Го имаме ние Булет Експрес, ептен е добар ама повеќе е искористен за правење на овошни сокови, него ли зеленчукови. Досега имам правено само од цвекло и морков (го пиев со затнат нос, кило вода до мене за после пиење и пакетче мастики). Многу ми е гаден, многу. А да, и од патлиџани имам правено. Беше ептен редок, не беше воопшто густ, имаше блуткав вкус. Радо би ги јадела свежи во салата, него вака. Незнам дали да направам од моркови и јаболко, којзнае дали ќе го пробам воопшто.
Една година знам стрина ми правеше сок од зеленчук.Знам дека едниот вид на зеленчук беше цвекло а имаше и нешто друго ама не знам што точно беше,да ви кажам прво од љубопитност пробав па ми се згади и цвеклото што онака го јадев така да јас веќе тоа не порбувам.
Во соковникот ставам се сто имам во фризидер,и од сабајле до вецерта го пијам цел сок сто го имам направено не оставам за утре дента
Power Juicer-от е најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Го убивам од цедење овоштија и зеленчуци. Со душа ја чекам сезоната на доматите, секогаш си правам сок од домати + целер или краставичка. Додавам малку ѓумбир во прав и сосема малку сол, колку за вкус. Подобар коктел од овој верувам дека не сте вкусиле.