ПРОТИВ!!! лошо искуство на блиска личност! Сакајќи да изгледа како Хали Бери се напраи како Мајкл Џордан!
Никогаш не сум била,а не ни планирам.Подобро ќе се печам на сонце иако и тоа е штетно но сигурно не е повеќе од солариумот
Досега не сум била на солариум, а и немам некој бел тен и мислам дека е многу штетно и никогаш нема ни да се излажам да одам. ПРОТИВ
Едно големо НЕ за солариумот. Една моја пријателка го изгуби бебето од солариум, беше недела и неколку дена бремена и од тогаш трауми имам....Пред матурата сакав да се искварцам малце ама правев муабет со еден дерматолог и ми рече најстрого ти го забранувам солариумот и од тогаш не ми ни текна за тоа...
Солариумот предизвикува рак на кожа така да едно големо НЕ од мене. Во Австралија е со закон забрането за лица испод 18години и за луѓе со многу бела кожа(fair skinned)нешто како Никол Кидман бидејќи тие се најподложни на меланома.Исто мора да биде истакнато дека кварцањето предизвикува меланома,нешто како ознаките на цигарите,ако не се почитува законот следуваат казни во милионски суми.
Обожавам исончано тело,особено преку лето и затоа посетувам солариум! Не пречесто ама во летниот период си земам еден ,,пакет,, од 72 минути (распеделени по 3,6,9,12 минути) во турбо солариум и го добивам посакуваиот тен! Најчесто одам пред летниот одмор, бидејќи солариумот ми доаѓа како подготовка на кожата пред да се изложам на сонце! Факт е дека зрачењето во солаирум не е здраво и предизвикува несакани последици (пу пу скраја да е) но мислам дека реткото користење на солариум не води до тие последици (или само така се тешам )
Одам на солариум секогаш пред да одам на одмор. Еден одмор ми помина во плачки поради горење на кожата, последниве години сум отпорна на тоа и веднаш фаќам боја но само заради тоа што пред да одам на летување одам на солариум. Моја најдобра другарка работи во козметички салон и сето тоа го правиме тајно, без никој да дознае и без пари Таа нормално си се разбира во тие работи па никогаш не сме претерале. Многу ми помага да се чувствувам спокојно кога сум изложена на сонце. Знам за сите негативности, но ова што јас го правам не е претерано. Заради моќта на солариумот не стравувам од изгоретини. Секако дека користам заштитен фактор и внимавам на тоа колку време сум изложена на сонце но во секој случај сум многу по спокојна.
имам една другарка што редовно посетува солариум , и е задоволна од тоа, ама таа си знае отсекогаш сум била ПРОТИВ солариумот, и никогаш не сум била, а нема ни да одам знам дека од тоа популарно наречено кварцање, се добива рак на кожа, а ако сакам да потемнам ке се советувам прво со дерматолог со кои препарати би го сторила тоа
Никогашне сум била на солариум и нема ни да отидам,зашто да се кварцам и да бидам како повеќето коа мозе да сум бела и да бидам како малкумина .Солариумот е штетен тренд кој за жал многу го практикуваат,кој сака да поцрни може рано сабајле додека е послабо сонцето да се сонча користејки каротенски препарати.Јас лично користам 50 фактор и си седам под чадор
Јас сум против ова чудо - изум. Мразам таков вештачки тен, штетен е солариумот, помодарството е зло на 21 век.
И јас сега сум против, а порано не бев А тоа е така затоа што пред некое време бев на солариум, и јас така си лежам внатре, и си ги бројам тие сијаличките, кога оп одеднаш снема струја и јас заглавив внатре знаете ке умрев од страв, кога ме фати една паника, а ништо неможеше да ми се случи ама ајде, и така си излегов низ тој еден отвор кој го има секој солариум, и од тогаш не ни помислувам на тоа ЧУДО
Не ни помислувам да одам некогаш, се што е вештачки добиено не е добро, во ова време кога не знаеме каков е воздухот што го дишеме, само уште вештачки зраци ми фалат Ако знаете да се сончате рамномерно, нема потреба од вештачко горење, со тие пари поарно е да се оди на плажа...а и поздраво. Совет до оние кои сакаат рамномерно да поцрнат: шетајте покрај морето/езерото барем по 2 минути на секое одење на плажа.
