Дефинитивно најдобар соковник е hurom, воошто не треба да се мисли за квалитетот, но доколку сте во можност од европските земји да се купи, бидејќи овде не се знае од каде што се носи и нормално е човек да се сомнева во квалитетот на соковниците кај нас, јас го земав од Италија 83.000ден (има и поевтини од истата марка) и подобар соковник немам користено до сега, прескап е да, но вреди веќе 4 години го имам и секој ден цедам и споредбата со другите соковници е нула, ми се расипувле за година, две мах, добри соковници кај нас од neptun, другарка зема BOSCH 13.000 и нешто беше и е задоволна со 150wati. Сепак, за мене хуром сега за сега е број 1 соковник и не ги жалам парите, бидејќи секој ден го користам.
Хуром го меркам подолго време но ме премислуваат поделени мислења, во некои кометари пишуваат дека сокот е многу густ, скоро како од блендер, а некаде дека е бистар. Јас сакам соковникот да ми даде бистар сок па затоа не знам дали да плуснам толку пари кога не знам што ќе добијам на крај. Може ли да ми кажеш ти од лично искуство дали хуром вади бистар сок, значи бистар како од центрифугален соковник, без талог и пулпа, да не го прецедувам. Фала
Густ? Немам приметено, барем кај мојот соковник, иначе можеби зависи нешто од ватите, мојот е 100w и супер е, многу сум задоволна, скапо го земав ама не жалам, многу сок испаѓа, а малце овошје ставам. Мојот е hurom pro
Мраз и врело не треба да се става. Читав на многумина и направило проблем. Јас немам пробано. Секогаш ако ставам замрзнато овошје обично дека блендирам со вода или бадемово млеко чекам прво некое време па потоа блендирам.
Ми треба препорака за блендер, но испробано да блендира и мраз или еве барем замрзнато овошје. Имам еден на Филипс на кој стои дека блендира и мраз, но ако нема течност во садот ништо апсолутно не блендира.
https://www.bosch-home.rs/sr/mkt-pr...kovnici/sokovnici-za-hladno-cedzenje/MESM731M Тотално разочарување од соковников, не го препорачувам!
Па овој тип соковници се со ладно цедење или cold press или slow juicer функционираат на принцип на стискање и гмечење на овошјето. Не се центрифугални како обичните
Дали некоја има искуство со соковников? https://m.tehnomarket.com.mk/product/5011057/vivax-aj800-sokovnik
Не сум знаела дека е подобро да има помали вати. Сакам да прашам што е разликата? Тој со повеќе вати не го цеди овошјето убаво. Или?
Па и самата цена кажува, ако си во можност и не ти се брза би ти го препорачала kuvings соковникот кој е доста популарен во последно време, цената е околу 20 000 денари, со 5 години гаранција мислам, подобри се бидејќи убаво го цедат овошјето и зеленчукот, додека овие што се од 2.000 до 3 000 ден имаат јаки сечила и не задржуваат ништо,од таа причина за соковник е идеално да има што помали вати, никако 800 и над тоа, еве сликовито