Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соковник и блендер

Дискусија во 'Дом' започната од Mimi123, 26 август 2012.

  1. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Во гарантниот лист има упатство за користење. Јас се надевав на некое сликовито упатство со многу детали и кога го видов така мало и непривлечно не се ни обидов да го следам, сама си расчепкав и се снајдов. Всушност во упатството ги има сите делови од кои е составен апаратот онака скицирани и обележани со број, а потоа секој број со име на делот. Следно со чекори има составувањето на деловите за одредени функции, па така излегуваат овие функции: месење, мешање на состојки, сечење на резанки, ситно сецкање и рендање, сецкање на коцки, цедалка за цитрусно овошје и блендер.
    Сега по втор пат кога го видов упатството посимпатично ми излезе, по се изгледа добро е објаснето. :D
    Значи ова не е типичен соковник, во смисла ставаш јаболко, го гмечи и излегува сок, а пулпата се фрла. Во блендерот ставаш малку вода, сок некаков можеби, чај, компот.. односно нешто течно и потоа додаваш било какво овошје свежо или замрзнато (без семки), ама не цело онака да речеме 1/4 кришка јаболко на 2 или 3 парчиња исечена. Значи блендерот блендира до густина која ти треба, а густината ја регулираш со течност. Она што е најбитно пулпата останува, а тоа е најздравото. Па така може да правиш и сосови за шпагети, за крем супа густината итн. Блендерот е најлесен за употреба, еден сад е со капаче и толку, по употреба само го плакнеш убаво и го ставаш да се суши.
    Е сега ако сакаш да исцедиш лимон/портокал/цитрон со цедалката, тука веќе добиваш чист сок, а пулпата може да ја искористиш или фрлиш. Јас и потрокал си ставам во блендер.
    Мислам дека секој ќе се снајде, ќе пробаш сама или со упатството како ти е најзгодно, една шема на составување е, па ако треба и запиши си на страна по твое кое со кое оди, или подели ги некако деловите да не се буниш после ако не го употребиш делот некое време. Тоа е тоа всушност. Мислам дека се кажав. :geek: :D
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
  3. Nona13

    Nona13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Здрaвo си купив еден блендер aмa незнaм кaкo дa гo oтвoрaм бoкaлoт сo тие нoшченцaтa зa дa ги измијaм мoже ли некoј дa ми кaже :)
     
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    28.512
    Користев еден блендер на Bosh и многу ми се најде во периодот кога правев каши на бебето. Сега користам Nutribullet за правење сокови и сум задоволна. Речиси секојдневно го користам и за нас и за детето и досега добар се покажал. Едноставен е за употреба и лесен за одржување.
     
    На Osamena devojka и joy1 им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    7.365
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    @LadyR Јас го имам веќе некое време - блендерот е добар, убаво блендира. И додатокот за миксирање е супер, јас најмалку го користам сецкото, многу ситно ми сецка и немам идеја што би сецкала во него.
     
  7. delevingne

    delevingne Популарен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.018
  8. 3006

    3006 Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ме интересира дали може да се меле мраз во блендер. Јас имам Fuego блендер со стаклен бокал и некако не се осмелувам да пробам да ставам мраз. Стаклото е доста дебело ама се плашам да не се скрши. Какво е вашето искуство со вакви блендери. Позз домакинки
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.772
    Пол:
    Женски
    Jas vo nutri buletot i mraz melev
     
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846

    Ох ќе збудалеам :))))) Дали да се насочам само кон НутриБулет кога сакам да купувам блендер, или можам да си најдам и нешто друго за многу поевтини пари а исто квалитетно? Што толку НутриБулет е посебно?
     
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Според мене, не дека е нешто посебно НутриБулетот, туку е убав на изглед, практичен и мал.
    Спореди го моторот, ножевите, опциите од нутрибулетот со некои блендери од Нептун, ќе видиш дека се многу слични. Нутрибулетот е единствениот блендер што има реклама.
    Јас си купив обичен блендер, мелам и мраз и јаткасти плодови, ништо не може да му се случи, година дена веќе го користам, ист е како кога го купив.
     
    На SummerGirl и Antebellum им се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас го имам рачниот блендер 3 во 1 на Делимано (блендер, миксер и сецко) и со блендерот правам смутија. Од нутри булет не сум пробала смути ама и со блендерот мене ми се одлични.