Лелее не Соларијум никако.. Не би одела да се кварцам-што би се рекло на нашки Доволно е низ белградов сите риби што се искварцани со бели коси, да ти се слоши Лично јас не би одела на соларијум, ми е гајле си го сакам мојот тен иако ми е светол. на одморче ке си се мачкам со кремче ке си станам ко циганче ке ми постои бојата малце и готово, следната година пак
Ниогаш не сум била и не сакам да одам во солариум. Обожавам темен тен, но природно добиен. Јас сум зависник од сонцето и обожавам да се сончам. Солариумот мислам дека е поштетен од сонцето. Освен тоа, сонцето е бесплатно Ахх едвај чекам да се сончам...
еве јас лицно сум индиферентна кон прасанјево зосто мислам дека има и многу постетни работи во денесницава,имам дома солариум ама јас најретко од сите се сонцам не оти мислам дека е стетен туку едноставно ми помина меракот имам таков тен сто и 10 минути да седам на сонце одма добивам боја и затоа многу не се стремам на друг нацин да ја добијам,другарките постојано ми велат леле ја да имам солариум дома се ке се сонцам нема врска да не бегам од темата јас сум за но се разбира во граници се сто е помалку или повеке е стетно
Маја, да, подобро е сонцето, ама знаеш ли колку полошо и правиш на кожата кога ја изложуваш директно на сонце без претходно да ја подготвиш (на солариум)? Така се добиваат дури и изгореници, а ако одиш на солариум постепено темнееш и потоа кога одиш на одмор само си го засилуваш тенот, без да стравуваш од изгореници. А потоа ако сакаш да имаш тен и после одморот, или да ти се изедначи бојата, можеш да одиш на уште неколку третмани и ќе имаш убава боја. Јас со душа чекам да помине уште некој месец и да одам на солариум- ме нервира кога сум вака со бел тен ( не ми пречи во зима, ама сега кога треба да се разголам сакам да имам боичка ) Не можам да ги сватам искрено сите тие што се против солариум а се сончаат и тоа кога е најјако сонцето. Ајде да си против солариум ама да не се сончаш воопшто, ама вака п.с. Маја ова не се однесува дирекно за тебе, да ме мислиш дека ти тргна со напади по темиве ,
Сум била двапати многу одамна за проба Повеќе ја сакам природната боја онаа добиена од сонцето постепено без да добиеш изгореници ... ех кога ќе дојде тоа
Се огласувам со мислењето на Сесилија :up: ! Не можеш без грижи да се изложиш на сонце ако претходно не си направил подготовка на кожата (мислам на солариум) Па ако сакаш земи го и средството со најголем заштитен фактор пак ќе си имаш проблеми со изгорници ако претходно не се исончаш малку во солариум! Па и сонцето не е до толку нештетно колку што се мисли! Плус ако знае човек да го користи солариумот правилно не би требало да се јават несакани последици! пример јас секоја година, пред летниот период земам пакет солариум од 72 минути но правилно распределени! Одам двапати по 3 минути (значи тоа му иде како подготовка на телотот), двапати 6 минути, двапати 9 минути, трипати 12 минути! И мора да се придржувам кон редоследот за да не се соочам со проблеми! Досега не сум имала никакви несакани последици и слободно си се сончам кога одам на одмор! Е после да ја видиш Мина со каков тен се враќа а природно е бела, абе најцрна од сите сум! Значи ако разумно се користи солариумот мислам дека не би требало да има негативни влијаниа и баш препорачувам пред изложување на сонце да се поминат неколку минутки во солариум! Плус белиот тен сеуште не е во мода
Прв пат бев лани, 40 минути вкупно, одев на два или три дена пред одмор, па после на одмор се мачкав само со едно масло од моркови и можете да замислете каква бев, право Циганче Сега пак си се спремам летово, додуше штом затопли и почне сезна на шорцеви, јас сум на солариум За штетно или не, јас не верувам дека е нешто особено пострашно од печењето на сонце.Барем од солариум не ме боли глава и не сум малаксана.Да го користиш цела година не е убаво, ама вака две три недели во годината, не верувам.