Никако солариум! Многу е штетно и ако сакате брзо да добиете боја подобро креми за потемнување или слични производи, а секако на сонце е најздраво, само во лето пред 12 и после 16 часот.
На Солариумм..не сум ни помислилаа да одам,едноставно тоа ми претставува губење на време и залудно трошење пари и + ја оштетва кожата ,најдобро е природно сончање,секогаш си добивам боја ,црна катран хД
zenski odam sega na sloarium prv pat mi e ama mnogu me ceska teloto normalno li e?falaa pozz [mod-kirilica:yrogcxcq][/mod-kirilica:yrogcxcq]
Не. Не оди повеќе, или прво консултирај се со лекар да ти каже зашто така А може и си отишла во неквалитетен солариум. Имам читано дека тие некои сијалички треба да се менуваат на одредено време, ама некои салони кај нас за да заштедат ги менуваат на подолго време и може да дојде до изгореници на кожата и печење, чешање, иритација
јас почнав на солариум,бев веќе 2 пати,денес ќе одам 3 пат,добив некоја нијанса малку,ама со оглед на тоа што сум пребела и проѕирна во нозеве добро е толку,задоволна сум,рано е да се каже имам уште 6до8 третмани па ќе видиме.Инаку сум против прекумерно печење,па и на сонце е штетно,ама вака еднаш годишно пред лето,добро е да се подготвиме за сонцето
чешкање, печење, пликови од солариум не се добар знак или е неквалитетен солариумот или не го избришале послке таа што лежела пред вас и останало пот која нормално може да предизвика алергиски реакции во најмала рака. јас секогаш ја викав вработената да избрише убаво со средство за дезинфекција,а таа ама избришав.......абе дојди уште еднаш пребриши .ианку да , соларум во нормала не претерување.
Против. Зошто? Зошто не е природно! Пред да влезете во таа капсулата, сте прочитале ли на интернет на кој принцип работат и како се одржуваат? И дали сте се запрашале дали кај нас се одржуваат според прописите? А јас гарантирам дека кај нас им е најважно да купат мега гига сан модел солариум и после го зрачат илјадници саати. Без око да им трепне! Најприродно сончање е на сонце, колку и да е штетно, поздраво е од ова вештачково, а треба да знаете како да го користите, се знае, во раните утрински часови и во доцните попладневни часови. Башка, сите кои сте бели (еве и јас сум бела ко сирење) зашо со сила се праите црнајци? Па не личи... Башка порано имаше драж, ќе видиш некој фатил боиче па знаеш бил на летовање па каде како што. Ова сеа, сред зима, надвор -20, а вие со бронзен тен, безвеза!
Солариумот не е никаква подготовка за сонце. Сонцето се знае како "се користи". И вештачката боја од солариум, креми и спрејови нема да спречи да се испржите од сонце, ако не внимавате кога одите на плажа. Значи највише се ежам коа летно време ќе ги видам како во 12-13 часот идат на плажа и се сунчаат! Ајде да се седи под сенка, лимунада, коктелче, тиреков мирече, ама... ем сите знаат, ем сите се пржат да фателе боја, бре бре....
Не ми треба солариум, или татко ми не ми е тој што ми се кажува дека ми е, или пак имам некој црнец предок, хахаха
Луѓе се изначитав и психата ме отепа.Јас за прв пат во мојот живот бев на солариум денес пред 2-3 саати (4 мин) и сега кога бев во тоалетната си видов горе на ногата една мала кафеава точичка (како оние бенките што си ги имаме од раѓање).До сега никогаш не сум ја видела. Глупо прашање,ноо....можно е нешто од ова ? (сепак само пред 2-3 саата бев за прв пат во животот но од се што прочитав ме уби психата) Благодарааам
Абе девојко не зафркавај- од четири минути бемка Јас годинава лежев можеби повеќе од 2 часа, па не ми е ништо освен што имам убав тен, немој да си фантазираш толку, психата е опасна работа
Против! Не дека имам темен тен, онака среден нормален и лесно темнеам со разумно сончање! Ранобудник сум (на одмор особено, сакам се да искористам) па станувам во 8h кога и да сум легнала одам на плажа се сончам до кај 10ипол, тогаш ќе ми се приспие, назад во смештај и пак во кревет додека не станат спанковците и да ме разбудат во 12 и после до 5ипол никако на сонце, не за џабе постојат кафичи на плажа да може под сенка да се ужива! А и за мене тоа ми се непотребно дадени пари! Секој со своето мислење...
Девојки да ве прашам за солариумов, пошто сакам да почнам од следната недела... Дали заштита за очи ти даваат? Пошто ми нема логика да носам од дома очила со УВ некако банално е бар за мене.... дали пред да идам треба да се мачкам со млеко за сончање, после тоа со млеко после сончање со заштитен фактор или нема потреба? дали тоа јас да си го носам или сепак таму даваат некое средство... Фала ви многу али не е срамота да прашаш-срамота е да не знаеш
Не треба да имаш ниту шминка на тебе,ниту млеко за тело,ништо,истуширај се и не се мачкај со ништо.А за наочари јас не сум видела,може негде даваат ама не знам
Зависи каков солариум. Јас морав да одам во воена болница, тоа ми беше дел од третманот и тој всушност не беше штетен туку корисен. А во таков солариум во студиата за убавина не сум била ама не ми се некако убедливи.. Природно си е природно... на плажичка ќе си се исончам.
Имам едно прашање. Вака... Планирам да одам на солариум пред одмор. Можете ли да ми кажете колку пати треба да отидам за да добијам убава боја, но не многу темна?
Јас знам само дека на почетокот треба да почнеш од многу малку, а со тоа и би требало повеќе пати да одиш. Мислам прво да отидеш на кожен лекар да ти каже по колку време да почнеш (на пр. јас знам дека почнав со 5 мин од едната 5 мин. од др страна.