    Го имам и Power juicer (Fusion juicer) и мислам дека е најдобра инвестиција во моето семејство, скоро секој ден пиеме свежи сокови.
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Според мене е само префорсиран производ. Не дека со друг блендер не можеш да го добиеш тоа што би го добила со нутри булетот. Исто е се'. Само повеќе пари ќе лупнеш и муабетот дека имаш нутри булет. Јас имам блендер на gorenje, душата му ја вадиме, до сега не се случило ден, а да не го користиме, значи секој ден по најмалку 5 пати без исклучок. Има два дела, едниот е за сокови, смути, а другиот е за доколку сакаш нешто да сомелеш, да речеме ѓумбир, јаткасти плодови, бисквити, било што. Состојките што ги ставаш внатре ги меле за 10 секунди. Презадоволни сме. :) Единствено нешто што мене лично ми смета е што е бучен. Мене ми е бучен. На моите не им бил. Јас сакам кујнски апарати што не се слуша кога работат. Ме нервира и аспираторот. Ете тоа според мене му е мана.

    Еве овој го имам јас.
    http://www.gorenje.com.mk/proizvodi...blenderi/mikseri-blenderi/modeli/b800e/472416
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846

    Мнооогу, ама многу се мислам што да одлучам... Искрено, не ми се даваат 6000 за нешто такво моментално, а од друга страна сакам да си купам блендер за да ја средам исхраната колку-толку здрава да биде со помош на смути и слично. Имам другари и другарки кои имаат и рачни блендери и ПАК си прават смути, за 500 денари имаат блендер. Ама тоа мене не ми е ок некако... Што знам.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Рачниот блендер ја нема таа моќност и треба подолго време за да сомеле нешто. Сме имале и тоа. Воопшто не е исто. Јас лично 6 000 денари никогаш не би дала за нешто што можам да го имам и за пола од таа цена, а да ми врши целосно иста работа. Размисли си, имаш и поевтини варијанти. :)

    http://www.gorenje.com.mk/proizvodi/mali-aparati-za-domakinstvo/blenderi-i-seckalki/b600bg/472415
    Разликата од мојот и овој е само помала моќност на моторот од 600W, што за домашни услови на никој не би му правело разлика. А е за некој денар поевтин.

    http://www.gorenje.com.mk/proizvodi/mali-aparati-za-domakinstvo/blenderi-i-seckalki/b600w/472414
    А имаш и ваква варијанта со 600W моќност на моторот, само тука го немаш додатокот за мелење, инаку другото е целосно исто. Скоро 1000 денари е поевтин.

    Јас се запнав за gorenje, а имаш мал милион блендери од еден куп марки. Ние дома од gorenje сме задоволни, иако и тие веќе не се тоа што беа порано.
    Прошетај по продавници и разгледај, ќе ти дадат понуда, па одлучи си. Ќе најдеш и доста евтини. :)
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846

    Фала ти за информацијата и помошта. За 2 недели сум во план да почнам да истражувам па се надевам дека за месец дена веќе ќе имам купено, па ќе кажам што сум избрал и дали и колку сум задоволен.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    A dali imate nekoi soznanija sega za ovoj NUTRI PRACTIC od Top Vita? Nekoja kopija na Nutribullet ama poevtin. (izvinete za latinicata).
     
  18. Cholipam

    Cholipam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    445
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Соковниците генерално се делат на тие со центрифуга и на бавни тнр. „џвакачи„ (masticating juicer).

    Првите се поефтини и побрзи, имаат обично поголем отвор за овошјето па нема многу претходна подготовка на овошјето и зеленчукот освен миење. Но извесен процент од ензимите и витамините се губат топлината и другите ефекти од центрифугирањето. Низ Скопје цените отприлика одат од 3-4000 до 12000МКД.

    centrifugal-juicer-1.jpg

    Вторите се побавни и поскапи (цените одат и до 21000 ден. низ Скопје) но во поглед на хранливи состојки и квалитет велат на долг рок поисплатливи. Не само што го цедат целосно сокот, туку и поради малиот број вртежи во минута (rpm) не доаѓа до загревање и до производство на некакви плус и минус јони кои ги намалувале ензимите. Исто така подобро цеделе спанаќ и други слични лиснати работи, погодни се за смути.

    masticating-juicer.jpg
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.101
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум од овој блендер

    [​IMG]