планирам да идам на солариум од наредната недела. Можам да идам во кочани, па некој од таму нека ме извести кај имате солариум, да знаете многу ке ви бидам благодарна ии од минута се плаќа така???колку пари?
Денес баш бев на солариум... не успеав да се исончам во Охрид а бела сум за нигде После колку време се мачкате со млеко за тело?
А да ве прашам за разлика меѓу турбо и обичен солариум? пошто навистина незнам што е финтава, вика за обичен 12-20 мин, и за турбо исто не ми е некако логично, а и кој е поефикасен ако знае некоја да ми одговори али колку е можно порано Фала многу и поздрав
Koj седи на турбо солариум 20минути? Јас ептен црна кога бев не ми даваа повеќе од 9 минути, за вакво нешто прв пат слушам.
Во Кочани солариум има Анита во Миолифт кај неа можњш да одиш, јас сум и муштерика кога си идам во Кочани и ако одиш поздрави ја
Епа и јас се чудам тоа...викам каков солариум вика турбо со третман од 15-20 мин...не е логично бар од тоа што знам и што слушам...на кој побрзо се фаќа боичка?
Солариумите ги има различни, турбо солариумот е далеку поисплатлив и многу побрзо се фаќа боја! Јас на пример си одев на турбо солариум (стоечки беше), и најдолго можев да се задржам до 12 минути (таков си беше солариумот,до 12 минути)! Си земав пакет солариум со вкупно 72 минути и одев двапати 3 мин, двапати 6 мин, двапати 9 мин, и трипати 12 мин! Морав да се придржувам кон редоследот бидејќи ме предупрдуваа дека може да си наштетам ако веднаш си влезам на 12 минути! Иначе ти зборам за солариум во Струмица! Јас не би се гњавела со обичен солариум бидејќи многу бавно се постигнува ефектот и сум нестрплива! Оваа лето после неколку години за првпат не отидов на солариум и искрено ми е мака и страв од сонцето! Не ја подготвив кожата со солариум третмани и сега шансите да изгорам од сончевите зраци се поголеми! Ама тоа е, ,,тенка,, сум со пари, немам доволно време и ќе му се препуштам на сонцето кое се надевам ќе биде милосрдно!
Турбо солариумот е побрз од обичниот (мислам дека е и поскап), ама затоа пократко треба. Исто така треба да се почне од малку време неколку третмани па постепено да се зголемува, на пример од 2 мин на 5 мин па на 7, 10. Мислам дека како што кажа Мина најмногу е 12 мин. Зависи од твојата кожа колку третмани ќе имаш, ако имаш блед тен за да постигнеш убава бронзена боја ќе треба да имаш повеќе третмани ама мислам дека со пауза, за да не си наштетиш.
Што знам не сум многу информирана за солариумот како средство за потемнување,ама видов погоре во коментарите објаснувања од типот не бев на солариум па сега се плашам од штетното влијание на сончевите зраци! што знам според мене со самото изложување веќе на солариум се врши малтретирање и и се штети на кожата,башка на вештачки начин..не дека сонцево е подобра опција и тоа е веќе заникаде,ама со самото изложување на солариум веќе штетата е направена..сепак јас сум за природно сончање,за оние кои се како мене бели и брзо горат јас лично би препорачала сончање во одреден период од денот кога сонцето не е толку јако и штетно,да речемо наутро до 10 и 30 и поручек од 16 и 30..мислам дека се совршени периоди за фаќање боичка на пробламатичниве кожи.
Сум за солариум не сум против(иако досега не сум била бидејќи си имам природно убава боичка )за тоа дека е штетен па нормално штетен е ама и на сонце кога ќе се сончаме и сонцето е штетно, што значи и соларимот и сончањето се штетни за кожата ама се трпи за убавина
читај ки ги коментариве ме испоплашивте,а баш сакав да одам ,мн ми е страв да не се случи нешто да не ме фати сруја едно др,башка не глеаш нормално нешто пожар да не избие а да нема некој да го надгледува,а некако и кластрофобична сум,а имам млеко тен мислите да не добијам опекотини наместо исончан тен..леле луѓе ме испоплашивте а мн сакам нз што да равам помош?
со 5 третмани се забележува разлика? ошто немам време, на свадба сум а одморот ми е во август и сега нејкам на свадба да испаднам скрос бела...а несакам многу да се изложувам ба такво чудо...
Миси, знам дека не е смешно, ама ме изнасмеа Каква струја, каков пожар, оди на турбо за помалку да седиш, седи првин 2-3 минути за да се навикнеш и после да можеш и подолго На турбо солариум се забележува и тоа како разлика после 5, за обичниот не знам.
знам дека е смешно ама имам глеано таков филм ,на една типка и се заглави вратата од солариумор,и го затресе а одозгора имаше чаша со вода и и се истури и пожар изби нешто,глупости вака така ,и од тогаш некако шубе ми е а сакам да одам .
Јас сум против! Зошто да се презема ризик, кога можи и како скандинавките што прават, да сеодбери побезбедна варијанта наречена тен масажа, ем релаксира ем природно потемнувате, колку што можите односно колку што имате пигмент, јас сум мн бела, и имам мн малку пигмент и прв пат потемнав после тен масажата, бидејќи секогаш горам на сонце, а теско потемнувам.
Јас планирав, ама не отидов на солариум и овој пат. Делумно заради финансиски причини, делумно затоа што ми беше страв. Инаку бела сум многу и се надевам дека нема да изгорам.
И треба да ви е страв. Јас каков убав белег си имам откако на 22 години ми сечеа меланома фаза 1, никогаш нема да ви текне на сонце да излезете без фактор 30 минимум, а камо ли да плаќате за солариуми. Тоа -нема мене да ми се случи- да си го извадите од глава и да знаете колку е само реален тој ризик на на кој самоволно се изложувате.
Никогаш не би го направила тоа..и плус што имам витилиго и може уште посериозна работата да ја направам затоа е подобро да не ризикувам