Епа нормално дека ќе биде штетно без заштитна крема да се плеснеш да се сончаш во период од 12 до 16 часот
Јас секоја година се лажам, се мачкам со масло и мислам дека темнеам а уствари горам ама никако да ми дојде памет За ќотек сум
Ако имаш светол тен, голема грешка е да се мачкаш со масло. Тоа масло за тело и го прави на кожата истото што маслото за јадење им го прави на компирите.
Се согласувам со Хипица. Маслото е за потемнување, да, ама откако ќе доиеш одрен темен тен, ама не е за белите
Епа чим си фина како од Финска.... обавезно крем и тоа од тие бебешките, фактор 30.. ако фатиш боичка после можеш на масло да се префрлиш. Ова ти го препорачува ептен искусна сунчачка
да се надоврзам на муабетов...малце офтопик ама јас си користев крема за сончање од бекутан со 50 заштитен фактор, онаа за бебиња....зошто сонцево буквално пржеше....па како знаев се криев што помалце да се печам,а на солариум не ни помислувам
Нема шанси да отидам на солариум. Пред неколку години една девојка почина од солариум. Одела низ сите козметички салони бидејки 5 минути и биле малку за цел ден па така сите ги изредила низ градот и на крај починала и се спржиле органите. Само природно сончање до 12 часот и после 17 му е мајката
Не сум одела, ниту пак планирам. Немам проблеми со горење на сонце, немам светол тен. А ако евентуално сакам да фатам малку боја, се излежавам со книгата или слушалките на тераса и тоа ми е сосема доволно
Еве шо викаат Overexposure to ultraviolet radiation is known to cause cancer,[9] make skin age and wrinkle faster,[10] mutate DNA,[11] and reduce the immune system,[12] as well as other possible effects. There is no proof that these side effect are worse from tanning in a tanning bed or sunbed than from the Sun, due to the different intensity of the Sun and spectrum of the artificial light. значи а солариум, а сонце исто ти се фаќа, штетно и тоа и тоа. Амо овоа е што највише плаши Young women who used sun lamps for tanning while in their 20s had the largest increase in subsequent cancer risk – about 150% higher than similar women who did not use tanning beds.
Против дефинитивно. Пазете се од сонце, крема заштитен фактор 30 најмалку. Не идам на соларијум, мислам дека можи да биди опасно...
ПРОТИВ!!! Иам многу лошо искуство со солариумот... одев лани едно 6/7 пати мај месец,изгорев и ми се појавија некои црнки по телото... Што е најстрашно имав линии по грбот од неонките на солариумот и морав цело лето така да го прешетам
ПРОТИВ! Никогаш не сум била, а не ни планирам да одам. Имам светол тен, и не потемнувам туку горам. Затоа ни солариум, но сончање - си седам под сенка, и онака ми е поубаво.
Iskreno sonceto e mnogo postetno nego solarium.Taka da moze da se otide u solarium tamu u prolet poso mene kozata mnogo mi gori na sonce i podobro e koga ke ides u solarium pa posle sonce nema da si saren i tolku ispecen od sonce! A za rak na koza i bla bla ako ti e pisano ke si go dobies rakot i od sonce, nekoj nikad ne vlegol u solarium ili pak ne iskocil na sonce pa e bolen od rak na koza.Toa e treba da si praite sto si sakate poso zivotov i kratok!
се согласувам со majami и јас имам светол тен и практикувам 4-5 пати сончање во солариум на пролет вака... бела сум ко дух посебно нозете и неможам така да излезам на сонце готова сум одма
А бе и солариумот не е баш здрав ама тоа е, јас сега направив три третмани од по 8 минути во турбо солариум, не дека сега сум потемнета ама морам да ја спремам кожата за на сонце. Сега сонцето пече-гори и кој има посветла кожа тешко него.
хм ако гледате така се е штето на свој начин.. и сонцето.. и солариумот..и чоколадото.. и алкохолот.. и грициките.. и гелот за нокти ги оштетува ноктите.. итн итн.. мн работи се штетни.. се е ОК доколку е умерено.. и мислам со 5-6 третмана не се случува ништо страшно.. но доколку претераш.. е лошо.. исто како што ок е да испиеш една чаша вино.. лошо е ако испиеп.. 10.. јас сум решена ова лето да одам на солариум па што сака нека биде.. до сега немам никакво искуство ама сакам да поцрнам оти сум мн бела.. и никако да потемнам