Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Солариум – за или против?

Дискусија во 'Тело' започната од gracija81, 10 февруари 2010.

?

Дали сте за или против посетувањето на солариум?

  1. За, редовно одам на солариум.

    21 глас(а)
    4,4%
  2. За, но само ако не е често.

    229 глас(а)
    48,1%
  3. Против!

    226 глас(а)
    47,5%
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    категорично против.
    се што е вештачко е штетно, па така и ова.
    не сум нешто бела, ама би сакала да имам потемен тен во овој период од годината кога боичката веќе ми е падната, ама срце не ми дава да трошам пари на нешто што ми штети.
    и смешни ми се споредбите на солариум и сонце, докторите препорачуваат умерено изложување на сонце пред 11 и после 16 часот затоа што сонцето помага во стварањето на витамин Б, потребен за правилен раст и развој на коските, а за солариум не сум слушнала некој да вика идете здраво е, баш напротив. Разликата помеѓу UV зрачењето во солариум и изложувањето на сонце е тоа што зрачењето во солариум е со поконцентрирани дози и со пет пати поголем интензитет. UVA и UVB зраците користени во солариумите предивикуваат: иритација, сувост на кожата, предвремено стареење, брчкање и губење на елистицитет на кожата (намалување на нивото на колаген во кожата) пигментација и секако најопасната последица, рак на кожата. Ако ги изложуваме очите на зрачењето во солариум може да настане оштетување на корнеата и коњуктивата и видот може да биде привремено оштетен. Катаракта и очен карцином се исто така последица на прекумерно користење на солариум без соодветна заштита на очите. Некои лекови како антибиотици, антихипертензиви, антидепресиви ја зголемуваат осетливоста на UV зрачењето.
    Мислењето дека солариумот претставува безбеден начин на сончање, се со цел да се намалат изгорениците при првото сончање е погрешно. Тоа што светски експерти солариумското зрачење го нарекуваат радијациско, докажува колку се тие штетни. Апсурдно е тоа што девојките одат на солариум да се разубават, а, всушност, тој ги огрдува. Сончањето во солариум доведува до предвремено стареење на кожата, таа веќе не е свежа и еластична туку сува и опуштена, па затоа жените после одат и на лифтинзи за затегнување на кожата. Од солариумите се појавуваат и проширени капилари, пеги по целото тело, а се оштетува и видот. Најстрашната болест која се јавува како резултат на сончањето во солариуми е појавата на кожниот карцином меланом. За лекување на оваа болест, доколку се открие во доцна фаза, не постои лек, па затоа речиси 98 отсто од случаите завршуваат со смртност.
    Во неколку држави во Америка солариумите се забранети со закон, сигурно не без причина.
    Знам дека во Неуромедика има некојси т.н. здрав солариум, ама кога се јавив пред некоја година да прашам за цена ми се слоши и поевтино ми беше да отидам во Охрид да се исончам 10 дена него таму.
    Ако веќе толку сакате поцрн тен идете на она прскање со спреј во Силуете, јас бев за матура, за пола саат добиваш боја како 10 пати да си бил во солариум и спрејот е на база на билки, што значи 100% здраво. е сега маана му е што таа боја трае максимално една недела.
    Или втора опција ви е со крем за потемнување, мада јас лично тие никогаш не би ги користела, бидејќи еднаш се намачкав и испаднав целата шарена како шугава, + имаше некој одвратен мирис на печурки што не можев со денови да го извадам. :puke:
    Според мене нема нешто поубаво од рационално сончање на природно сонце. Таква чоколадна боја во ниту еден солариум не може да се добие, само портокалова никаква.
    Ако некој ме смета заостаната со вакво мислење, браво за мене.
     
  2. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Солариумот сам по себе ако е правилно користен не е штетен. Ако сме 15 минути изложени на УВ зраците од солариумот, тоа е исто како да сме 15 минути на сонце. Но они ламбите што всушност ги испуштаат УВ зраците си имаат одреден рок на траење, и откако нивниот рок ќе истече тие за 15 минути ќе испуштат многу поголемо количество на УВ зраци отколку што требало, и во тој случај солариумот е штетен и ги убива живите клетки, по што е многу јасно дека не е добар за нашиот организам.
    Мене не ми е сигурен цел тој процес па не верувам дека некогаш ќе се изложам на тоа. ;)
     
  3. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    Дали некој може да ми каже одприлика како се движат цените од третман во солариум? јас не сум била никогаш а сега морам ( имам причина за тоа ) :( и ве молам пишете каде е најефикасно во скопје и кои се цените :)
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Девојки некој предлог за каде да одам на солариум во Скопје? За матура сакам барем малку боја, бетер од сирење сум.Како одат тие пакети ова она ?
     
