Јас обично одам во пролет или пред да одам на одмор, ама не за да фатам боја туку да се спремам за изложување на сонце бидејќи имам светол тен, ако одма излезам на сонце горам . Некои луѓе претеруваат, ко у релна да се печеле, е па нормално дека ако претераш е штетно.
Одев на солариум пред 2год и тоа одев на едно добри 10третмани, кај немаше никаков ефект, кај ги фрлив џабе парите и тоа во сикрет одев на стоечкиот, ми се појавија и милион пеги :mrgreen: кога отидов на лекар, докторката ми рече зборот солариум да го шкртнам од мојот речник и никогаш повеќе да не ми текне да отидам, затоа што е потенцијален предизвикувач на рак на кожата.
Солариум - не благодарам! Не сум била и нема да отидам. Прво од здравствени причини, пошто никаде не сум прочитала ниту пак слушнала дека е здраво да се оди, а башка во денешно време и сонцето е штетно, а камоли солариумот. Обожавав да се сончам (на сонце, се разбира) ама во последниве години воопшто не се појавувам...сепак природно си е природно, ако требало да имам потемен тен таква ќе сум се родела
a be devojki ne ste svesni kolku e stetno Sonceto a ne pa i solariumite..moze ke se kvarcate i nisto nema da vi bide ama pokasno moze da se pojavat ne daj boze melanomi!a be denes i na Sonce mora da se pazi covek da ne se izlozuva i da se stiti od UV zracite koi se se pojaki..imam primer doma tatko mi go operiraa od melanom..ete se pojavil na lice..i mu kazaa od Sonceto ti e i sega treba maksimalno da izbegava izleguvanje na Sonce i da koristi obavezno krema..a zamislete pak tie infracrveni zraci vo solariumite..i na Oprah gledav kako od pregolemo izlozuvanje na Sonce ili ete odenje po solariumi stradaat od karcinom na kozata..zatoa cuvajte si ja kozata
ne sum bila na solarium i nemam namera da idam zasto mislam deka e stetno za kozata..ako sakam boicka bolje ke si se soncam prirodno si e prirodno
Штетно е и тоа многу! Најубаво е природно сончање, ама насабајле и попладне зошто и сонцево веќе е штетно. Јас на солариум никогаш повеќе подобро ќе се мачкам со крема за самопотемнување отколку на солариум да одам.
Никогаш не сум била, иако имам многу светол тен. Дека се штетни - штетни се и никој не треба да ги користи. Најчесто женските сакаат со тенот да прекријат некој недостаток по кожата, па затоа се препекуваат. Но, треба да се мисли што ќе се случи со истата кожа по неколку години. Брчки, пеги, бенки... се тоа може да се појави поради употребата на солариум, а да не зборувам за посериозните оштетувања на кожата и болестите. Порано јако ми беше кога ќе здогледав девојка со темен тен, но сега некако ми е дури глупаво и повеќе сум за светол тен
Штетен е стварно соларумот ако се посетува пречесто како некои наши познати фаци,ја старее кожата и уште многу работи,али јас посетувам некогаш на пролет или лето 2-3 пати колку да фатам малце тен и да бидам спремна за на одмор,не сум против за понекогаш,против сум за многу честото кварцање а тоа може да доведе од најмали до најголеми компликации зависи од кожата,а за стареење да не правиме муабет се брчка лицето
Ок ете си имала среќа што немаш никаква реакција, но секој организам е различен како и кожата и особено кај оние што имаат бел тен, предизвикува промени и проблеми, од искуство зборувам, ете погоре имам пост каде што кажав што како ми се случи. Во секој случај солариумот е штетен, макар и еднаш да одиш само, затоа што тоа се ултравиелетови зраци кои штетно влијаат.
Ок ете си имала среќа што немаш никаква реакција, но секој организам е различен како и кожата и особено кај оние што имаат бел тен, предизвикува промени и проблеми, од искуство зборувам, ете погоре имам пост каде што кажав што како ми се случи. Во секој случај солариумот е штетен, макар и еднаш да одиш само, затоа што тоа се ултравиелетови зраци кои штетно влијаат.[/quote] Еве сега прочитав стварно зависи од кожата имам една другарка е многу бела и целата се исфрли од солариум а заедно со мене одеше и се направи компликација некоја алергија,а тие новите стоечки не знам какви имаат ефект после не знам колку третмани и тие се стварно штетни еднаш бев и црвенило на стомакот ми се појави и никогаш повеќе,само одам кај тие што имаат од оние постарите солариуми тие имаат ефект повеќе ,од 2-3 пати добиваш асален тен и до сега ништо не ми било,али пак стварно е штетно свесна сум за тоа
Хммм баш постарите колку што знам се поштетни затоа што имаат стар механизам, барем така ми кажа дерматологот кај што бев, ама ок имаш среќа, инаку промените не мора да настанат одма, може да имаш и понатаму кога ќе имаш позрела кожа. Нареден пат размисли два пати пред да одиш
џабе кварцање џабе парите џабе кожата ќе си ја малтретирам.За тоа е летото крема за сончање и на сонцето пржење.Природно си е природно
Солариум - за или против? ПРОТИВ нескам на сонце печење во лето на плажа стално седам под сенка во периодот од 1 до 4, а не па да одам специјално да се печам под ласери колку и да викаат дека не е штетно јас не им верувам и нема шанса да одам
Пре би на лоботомија него ли во тоа фритезата. Не фала...не морам да кажам јас дали е штетен,кога веќе е ставен во топ глупостите кои го зголемуваат ризикот од рак. Шо да речам повеќе...
Природното сончање ништо не ми го заменува.Никогаш не би отишла на солариум,дури и страв ми е да си го замислам тоа зрачење.Уствари печење :? Сонце си е сонце,и тоа со граници ,оти не е и тоа тоа што беше!
Јас не сакм ниту на сонце да излегувам и да се сончам а не пак на солариум. не би можела да издржам затворена во тој простор плус жешко ниту 2 минутки а не пак 15 или колку и да трае третман. Си го сакам светлиот тен
Јас никогаш не сум била во солариум и нема ни да одам. Порано се сончав и во сред пладне ама ми беше пријатно. Последниве неколку години се сончам само после 17 часот,затоа што си осетив на своја кожа дека сонцето е многу штетно- пред неколку години ми излезе црвенило на стомакот и многу ме печеше hock: hock: hock: