Тие првите два ми изгледаат како копија, како многу други соковници. Моите имаат Горење соковник, скоро скроз ист таков, така стои. Многу ѓубре фрла, пола овошје зијан го прави. Брз е, добар сок вади, ама што кога многу сок има во отпадот што го фрла позади. Ако би зимал соковник би гледал некој на друг принцип што работи.
Најголемата грешка за соковник е да е брз, преголемата брзина кај овие соковници од 600 вати па нагоре, работат со илјадници вртежи во минута, ножевите го сечкаат овошјето со голема брзина и центрифугалната сила го „фрла“ сокот низ ситото. Поради таа брзина, сокот нема време целосно да се исцеди, па добар дел останува во пулпата (отпадот), затоа се и евтини.
Јас не би рекла дека 400ватен соковник е добар , секако дека подобро е да се пие сок од колку воопшто , но побарај со 100, 150 или 200вати
Ако си во можност за ценава , еден од подобрите https://www.neptun.mk/categories/84111617-HUROM-H330P-BES01DL Поевтин , а исто така добар ќе добиеш сок без пена и скроз исцедено овошје/ зеленчук, но не е најсоодветен за цедење "листови " ќе ти заглавува (спанаќ ,магдонос и сл), со што тоа не е случај со предходниот соковник. https://www.neptun.mk/categories/sokovnici/BOSCH-MES-M731M Исто така , спаѓа во категоријата на спори соковници кои ги задржува сите витамини, без да е сокот пена https://www.neptun.mk/categories/sokovnici/SOKOVNIK-PHILIPS-HR-1889--70-JUICER Овие сосем случајно од neptun ги пребарав , ако ти е важно да купиш од setek , може ги имаат и таму . Со среќа при изборот
Што знам, мислам дека овака работат сите тие центрифугални соковници. Пола овошје назад го фрла. https://www.youtube.com/shorts/ylATCBsPzJY Можеби "отпадот" ќе може за торта или сладолед да го искористиш
Хуром е стварно добар вреди за парите посебно вака на попуст овие центрифуга не знам кој уште ги купува , пена сок ко вода, подобро никаков соковник
Баш дека е и пониска цената се исплати да го земеш, со тоа што да го работиш 2-3 години и да го фрлиш ќе бидеш задоволна, плус нема да се врзуваш за старо, по 2-3 години пак ново ќе земеш. Исплатливо е ако размислиш логички, плус соковник е.
Не се согласувам соковникот е 500вати , ќе пие сок во форма на вода и пена , никакви витамини , не се добри центрифуга соковниците.
Те разбирам , иста бев , јас имам fuego соковник некои си 2.000ден го земав дали и толку , во подрум ми стои ама толку брчеше и сокот беше чуден го заменив со спор соковник ни брчи ниту се слуша кога работи сокот е многу убав што е најважно , јас ако сакаш така ќе ти го дадам , ама стварно не чинат евтиниве
Знам, ама па стварно не ми се даваат толку пари за соковник. Овој на горење другарка го има и вика дека и врши работа, затоа и се мислам за него. До кај 4000 би дала.
Сите вршат работа ама ете членката @Tea678 сликовито ставила која е разликата , што не е баш мала , јас земав од 13.000 соковник за споро цедење и искрено многу ми е поубаво ,мислам подобро не зимај никаков ,отколку овие брзиве