Бев годинава пред одмор неколку пати и многу поубаво поминав на сонце после тоа. Немаше горење, чешање, црвенило. Дури и алергијата на сонце ми се смири. Така што вредеше
Дали знае некоја колку пати т.е колку минути се доволно да добиеш боја? Гледам има понуди по 10 или 15мин
Da,jas sum ljubitel na solariumot.Vo leto goram na sonce i podgotovka pred izlozuvanje na sonce mi e solariumot.Lampite na solariumot se trosat i neophodno e redovno menuvanje i servisiranje.Sum posetila mnogu saloni i sekade na samiot solarium od vnatresna strana ima nalepnica na koja pisuva koga e servisiran solariumot koga se smeneti lampi i deka e bezbeden.Dokolku ne gledate takva nalepnica imate pravo da prasate a tie imaat obvrska da vi pokazat dokument i so toa da vi garantiraat deka nivniot solarium e korisen. Samo vo eden salon do sega Promedika estetik nema nalepnica a ne sakase ni da prilozi dokument.Ne redovno menuvanje na lampite doveduva do seriozni kozni zaboluvanja zatoa odberete siguren salon,citajte forumi, recenzi,preporaki od iskustvata na lugeto. Vo zavisnost od toa kolku ste bela vraboteniot e dolzen da vi kaze so kolku minuti pocnuvate.Prviot pat mozebi samo 3 min.ili 4 pa vtoriot 5 tretiot 6 ..i sekoj pat za minuta dve se pokacuva.Se zavisi od vasata boja na koza i od preporakata na kozmeticarot Afrodita s
Здраво, знам дека е штетен многу, но ми е единствен спас од алергијава на сонце и морска вода што ја имам. Одам пред одмор на море по неколку пати до пред две години поради бременост и доење... Сега веќе не знам дали уште има, какви се? Ве молам да ми препорачате некој во Аеродром или евентуално центар.
За алергија од било што, па и сонце, се пие лек за алергија. Каква алергија на морска вода имаш? Заштита со 50ка фактор редовно и седење во сенка е најдобра заштита. Солариум само штета прави, заштита никаква.
Се тоа е веќе пробано и не, не ми помага - значи не се работи за алергија од сонце, туку од комбинацијата од морска вода и сонце ( во Охрид немам таков проблем). Дури и да се туширам со слатка вода после секое пливање не помага. 50ка фактор is a must. Седење во сенка не е секогаш опција.
Како ти се манифестира, на тоа мислев. И јас имам алергија, добивам осип и ме чеша. Ама па солариум гори премногу, не би се изложила на тоа.
Рацете- од дланки накај лакти, нозете од стапала нагоре, од колена кон бутови, стомак и деколте регија. Не се црвени точки, туку како егзема - ме чеша и ми се набабрува до толку што не можам да ги свиткам зглобовите.
Исто и мене ме фаќа. Само се како ситни бубуљички, ама многу густи како егзема. Јас на бутки најмногу и раце. Отоци немам.
Зошто би оделе уште по солариуми? Земете си крема и готово, имате бронзен тен без непотребно лежење под ув зраци.
Затоа што кремите/пените за самопотемнување содржат состојка која е наменета за потемнување и мене буквално ми смрди и неможеш да ја избегниш.. И не можеш да нанесеш толку рамномерно како со солариумот.
Дали била некоја во силуете на солариум? Видов дека имаат стоечки солариум, па ме интересира дали е добар, сакам да почнам таму..
Здраво. Темата оддамна не е активна се надевам некој ќе ми одговори. Сакам да одам на солариум и да ми предложете кој вид е најдобар и најбрз до потемнување, тука има многу различни а немам искуство не знам за кој да се одлучам. Имам 2 недели време а сакам прилично црна боја да имам. Имам потемен тен и до сега не сум имала проблем со изгорување од сонце, со колку минути да почнам и колку често да одам? Ај хелп