пред матура скоро сите другарки ми отидоа на солариум! не сум против ако некој е мн.бел и сака малку потемен тен, ама дефинитивно не сум за солариум често. јас не одам, ниту ќе одам, имам осетлива кожа, а знам и многу со лоши искуства.
Штетен е! Што ќе си ја бараш бељата да одиш. Може мала флека на кожата да ти направи компликација, па нема да можеш лекарства да примаш поради бременоста. Остај, може само да си искомплицираш, ја не би ти препорачала да одиш .
јас почнав да одам на солариум од саботата почнав идам преку 2 дена до сега два пати бев и малце сум црвена до вечерта али утрето црвенилото ми го снемува
Јас сум за, но само во умерени граници. Не оправдувам некој кој цела година се кварца во солариуми. Не верувам дека е штетен ако одите еднаш во годината за да добиете боја, штетен е за оние кои секоја недела во годината поминуваат минимум 2дена во солариум, а има и такви верувајте. Според мене подобро е да одиш на солариум и да ја подготвиш кожата за сончање одколку бела да одиш на плажа и да изгориш- а и да не изгориш, сепак, кога претходно имаш боја од солариум кожата не се лупи како што тоа е случај при нагла изложеност на сонце. А за оние кои имаат бемки, пожелно е кога се сончаат било во солариум било на сонце да ги заштитат со нешто- пример ханзапласт, секако зборувам за поголеми бемки. И како да шетам бе луѓе сирење на плажа (добро не сум баш сирење, кашкавал сум ), меѓу еден куп исончани луѓе? Како да го облечам мојот мал бел фустан и да ги покажам нозете ако немам убав бронзен тен? Тоа е мое мислење, едноставно сакам совршенство, сакам да сум со секси бронзен тен барем во летниот период, и секогаш прво одам на солариум па на одмор и никогаш нити горам, нити ми се лупи кожата кога сум на одмор. И тенот ми трае долго. Значи да не должам повеќе, за но само 10-максимум 15 пати во годината. Поздрав
Јас сум природно црнка но и да не бев никогаш не би отишла на солариум.Посебно откако ја видов сцената на фајнал дестинејшн 3 со смртта на девојките во солариумот (СЕ ЗЕЗАМ) Не би отишла мислам дека е штетен и шири радиоактивна енергија
одамна се готвам , ама некако на крајот сепак одлучувам златното ни сонце да го искористам за да добијам тен ме предомислува тоа што ми велат штетно е не оди , а од друга страна некои другарки мн се фалат дека преубав тен добиле со 10 третмани
ПРОТИВ сум за солариум никогаш не сум била па нема ни да отидама,во странство е со закон забрането козметичките салони да имаат на располагање солариум,зошто е премногу штетен и опасен за кожата,подобро ќе се печам на сонце одколку да влеџзам во солартиум после тоа не дај божќе да имам некакви последици не фала
Сум одела, имам погоре пишувано, инаку од оваа година Америка и официјално го стави солариумот на списокот на причинители на рак на кожата. Навистина е штетен, мислам дека не треба да се ризикува.
Немав ништо против солариумот, немав никакво мислење за тоа, се додека не го гледав Final destination 3 и двете другарки изгореја во солариум!!! уфффффф... страшно! строго се противам на солариумот! си бев некој ден во Охрид и си добив тен како што сакав, не сакам солариуми!
На мојата другарка тетка, млада , убава девојка, редовно одеше на солариум. Еднаш додека се зрачела во него, се случил некој куршлус и девојката беше цела во пликови. Лицето и се упропасти сосема. Од тогаш не сака ни да чуе. Не велам дека на секој ова може да се случи, ама пак, ризик си постои. НЕ за солариум!
Јас имам чоколаден тен, но пред одмор традиција ми е да одам да ја спремам кожата за долготрајна изложеност на сонце.. По него имам навистина убава боја која долллллллллго ми трае Ова ми е веќе 5та година како одам на солариум и немам негативни последици.
Големо не за солариумот! Најголем непријател на кожата. Прашајте било кој дерматолог и ќе ви каже дека премногу е штетен. Штетно е и сончање на сонце во било кој период од денот. А,не па без потребно изложување на вештачко светло.
Знам дека се штетни ама сум била неколкупати на почетокот на летната сезона за да добијам порамномерен тен по цело тело ама само на по 1 полачасовен третман, јас сум си природно темничка и не ми треба многу ни сончање ни кварцање.
Не ми се веруваше дека има некој што гласал за, а не па дека толку многу Ова чудо е претерано многу штетно
Не сум била, не ни планирам. Имам бел тен кој брзо потемнува. Си одам на плажа си се сунчам на природното сонце додека е здраво наутро и навечер, си дишам морска вода и не плашам дали ќе имам пликови, дали ќе ми делува негативно. Плус јас имам многу бемки, не сакам да ризикувам со солариум!