Строго против сум, не сум била никогаш и нема ни да одам. И на сонце темнеењето не е здраво а не пак вака. Подобро посветол тен отколку нарушено здравје.
Не јас летово имав видлива промена тек после 3-4 пат. Одев на турбо солариум преку еден ден, почнав со 5 мин и зголемував секој втор пат за 1 мин.
Како и да е со едно одење од 5 мин, нема да имаш видлив ефект. Тек после 3-4 одења. Чоколаден тен се постигнува со барем 50-60 минути поминати во солариум ( секако, не од еднаш )
Тоа е многу индивидуално. Ако добро ја негуваш кожата, секој ден се мачкаш со хидратантно млеко за тело и не користиш јаки пилинзи ќе ти трае 3-4 недели можеби. Најдобро се одржува боја така што прво одиш преку еден ден, се додека не си задоволна од интензитетот на бојата, а потоа одиш еднаш неделно за одржување.
Каде е најдобар или помалку штетен солариумот? И ме интересира дали прв пат одење со 10 минути може да се добие бар малку потемна кожа?
Против сум, јас лично немам проблеми со поцрнување.И не би влегла во солариум.Некако мислам дека е штетно.Не е тоа тоа.