Ме интересира искуства и модели. Сакам да ставиме соларен колектор за грееење на водата во куќата, во 2 вецеа, заз машина за садови, машина за перење. Засега не планираме да се грееме на нив, иако инсталиравме парно. Има цени од 300 евра па нагоре. Кажете ми какви се најдобри и критетиуми за избор. Досегашните искуства на пријатели е дека месечно над 1000 денари не дале за струја (5 члено семејство) и дека освен телевизир, фрижидер и сијалици, за ништо друго не трошат струја. Имаат и на -10 степени надвор и никакво сонце, темперетурата е 40 степени на водата. Ама, некои викаат и дека е тешко реулирањето на топлината кога е лето и многу е жешка водата. Дајте предлози за дискусија. АКо сум задоволна веројатно и греење ќе направам на соларно, секако парно имаме.
1. Соларното може да ти биде поврзано со парното. Така да и зимно време кога има 0 сонце да имаш топла вода. Не сум сигурна баш дека со температура од 40 степани можеш да се бањаш и себе и дете. Имам соларно, и реално доволно е да не е врнежливо цел ден. И облачно да е се прави топла вода. Ама со 50 степени можиш да се бањаш, но со 40 мислам не. Барем јас. Али да замиеш лице и раце и некој сад- да. Доволна е. Многу добра опција е да си ја разгледате и поврзувањето на парното со соларното. 2. Не е многу паметно да поврзиш перална со соларно. Или можеш ама ако имаш 2 перални. Зошто? Затоа што летно време температурата е 99 степени. редовно. Може да падне до 92 . Е сега на таа температура да пушташ перална со шарени алишта...не е паметно. Но ако еве имаш две перални, направи си ја едната преку соларното, и ќе переш на вриење со неа, а другата за нежне ствари да ти биде и не преку соларното 3. немам искуство нити сознанија за машина за садови со соларно 4. Треба да разгледате опциите. Има соларна со /под протисок/ со слободен пад, потоа има со резервоари бојлери од 150/200/300 литри. Сето тоа треба добро да се испалнира и локацијата каде ќе ти биде поставено, височина, дали ќе има пад итн... 5. Зимно време се грееме на струја, па сметката не е веродостојна околу ова. Летно време користиме клима, скоро цело време НО сметката летно време не е повеќе од 1800.Се движи од 1200-1800. Ефект имаме од 800-1000 денари помалку за струја откако го ставивме соларното. 6. Го користиме веќе 3 години и е вистински благодет 7. Има и маани, секако. На многу ладни зими може да испука, дали цевки , дали конкетори, дали бојлер и да направи поголема или помала штета. 8. Исто така слушалките од тушот треба да се менуваат почесто затоа што фаќат бигор. Ние дека бевме многу паметни, и не поучија, па си купивме филтер за бигор, каде всушност се таложи целиот бигор и кошташе околу 60 евра и кој се менува на 2-3 години. на крај излезе дека филтерот нема врска, слушалките си ги менуваме, а чак шо и филтерот беше кривецот кога имавме проблем со соларното. и нас ни пукна, ама пукнал филтерот. Арно не поминавме со многу беља, а новиот , другиот мајстор ни кажа дека апослутно нема никаков ефект од филтерот. Ако ми текне уште нешто, ќе ти пишам
Не знам опции, зошто со тој дел се занимаваа мајка ми и татко ми ама можам да потврдам некои работи. Дури и на зима, макар 10 минути ладно сонце да има крева температурата па уште кратко треба да се дополни. Тешко за контролирање е на лето, да, ако ја користиш водата през ден па дур се тушираш да ти крени степен- два. Во врска со цевките знам дека не замрзнаа зимава, прва зим ни е, ама моите спомнаа опција за затоплување на цевки. Некогаш ако не е доволно стоплен на зима, секогаш можи да се достопли до одреден степен кој се избира. Не знам дали ни се поврзани машини за алишта и садови, ама мислам не, туку само чешмите и тушот. Како и да е, летово година ќе правиме како го имаме, најпаметна инвестиција.
@Cka има два типа на соларни системи - отворен (без притисок со слободен пад) и затворен систем (под притисок). Најголема разлика помеѓу овие два системи е цената, првите се многу поевтини. Како лаик, вака би објаснила. Првиот систем со слободен пад е составен од вакуумски цевки и бојлер кои се наоѓаат надвор (на кров) и цевки кои продолжуваат до купатило каде што се наоѓа и контолер. Водата се загрева во цевките и се складира во бојлерот а по потреба, водата по слободен пад оди директно до купатило. Кога ке дојде до 99 степени, се отвара вентилот и излегува пареата. Ова е најевтината опција. Сето ова може да се направи и да работи под притисок и да приклучиш и машина, за парно не сум сигурна, ама не знам колку е исплатлива опцијава. Од лично искуство, добра инвестиција е, прво затоа што со еден бојлер (ние имаме од 200 l.) може да се избањаме сите 4ца без да дополнуваме, второ затоа што кога има сонце има и топла вода. Во пролет/ есен водата се загрева до 50-60 степени што е сосема доволно за бањање. Преку лето константно има 99 степени. Маана е тоа што притисокот е послаб (поради слободниот пад) во споредба со притисок кој го имаме од бојлер, ама не е некој проблем. Преку зима, ако зимата е поблага и има сонце, водата се загрева до 20-25 степени а потоа го догреваме на струја (во бојлерот има и греач) и повторно е поисплатливо од обичен бојлер. Спојлер Вториот тип на затворен систем е поскапа инвестиција, ама од аспект на поврзување со други елементи (машина, парно, сијалици) сметам дека е поисплатлива опција. Бојлерот се наоѓа внатре, а панелите надвор ја собираат светлината која ја претвараат во струја, која подоцна се користи за загревање на водата и останатите елементи кои се поврзани. Спојлер На овој линк имаш детално објаснето Спојлер http://www.energosolar.com.mk/index...surized-systems&layout=blog&Itemid=64&lang=mk
Здраво гледан тука имате искуство со соларното што преку лето достигнува до 99 степени оа сакав да ве прашам како а разладувате водата ние имаме слоарно и сега моментално е цело време на 99 степени нркогаш знае да дојде до 80 и нешто но постојано е до 99 и никако неможам да ја разладам нркој совет ако знаете до што може да е проблемот фала мн
Ве молам за совет Соларен бојлер од 240 литри дали е попрактично да се притоплува во денови без сонце(трае 3-4 часа) или да се затвори вентилот и да врати на обичен бојлер каде водата се топли за 30мин.
