Јас си почнувам од втора половина на април, одам 3-4 третмани за 10 дена, добивам солидна боичка, брзо темнеам, мај си одам секоја недела по еднаш, на одмор заминувам од 1-5 јуни секогаш, и секогаш пред одмор уште два солариума ќе удрам, од одмор се враќам ,,банту,, со помалку изложување на најштетните зраци од 12-3 , и си имам боја цело лето, која ја одржувам со викенди во Ох, базен...крај на август пак одам на одмор, и ме држи таму до октомври, 3-4 солариума во ноември....и цела година скоро имам боичка....само од јануари до сега сум ,,природно обоена,,... Ете тоа ми е шемата за сончање и користење солариум неколку години наназад....и мислам дека е оптимално....ем не претерувам, ем на одмор не се печам како рак на најсилното сонце, кое што е преееееееееештетно.....
Не бе сеси, уживај, го почитувам твоето мислење Инаку споменавте дека требало подготовка во солариум пред да се сончаш на сонце. Никогаш не сум пратикувала така. Со тоа што кога излегувам на сонце не се печам уште првиот ден, по цел ден на +50 степени па да изгорам. Си ја знам мерата
Сум била неколку пати до сега,но не планирам да одам во иднина. Ниту сум за ,ниту сум против. Сите сме запознаени со штетноста на сонцето,па затоа се користат креми,со заштитни фактори,и се изложуваме во одредени периоди од денот,кога УВ-зрачењето е најмало. Но исто така не треба да се заборават и бенефитите од сонцето.Под дејство на сончевите зраци,провитаминот D,се претвора во витамин D,кој му е потребен на организмот. Спојлер Но не се сите запознаени со несовеноста на луѓето.Јас колку што сум упатена, УВ-ламбите на солариумите,треба редовно да се сервисираат, и менуваат,што во нашиве салони не верувам дека е пракса. Секоја чест за оние кои совесно ја извршуваат својата работа,и здравјето на клиентите им е во прв план.
Јас и вака и така бегам од сонце а тек па да одам на солариум. Пред две лета, бегав од сонце како луда, се мачкав со млеко кое има висок фактор и бев поцрна од било кога пак. Ни се лупев, ниту бојата ми се вадаше лесно, до следното лето се уште имав траги. Како и да е, штетно е, нема потреба од такво уништување. Ако веќе до толку е голема желбата, што и да правите не се моркосувајте!
против,најштетно е,прочитајте ги најновите истражувања во врска со ова... само кај нас е уште во мода...
Против. Другарка пред матура ја изгореа, флеки и се направија по цело тело. Се знае кога се оди на одмор, првите 2-3 дена само под сенка-чадор. Сонцето е на најјако пуштено и се сончам и под сенка. После 2-3 дена сончање до 12 и после 3-4. Годинава сонцето ке биде премногу штетно. Јас вчера бев пола саат на сонце и се исфрлав цела по лицето и рацете. Цела бев со црвени точки на лицето. Катастрофа. Кога ке одам на одмор летово, здравје, нема да се сончам. На сонце печење ко до сега никако! Инаку немам проблем со поцрвенување, па температури, фаќам боја одма! После 10-12 дена црна сум мноооооооооооогу!!! Од неправилно сончање имам неколку бемки на рамениците, е тоа не е убаво!!!
Строго против! Тоа е тоолку штетно, а нема некоја трајна бенифиција, па ајде малку ке си наштетам ама ке вреди.. искрено една од најглупавите работи за мене.. толку лесно може од тоа да се заболи од рак на кожа а да не зборуваме за другите инфекции и заболувања..
и јас сакам да одам 40 минути вкупно има таков пакет.Се забележува ли разлика во бојата или ќе треба да одам повеќе?Значи не сакам да поцрнам како на одмор да сум била туку онака2-3нијанси од мојата боја
Јас сум голем поборник против употребата на солариум (претераната). Оправдувам неколку третмани, кога навистина се има потреба. Но, јас лично не би одела на солариум. Ми има влезено во психа дека е штетно бидејќи е вештачко и готово.....сега ништо нема да ме натера да одам на соларум хахах. А за сонце немам гајле. Порано се печев кога стигнам. Не правев разлика дали тоа ќе биде од 11.00 до 16.00 (време кога УВ зрачењето е најголемо), сега повеќе внимавам и на тоа Бојата што ја добивам за време на летото ми стои и по цела година (ми се познаваат купаќи )
Против! Природно си е природно, ништо како Сонце наместо посетување солариум сончајте си се, ако потешко добивате боја мачкајте се постојано и сончајте се почесто сигурно е подобро од зрачење и солариуми и триста глупости на кои фрлате пари
Од понеделник дефинитивно почнувам со другарка ми,и тоа во "Studio Ѕecret" ...само сакам да ми каже некоја од вас,дали е штетно да се користи солариум без градник ,или потполно гола Чекам на вас
Јас одев само по гаќички, а мислам нема врска како ќе одиш, каква заштита би ти пружил обичен материјал.
тоа си мислев и јас..али другарка ми ме исплаши денес! И двете кје влеземе од понеделник..но таа се плаши без градник,оти мисли кје им наштети на млечните жлезди,па ме премисли и мене ..уште нешто : кој солариум е поефикасен - стоечки или лежачки
Луѓе дајте помагајте,кој солариум ми препорачувате да го користам : стоечки или лежачки? ваљда е истиот ефект,ама кој е поефикасен според вашите искуства?
Стоечкиот мене ми е похигиенски. Некако не ми се легнува некаде каде пред мене се потеле 100 луѓе јас секоја година пред одмори си одам на солариум, мај некаде, ама по 3-4 пати, малку да фатам боја, не ми се познава, не да се препечам туку да добијам основа за на сонце. И коа ќе излезам на сонце не горам, туку за еден ден црна. Мада мене и онака не ми гори кожата, вака само побргу фаќам боја Знам дека е штетно, ама штетно е и на сонце да се печам по цел ден....така да сметам дека го користам во граници на нормала и умерено
иди се гола скроз за да не ти се познаваат линии, тоа со млецните злезди нема везе,инаку ја би ти го препорацала стоецкиот солариум од цисто хигиенски разлози
никогаш не сум одела на солариум бидејки има многу штетно дејство.. меѓутоа ако гледаш така денес што не е штетно.. па решив да одам летово пред на плажа убаво да се поцрнам бидеќи многу тешко фаќам боја а обожавам чоколадна боја на тело посебно со косава и со очиве кје ми одговарат само мајка ми да не знае оти кје ме утепа и од сега се водам според оваа девиза : Ништо не е погрешно, ако тоа те прави среќен!
Ахх мајка ми..она не се сложува со мене,али овој пат на своја глава ќе терам !!оти сум многу бела,и не ми се допаѓа воопшто да идам таква на матура со кратко фустанче значи стоечки фала ви многу дечки
Имам прилично бел тен и планирам да одам на солариум. Знам дека е штетно донекаде ама сега кога се повеќе се наближува летото се посигурна сум дека ќе одам. Инаку брзо фаќам боја летно време ама и многу брзо ми ја снемува бојата па сега ќе видам со солариумов како ќе биде.
До сега никогаш не сум била на соларум ама после твојов коментар сакам пошто и јас имам бел тен и не верував дека само неколку третманчиња ќе ме поцрнат ама еве ти викаш дека црнееш. Па те молам ќе може да ми пишеш кај идеш и колку пари кошта?