот, поубав и од купечките. Ми се допаѓаат и соковите со морков, а оние помодарските со целер, брокула, зелка - no way! Во мојот желудник нема шански да внесам нешто такво, едноставно ме асоцираат на гадна водичка.
Освен сок од домати и сок од цвекло друг сок од зеленчук немам пробано. Сок од домати ми е најубаво нешто. Не ми се исплати сама да го правам. Немам ниту соковник, ниту блендер Краен избор тука е томателото. Уф мераци. Првпат кога го купи мајка ми мислам дека 70% јас го испив, на прсти прикрадувајки се до фрижидерот "да пробам некоја голтка". Обожавам зеленчук! Морков, брокула, карфиол, домати, све бре.. Многу повеќе од овошје. За жал други не сум пробала иако сигурна сум дека би ми се допаднале Ако знаете каде има што има пишете Од друга страна пак не е исто купечкото со домашно подготвен сок од свеж зеленчук, без засладувачи и такви ствари.. хмм :geek: А да ги скувам моите да купат блендер а
Кај тетка ми имам пробано и тоа повеќепати, тие имаат power juicer од топ шоп им е мислам, и пробав од моркови и од незнам уште што размешано, и добро е, малку киселко, но не е лошо. Сепак ќе се задржам на портокалче.
Не сум пробала сок од зеленчук а и никогаш нема да пијам сок од зелечук за мене е само сок од овошје.
Ммм..многу се вкусни. Прееска си направив сок од зеленчук во соковник ги ставив зеленчуците и завршена работа. Сум пробала од зелка,домат,цвеклоо,морков и многу други.
И ја сум горд сопственик на Power Juicer (проклет соковник, колку и да е добар, многу мака бара за миење) Иначе за сокови од зеленчук немам нешто многу испробувано, освен што во се ставам моркови (обожавам моркови, а и го ублажуваат сокот). Пред една недела се избудалив па си исцедив сок од ротквици (читав дека бил многу здрав), ама овие млади ротквички беа лути, па сокот и со морков и со лимон и со вода и со шеќер за нитшо не го биваше (грозен беше). Ете не ми текнало со цвекло да направам, штом видов сеа денес ќе си купам цвекло, да го пробам и тој