  5. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Јас имам одено на солариум во Сандра,а еден третан мислам дека беше 200 денари.Не сум сигурна,ама пред некое време збореа дека е потребна дозвола од лекар за да можеш да посетуваш солариум,така да прво распрашај се што и како,да не ти биде џабе закажувањето :)
     
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па јас сум против и отсекогаш сум било. Подобро по природен пат да си добиеш тен, отколку да се печеш во тоа внатре.
     
  7. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Па јас сум против и отсекогаш сум билa.
     
  8. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    нема врска дека е потребна дозвола од лекар...јас одам на солариум најчесто пред лето и правам 5 третмани доколку се користи со мера не е штетно но ако се претера фала Богу дека е штетно! и јас сум беличка но во текот на пролетта јадам мн моркови и во лето кога и да се изложам на сонце потемнувам не поцрвенувам....со солариумот се добива мала боја но не нешто екстремно...а доколку сакаме да постигнеме секси чоколаден тен препорачувам после летување да се направи некој третман....деф...полн погодок...и трае
     
  9. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Штетен е јас не би одела а плус тоа сакам да бидам бела :)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Имам нормален тен, колку минути во турбо би ми биле доволни за малку боја? Значи не како од одмор вратена, туку како од викенд :D Не су била две години и изгубив осет/
     
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека солариумот го прават во пакет,со распоредено време и денови,доколку имаш тен кој лесно фаќа боја би требало пример 2 пати по 7-8минути за да си добиеш нормална боја,е сега незнам можеби со еднаш ќе си добиеш боичка како од викенд :D најдобро оди пробај еднаш па ќе видиш и ќе се консултираш таму со надлежните,бидејќи подобро се разбираат од нас
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    6.497
    немам ништо против.знам дека е штетен но си го практикувам.особено во овој период па не можам да шетам со бели нозе.
     
  13. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Против. Ако лекар ти вика на сонце дека треба од сабајле и попладне, значи сонцето е штетно и побрзо ја старее кожата и зголемува ризик од рак на кожа, ни на сон не би се пикнала да се печам на солариум и да се изложам на n пати поконцентрирано зрачење. Имав во генерација девојчиња за матура што одеа, ко да ти треба тен за матурска |( и двете беа најгрди вечерта, не можевме да ги познаеме, а не е да речеш се заборавиле на печење. Па за друго бев во салон еднаш и кога почна да ме убедува козметичарката за солариум, лупа ли лупа не знае шо збори. Не си дерматолог, пет посто не знаеш да ми објасниш убаво, не па да ми кажеш штетно влијание, според неа не постои нели, секси било вака онака. Не, не е секси, и кога би немало негативни страни, грдо е. Ако веќе сакам да си спремам кожата за на сонце, нема да одам на солариум, ќе си јадам морков и тиква или ќе пијам бета каротен и од 3-4 ден ќе си ја мачкам бојата со маслиново/кантарион, ајт на здравје.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да одам на солариум малку да потемнам пред матура ама мајка ми не ми дозволува. Ми вика штетно е и залудно ќе е зошто хулахопки ќе сум носела :tmi:
     
  15. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Иди на прскање не е штетно а пак ќе имаш темен тен исто да си била на солариум. Јас така направив. Околу 1500 е и ти стои 10-15дена бојата
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.934
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    ^ А не се раcтекува таа боја од напрсканото кога ќе се подзапотиш?
    Не сум доволно информирана, фала богу сум немала некоја посебна желба за вакво нешто, ама ме интересира. :)
     
  17. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Не, те прскаат со боја што се суши за еден саат, така пишува али пожелно е после прскањето најмногу 3часа да мируваш за да не ти се направат флеки. После тоа се тушираш и ти паѓа остатокот.
    Јас имав проблем со тоа пошто јас сум сиренце бела и одеднаш бев темна и испаничив, со плачки со се, али другарка ми после кога ја видов си се помирив :D
    СЕ ќе трпиш за убавина :) ако сакаш имам слики од матурата да видиш како изгледа.
     
  18. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    пупи и не е толку штетно ако е со мера!јас идам правам пакет од 4 третмани+1...и добивам супер боја ама еве ако не ти дозволува мајка ти направи го тоа со црниот чај тоа ти е исто како прскањето само што те чини помалку и трае 4-5 дена
     
  19. greeny1

    greeny1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Солариумот докажано е потенцијален предизвикувач на рак на кожата. Јас имам природно темен тен и ич не си го сакам ама ете тоа е :)
     
  20. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    aj daj mi go :P
     
    На greeny1 му/ѝ се допаѓа ова.