Ние дома имаме соларен бољер ама само за вода поврзан е на двета тоалети и двете кујни. 300 литри е 25.000 го плативме со сопругот, кога е топло температурата стигнува и до 100 степени а кога нема сонце да е само облачно има околу 50 степени е водата. Ама не сум задоволна. Кога го ставивме не ставивме некаква водена пумпа па водата многу споро доаѓаше и беше многу тешко да ја прилагодиш, сега овие 2 недели откако се стави таа пумпа е многу подобро. И јас и децава ги туширам со вода од околу 40 степени.
Овие денови кога има сонце стигнува до 50-55 °, а под 48 е ладна за телото.Ако подолг период нема сонце,неисплатливо е со ваков бојлер(му требаат 3 саати за да достигни температура-240 литри да загреваш) Почнавме да го вртиме на обичен бојлер.Не знам дали некој др.прави така и дали е во ред.
Не можеш да имаш 40 степени ако надвор нема сонце. Особено не ако го истрошеш и вклучеш да се дополни вода. 40 ст без сонце не качува. Ние секој ден грееме вода зимно време. И секој ден го полнеме до крај
Како е под 48 ладна за телото? Со врела вода се бањаш? Температура на водата над телесната не е поднослива за бањање, освен ако сакаш да се свариш. Ние имаме соларен колектор, поврзан со печката на пелети. Печката загрева до некои 40 степени, а деновиве кога има сонце, водата се догрева до 45 степени. Сосема доволно и солидна температура за бањање на четиричлено семејство. Кога еден ќе се избања, за кратко водата се догрева пак до 40. Зависи секако и од бојлерот, нашиот е 120л. Зимава не сум уклучила бојлер за догревање на водата воопшто.
Ако цел ден е сончево кај мене достигнува и до 90 и нешто степени. Цело лето беше 90 степени. Моментално е 73° сончево е цел ден. Многу ретко уклучувам да се догрее.
Ние сега имаме соларно кај што сме и искрено јас не сум задоволна. Од ноември наваму се сме на бојлер оти не грее доволно за да се избањаш ни сам а не пак дете. Додека пак преку лето водата менува, мм буквално се попари летово еднаш. Менува нагло самата вода од премногу топла во преладна. Може е тоа проблем само кај нас, може не е доправено како што треба, не знам на што се должи. Пред две години зимата замрзнаа цефките и пукнаа. Ни течеше од плафон кај нас на втор спрат дека сме. Се беше мокро, и теписи и ламинат ни се надигна, сушевме ко будали теписи, столови, гарнитура во сред зима. Кај што градиме моментално, и да ми даваат пари не би ставила. Па кога ќе дојдам скапана од работа во лето посебно сакам барем раат да се избањам ако ништо друго, а не да бегам на секој 30 секунди од тушот бидејќи е преладно или претопло.
Веќе 3 години го имаме, со слободен пад е дека имаме добар притисок на вода. Знае да замрзне зимата кога паѓа под -7/8 ама најмногу за една недела попушта. Тогаш само го затвораме вентилот внатре во купатило што е. Од март па до октомври имаме цело време топла вода. Од 45/50 степени па нагоре зависи колку дена е сончево. Знаеме обично во јануари февруари да пуштиме да се догрее ако ни треба за бајнење ама тоа е за неколку степени, не повеќе од 10 степени. Инаку со 35 /40 степени можеш секојдневно да работиш, за бајнење од 45 па нагоре. Летно време под 80 проценти полнет и не паѓа дека има многу топла вода и неможеш да го дотрошиш. Нашиот е од 150литра и двете куќи ни се поврзани. За струја за двете куќи заедно повеќе од 2500ден немаме платено, летно време знае и под 1000ден да биде сметката. Се грееме на дрва плус на плин се готви.
Zdravo Dali moze solarnoto da se namesti da go polni pola boljerot za da se zagree pomalju voda, za pobrzo vreme?
Имаш копче сама да стисниш до колку сакаш да го наполниш, а автоматски сам до пола да се полни не, имаш опција само да биде цел наполнет.