babylove овошни кашички

Сок од домати

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Princees, 21 јуни 2013.

  1. Princees

    Princees Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Форумки дали некој знае како се подготвува некој диетален пијалок или пак сок од домати ??
     
  2. SummerLove26

    SummerLove26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Го најдов од една страница, се надевам ќе ти помогне :)
    Состав:
    20 кгр. домати
    Подготовка:
    Сомелете ги доматите на специјална машина што ги одделува семките и лушпата. Така сомелени ставете ги да се варат и варете ги 40 минути откако ќе зовријат. По варењетo сипајте ги во претходно загреани шишиња. Секое шише завиткајте гo во весник. Наредете ги шишињата во картонска кутија и завиткајте ги со ќебе за да се ладат постепено. Оставете ги да стојат 24 часа. Се употребува како додаток за јадења и за припремање на пица. Може да се пие како сок со додаток на сол и црн пипер по вкус.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.050
    Пол:
    Женски
    Речиси секој ден си правам сок од домати, превкусен ми е и дури понекогаш ми врши работа и како сос за крем-супа или тестенини.
    Немам некој посебен рецепт, обично импровизирам. :D
    Еден поголем домат го лупам, ја отстранувам дршката, го сечам на кришки и го ставам во блендер - ги меле дури и семчињата, така да немам потреба да се маткам и да ги вадам нив посебно.
    Го разредувам со вода во зависност каква густина ми треба и зачинувам со сол или вегета по вкус.
    Посебно многу ми се допаѓа вкусот кога во блендерот заедно со доматот додадам свежи ливчиња нане или магдонос - е тогаш е вистинска уживанција од бои и мириси. :mm:
     
    На Ketchup и Saraa им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.949
    Допаѓања:
    52.682
    Пол:
    Женски
    Ене го Вива :) додека уште не постоеше, не ми ни паѓаше на памет да пијам такво нешто, штом излезе во продажба реков морам да го пробам. Го пробав и океј ми беше, но потоа го користев само за готвење.
     
  5. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    7.021
    Пол:
    Женски
    Nemam recept za sok od domati, no majka mi pravi I preubav e, prosto go obozavam. Nekogas koga sum nastinata ke se napijam I mn me osvezuva, mi daca energija.
     
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.623
    Пол:
    Женски
    Само за во јадења ми иде у комбинација. :) На пример, за приготвување на некој сос.!(fingers)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.