Девојки знаете некој салон со добар солариум во Битола? И како се движат цените ме интересира и дали е ефикасно, фала ви
Девојки, тие што имате одено на солариум, имате бемки по телото? Јас се токмам на неколку третмани само, ама ми е страв за бемките. Ве молам за искуства
Две години не сум била на одмор, а добра боја од сончање на тераса не се добива. Оваа година сакам да одам на солариум. Да се разбереме штетно е ако одиш многу често, како што практикуваат во Америка три или четири пати неделно. Ако одам два пати колку малце да потемнам ништо нема да биде. Имав една другарка што беше и ептен добра боја имаше, исто како да била на одмор. Не премногу чоколадно, онака брознено... сакам и јас
edno vreme mnogu sakav da odam i toa vo zima no tetka mi koja zivee vo stanstvo ima 50 god i cel zivot odela kako mlada na solarium i sega celata koza i e zbrckana ne samo na liceto tuku po celoto telo.
Јас лично не го одобрувам солариумот. Денеска и сонцето е штетно а камоли солариумот, ама мене ми помага пред одмор да си ја подготвам кожата за сонце. Ќе појдам 2-3 пати по 5-6 минути пред одмор и никогаш не горам, а вообичаено секогаш првите денови поцрвенувам како рак па со помош на солариумот ја избегнувам таа фаза . За постојана употреба-никако!
Јас сум против. Дека не е здрав - не е и немам потреба да се изложувам на дополнителни ризици и покрај природното зрачење од сонцето кое тешко можеме да го избегнеме. Освен тоа не сум љубител на темниот тен, си ја сакам светлата природна нијанса на кожата. Дури и на одмор кога сум, никогаш не претерувам со потемнувањето. Не ми се исплати да вложувам којзнае колкав труд како некои и цел ден да се печам премачкувајќи се со разни препарати кога и онака бојата брзо ми исчезнува.
женски дали некоја наместо солариум ги пиела таблеткиве бронзан за потемнување ? имате некакви искуства ?
Како што знам, од таблетките не се потемнува, туку тие помагаат додека се сончаш побрзо да добиеш боја која ќе трае подолго.
Ги гледам сликите од пред неколку години и се прашувам што ли сум мислела кога сум посетувала солариум? Ужас. Тотално извештачено изгледа. Никогаш повеќе. Уште повеќе затоа што е ужасно за здравјето. Денес не би го заменила за ништо порцеланскиот тен. Ќе си пијам летово коктелчиња под сенка, не е за мене темен тен.
Јас од ко го гледав како мала Final Destination и ко се заглави една во солариум и се испече до смрт- имам фобија од солариуми и за ништо на светот не би влегла внатре!
Болна тема,ама да го кажам моето искуство. Кренал коњот ногата,кренала и жабата! Почнав да одам на солариум кога имав 19-20 год. Тогаш хит беше во градот. Сите со бронзен тен, па и јас, да не сум покусо. Ех, која будала сум била А, јас,бела- сирење. Ај бела, има и светли ко мене, ама со пигмент и потемнуваат лесно. Мене ми треба дооолго време на сонце за да добијам боја.Се печев како рак. И така, си одев во лето по неколкупати на солариум(не дека претерував),на почеток хоризонтален(шо вели една другарка,како во ковџег се осеќав),после тие понапредните вертикални-турбо. Ко ќе шетав после: ауу шуба,поубо стојат алиштата на темен тен. Се лажиш,ступерда! Свесна бев за последиците,ама пак си одев. Си велев,ништо нема да ми биди,сите одат. "Ако правилно(ограничено) го користиш,нема гајле." My ass! Ок. По некоја година,почнаа бенките да никнуваат-мали/големи(јас склона кон кожни проблеми) Откако се вработив кај лекар и почна да ми ги проверува бенките,ми забрани солариум. Тражили сте-гледајте! Откако ми забрани,јас уште еднаш отидов на кварцањево турбо солариум на 7 мин. и не издржав-се осеќав како кожата да ми гори и капак на се' беше сцената од Final Destination шо ми се вртеше во глава и реков-ова е последен пат во мојот живот! Така се откажав. Ќе си шетам бела Сега да сум со овај памет ах... П.С. и не го користете солариумот под изговор: одам за "подлога" да имам за на