Дали ги вадите семките од вишните при цедење сок? Во соковник за ладно цедење дали може да се ставаат меки овошја како јагоди, банани, киви,спанаќ, лиснат зеленчук и сл, дали вади сок од нив? Имам јас power jucer ама тој цеди тврди овошја и зеленчуци,јаболко, круши цвекло, моркови ,ама калинки на пример не може, вишни , цреши со семки исто, а лиснат зеленчук не сум пробала дали ке цеди.За калинки и цитруси купив рацна преса и е супер. И нутри булет имам и блендер со голем сад филипс, и рачен блендер. Дали тие што се бавно цедење стварно цедат сок од се или џабе да не фрлам пари. Немам место во кујна од што сум прентрпана со апарарати и пак наоѓам нова играчка да купам. Држам посебен режим на исхрана и треба да пијам цедени сокови без пулпа па затоа гледам пак соковници ако знае некој да ме оправи нека пише.
Зависи кој, мојот хуром про може со семки и на kuvings можат, за другите не сум баш сигурна Цедат иначе, банана, спанаќ, калинки цедам јас и испаѓа сок
Здраво, потребен ми е нов мултипрактик и во размисли сум што да земеме. Овој ми фати око - Gorenje Sbr 1000, особено заради соковникот, Ве молам за искуства дали некоја го има, и како сте задоволни?
А во спорите соковници може да се цеди свежо цвекло? На мисла сум каков да купам, ама многу ми е важно и цвекло да цеди
Со овој модел мислам мора ситно да се сецка, цвекло, морков, отворот е мал, бобинки нема да можеш да цедиш, глават (нека ме поправи членката ако не е така) јас би ти го препорачала kuvings, директно ставаш и цвекло и спанаќ и аронија без да се укочи нешто.
Па сечам мало цвекло на 4 на пример за да го собере во отворот, а не ми заглавило досега, подолго од една година го користам. Морков ставам цел. Бобинки не разбирам како би заглавиле... Последно неќна и калинка ставив..
NOMAD Coffee Bar на фб најди ги и прашај ги, мислам они ги продаваат и се многу подобра опција бидејќи ставаш се без да сечеш исто спор соковник е, само цената е околу 20, 30 000 така нешто мислам со 10г гаранција што е супер
Здраво, треба да почнам со не млечна храна кај бебе, да ми препорачате добар блендер. Исто така да биде и за намаз, јатки, семиња.
Јас кога за бебе почнав да користам зедов на нутри булет. Презадоволна сум со години маста му ја вадам, за јатки, овошје, месо блендирав буквално се. Имаш во Нептун, јас од топ шоп го зедов, одамна ги нема. Кога сакав да земам за моите зедов од Маја Корал на фб тој уште појак е од мојот, добар е и тој, само што моите не го користат така често како ние па не знам колку е со цврстината како овој. Ама сепак се е лотарија како ќе се погоди..
Не ти треба блендер, доволно е пасирањето. Нема потреба од мазни каши лапни голтни, бебе треба да осети текстура. Неповикана, ама да си кажам.