1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соковник и блендер

Дискусија во 'Дом' започната од Mimi123, 26 август 2012.

  1. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Може тоа треба, да го избришам тој дел добро после миење. Зошто кога ќе избленда и кога ја вадам чашата, кај што се спојува со долниот дел од сечилата се појавуваат црни капки, не знам дали е од штрафот, дали е така зошто пропушта од чашата или зошто не се исушило доволно од миењето, кој да го знае. Ќе пробам вака, да ги избришам додатно откако ќе се исушат, па ќе видам дали пак ќе пушта.
     
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Што е подобро блендер или соковник? :wasntme:
     
  3. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    зависи за што ке го користиш блендерот за правење каши за бебиња,коктели,и слично
    соковникот се знае за свежо изцеден сок
    јас блендер не планирам да зимам нипак ме интересира САМО СОКОВНИК ;)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Јас имам Меџик Булет, не го нарачав од Топ Шоп, ами го купивме со мајка ми од некоја си Топ Шоп продавница. :)
    Мене ова ми е подобра инвестиција од купување само блендер или само соковник. Вака имате две во едно. Не мора да биде Меџик булет фала Богу, има безброј вакви 2во1 во продавниците за бела техника. :)
    Го имаме можеби половина година, одличен е засега и како соковник и како блендер или машинка за мелење кафе, шеќер, ореви, бисквити.
    Верно другарче ми стана. :lol:
     
    На oliolivera му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Oд кога зема мајка ми соковник пред 2 недели јас дневно конзумирам овојше повеке одколку цел живот онака свежо што сум јадела.Мене ми е погодена инвестиција бидејки ми доага дневно да пијам во просек по 500 мл свеж сок,што до сега не ми се случило такво нешто.Не знам зошто се жалите за чистењето,мојов буквално со вода ко на рекламине да го поминеш е чист а не па поише да се заангажираш во трљање. Едина замерка и мене ми е што понекогаш приметувам дека не ги цеди до крај ,односно дека не е баш ко на Пауер јусерот на топ шоп.Ама па за тие пари не ми е гајле.Иако не ги цеди до крај пак доста солидна количина на сок ми излегува.
     
  6. Polina1

    Polina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    пред некој месец и јас бев во истата дилема..Од повекето кои го имаат Power juicer добив совет дека џабе ке го купувам кога нема да го користам..Ама јас бев упорна дека секој ден ке правам сокови незнам ти што како...И така првиот месец стварно од што не не направив сокови баш ми беше интересно и не ми беше воопшто тешко, ама веќе следниот месец го немам пуштено, така седи...Мака ми е да го мијам (комплексен е многу има 4 дела кои мораш да ги извадиш и измиеш, и во машина да го ставаш пак мораш убаво да го исплакниш така да исто ти се фаќа), ако го оставиш до другиот ден почнуваа да мириса и така мојот power Juicer седи за декорација во кујната...Се надевам дека ќе почнам поактивно да го користам...А дека цеди сокови-цеди свака му част :)
     
  7. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    другарчиња, ако се мислите каков соковник да земете, од се срце ви го препорачувам http://www.technomarket.com.mk/products ... ex-ju-5811
    Бидејќи бременоста е период каде најмногу се внимава на здравата исхрана, со маж ми пред некој месец го зедовме овој и иако беше поскап од планираното, се решивме за него и не погрешивме. Значи овошјето го меле целосно, ни капка не остава да истече бадијала и богами со малку овошје излегува многу количински сок. Тоа е разликата меѓу поефтините и поскапите, некои знаат да исфрлат одредена количина на течноста во делот за канта па затоа и се одлучивме за поскапава варијанта и ни најмалку не се каеме.
    Што се однесува до чистењето, соковниците баш за тоа се доста незгодни, бараат после секое користење да се измијат,но овој има само три парчиња кои треба да се измијат и така се направени да и само со вода може да се помине. Практично е, во секој случај.
     
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Мене ме интересиора мислење за овој блендер Ronson r-525, некој ако го има да сподели мислење во план сум да купам деновиве блендер.

    Опис:
    •Електричен блендер (сецко)
    •Јачина 250W
    •Сече, пасира, меша и миксира
    •Пластичен сад со капацитет 0.5 L
    •Mетален нож
    •Турбо функција
    Цена: 1.099 ден.
    [​IMG]

    Или пак bosch mmr 08 r 1. Кој е подобар?

    Опис:
    •Сецко
    •Јачина: 400W
    •Моментално вклучување
    •Пластичен сад 800ml погоден за перење во машина за садови
    •Универзален нож од нерѓосувачки челик
    •Екстремно брз и прецизен
    •Сечење и мелење месо, сирење, ореви, насечени билки и кромид
    •Можност за дробење мраз
    Цена: 1.695 ден.
    [​IMG]
     
  9. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Можеби ќе ви звучи смешно ама не сум имала блендер до сега, сакам да прашам за што служи и како се користи?
     
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Одамна сакам да си купам од овие електричните цедилки за лимон, портокал..сакав да прашам колку пари се движат отприлика?
    [​IMG]
     
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.347
    Пол:
    Женски
    Имаш различна цена, имам видено од 500-600 ден. па нагоре.
    Но доколку пазариш во рамстор во моментов со собрани 8 купончиња и со доплата од 360 ден ќе си земеш ваква цеделка. Јас ја земав и супер си е.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас го имам истиот и нон-стоп (значи секојдневно) го користиме и сум презадоволна, а го купив за некои смешни пари од фришоп. Го препорачувам!
     
  13. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    [​IMG]

    Зедовме ваков соковник работи по принципот на Power juicer, и досега супер е вади доста сок од овошјето а за блендер зедовме башка кој е заедно со сечко. Блендерот го користам за пасирање кога правам Милк шејк исто и нескафе си правам со него :) А сечкото го употребувам за се буквално за торти кога правиме мелам ореви и бисквити, за салати сечкам кашкавал и салама и др работи одличен е.

    Морав да редактирам еве слика и од блендерот мислам дека 1000 и нешто ден беше
    [​IMG]
     
  14. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам за совет!
    Сакам да купам апарат со кој во исто време ќе правам сок, ќе може да го користам како блендер, како ренде (за салати-зелка,шаргарепа,цвекло...) и со кој ќе можам да сецкам (кромид, ореви...).
    Дали е подобро да биде 1 апарат со сите функции или е подобро да купам одделно-соковник,блендер,мини сецко,ренде??? :^)
     
  15. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Јас би рекла дека потполно исто е дали ќе земеш одделно или апарат со повеќе функции. На еден апарат, моторот и кабелот со кој го палиш во струја се исти. Да се рече дека се ќе ти биде тука стокмено и ќе заштедиш простор. Она што највеќе ќе заштедиш е пари, а знаеш дека сите апарати се правени во Кина па кога ќе видиш се е до среќата колку ќе ти трае. Повеќето апарати имаат една година гаранција најмалку. Јас би ти препорачала да си купиш 1 апарат и да не си ја мачиш душата. ;) Во Нептун има со 8 функции за сецкање, рендање, блендање, месење тесто :o и уште некои... од Макс (околу 3000 ден.) или Филипс (околу 4000 ден.), а можно е и во Техномаркет да провериш од други производители да не има. Јас имам Макс и сум многу задоволна. :inlove:
     
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Овој го имаш на Max? Вчера го гледав и продавачот ептен ми го испофали.
     

    Прикачени фајлови:

    • MP500__1.jpg
      MP500__1.jpg
      Големина на фајлот:
      20,3 KB
      Прегледи:
      257
  17. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77

    ЕЕЕЕ да баш тој :inlove: Во ова садче се сецка, ренда и уште неколку функции.. за рендање има 3 големини итн. Има додатни алатки кои ги менуваш. И уште еден сад односно блендер добиваш. 8)
     
  18. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Овој го имаш на Max? Вчера го гледав и продавачот ептен ми го испофали.[/quote]


    пс. Пред да земеш убаво провери кои се функции ги има, да не ти фали некоја што ќе ти треба, а можеби ја има во апарат од друг произведувач. Продавачката како да ми рече дека тој од Филипс има функција плус, ама не сум сигурна.. хмм... Бидејќи мене најмногу ради блендерот ми требаше, другите функции онака плус ги добив со оглед што не се разликуваше нешто многу цената од обичен блендер, а гледам дека тебе ти требаат и сецкалата.
    Па сега соковникот за цитрусно овошје го тргнав да не ми фаќа место, бидејќи во апаратчево си има и тоа. :party:
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    пс. Пред да земеш убаво провери кои се функции ги има, да не ти фали некоја што ќе ти треба, а можеби ја има во апарат од друг произведувач. Продавачката како да ми рече дека тој од Филипс има функција плус, ама не сум сигурна.. хмм... Бидејќи мене најмногу ради блендерот ми требаше, другите функции онака плус ги добив со оглед што не се разликуваше нешто многу цената од обичен блендер, а гледам дека тебе ти требаат и сецкалата.
    Па сега соковникот за цитрусно овошје го тргнав да не ми фаќа место, бидејќи во апаратчево си има и тоа. :party:[/quote]


    Purrinn, апаратов лесен е за користење? Ќе можат повозрасни луѓе да се снајдат?
    И мене ми е целта повеќе да не го користам соковникот зашто ми зафаќа многу место и има многу делови за миење.
    А како се прават соковите во Max-от, овошјето го ставаш во чашката со блендерот?
    ИЗВИНИ што те гњавам со прашањава..... :(
     
  20. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    За соковник можам да гарантирам дека тој на топ-шоп е прва лига, скап е ама вреди.... овошјето го цеди скроз, само ептен суви остатоци остануваат, навистина е добар. Јас имав еден поефтин соковник и го фрлив, кога го немав овој од топ-шоп, за тој стариот мислев дека е добар, ама сега кога го имам овој сум 1000000% сигурна дека 3 пати повеќе сок вади од иста количина овошје кога би ја цедела со тој стариот.