Солени торти, ролати...

Discussion in 'Рецепти' started by femina333, Dec 19, 2010.

  1. femina333

    femina333 Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2010
    Messages:
    17
    Likes Received:
    144
    Доколку некој има некои рецепти за солени торти, ролати и др. и доколку ги имате правено Ве молам пишете некој рецепт :) .
     
    blagicabane likes this.
  2. savana

    savana Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    1,770
    Likes Received:
    9,567
    Gender:
    Female
    Солена дипломат торта

    Тесто:
    4 јајца
    200гр кисела павлака
    1 пециво
    4лажици брашно
    1 лажичка сол

    Фил:
    200гр сирење
    200гр кисела павлака
    300гр шунка
    100гр мајонез
    100гр кашкавал

    Начин на подготовка:
    Тесто: Јајцата, павлаката, пецивото, брашното и 1лаж.сол се мешаат заедно и смесата се става да се пече во подмачкан сад, се пече на 200 степени.
    Фил: Сирењето се троши , се меша заедно со павлаката и се премачкува испеченото тесто. Откако ќе се премачка одозгора се ренда шунката. Потоа се премачкува со мајонез и одозгора се ренда кашкавалот.
    Ја имам правено навистина е вкусна :)
     
    femina333 likes this.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,150
    Gender:
    Female
    СОЛЕНА ТОРТА СО СПАНАЌ

    Со жица за матење се матат 4 јајца. Се додава една шолја јогурт или кисело млеко, една шолја масло, две шолји брашно, ќесичка прашок за пециво, 250 г рендано сирење, 500 г сецкан (претходно исчистен и измиен) спанаќ. Се меша убаво и се става во тавче (не плех, туку од оние тркалезни или правоаголни тавчиња за рерна). Се пече на 200 степени.


    РОЛАТ ОД СПАНАЌ

    Потребно е: 5 јајца
    300г шунка
    500г спанаќ
    500г сирење
    400мл млеко
    125г маргарин
    150г кисела павлака
    200г брашно

    Маргаринот се топи на тивок оган, па му се додава брашното и малку се пропржува. Се додава исчистениот и исецкан спанаќ и откако ќе се испржи, му се додава млекото. Оваа смеса се остава да се олади, па се додава во претходно изматените жолчки од јајцата. Потоа се додаваат и цврсто изматените белки и сето тоа убаво се меша. Се пече во плех на хартија за печење на 200 степени околу 30 минути. Кората се завиткува во влажна крпа да омекне за да се витка како ролат без кршење.
    Филот се прави од шунката и сирењето (изрендани или исечкани, по желба) измешани со павлаката. Се премачкува кората и се витка ролат.
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    1,818
    Likes Received:
    1,692
    Пица ролат---
    1 Шекер лажичка/ки
    10 грама Сусам
    1 лажица/ци Сол
    100 грама Сирење
    300 милилитри Млеко
    50 милилитри Масло
    100 грама Кулен
    100 грама Кисела павлака
    1 мала лажица ким
    100 грама Кечап
    10 Квасец
    500 грама Брашно
    1 Јајце
    Во млакото млеко додадете го шеќерот и квасецот, добро измешајте и оставете квасецот убаво да се надигне.

    Потоа, замесете тесто од брашното, солта, подготвениот кавсец, маслото и јајцата.

    Добро замесете и оставете да отсоти околу 1 час.

    Потоа, тестото премесете го на работната површина.

    Поделете го на два дела.

    И двата дела расукајте ги, премачкајте ги со разматена павлака и кечап, одозгора наредете ги парчињата кулен, а потоа сирењето.

    Ивиците малку преклопете ги, па заролајте ролати.

    Со остар нож засечете ги ролатите и ставете ги во плех за печење.

    Премачкајте ги со изматено јајце, посипете со сусам или ким и ставете ги во загреана рерна да се печат на 200 степени, додека убаво не поруменат.

    Почекајте да се оладат, исечете ги на парчиња, па послужете.
     
  5. annii

    annii Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2010
    Messages:
    3,343
    Likes Received:
    5,893
    Солена торта

    1 пециво
    4 јајца
    филџан неполн зејтин
    1 чаша јогурт
    2 чаши брашно
    100гр. сирење
    1 мала лаж. сол
    може и спанаќ
    тавче бр:28


    Солен ролат

    100гр. зејтин
    чаша ипол кисело млеко
    2чаши брашно
    1пециво
    100гр. шунка
    100гр. сирење
    1чаша рендан кашкавал
    2краставици
    тавче бр: 28


    Солен куглов
    250гр. брашно
    1 јајце
    1 квасец
    150мл. млеко
    1лаж. шеќер
    200гр. свински врат
    200гр. сирење
    сол и црн бибер
    Се пече во куглов подмачкан со маргарин
    Квасецот се раствора со малку млеко шеќер, брашно и сол. Се замесува со брашното, јајцето и преостанатото млеко. Се сецкаат свинскиот врат и сирењето и се заедно се меша и се става во кугловот. Се сотава да стаса па се пече
     
  6. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2010
    Messages:
    428
    Likes Received:
    88
    СОЛЕН РОЛАТ

    5јајца се матат убаво со половина лажичка сол.Потоа се додава 1 филџан кисело млеко,2 фил. сецкано сирење,2 фил. сецкана салам,1 фил. магдонос може да се стават и сецкани маслинќи,половина фил. зејтин,18 лажици брашно,1 пециво и се пече во куглено.Се додава едно по едно,па на крај брашното и пецивото.


    СОЛЕНА ПОГАЧА

    300гр. пресно млеко,1 квасец,50 гр. зејтин,1 мала лаж. сол,1 мала лаж. шеќер,брашно по потреба.Се преват топчиња и се редат како цвет во плех број 28.Откако стасат убаво се топи половина маргарин и се попарува погачата.Одозгора се прска со сол и презла.
     
  7. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    365
    Likes Received:
    51
    Шарени солени ролати
    Состојки:

    За пандишпанот е потребно:
    - 6 јајца
    - 6 лажици брашно
    - 3 лажици вода
    - 3 лажици млеко
    - 1 кесичка прашок за печиво и една лажица сол
    - ако е црвен, додадете 2 полни лажици ајвар
    - за зелениот, 500 гр. замрзнат спанаќ
    - за тој со точки, 2 полни лажици мак

    За фил:
    - 500 гр. сирење
    - 1 чаша павлака
    - 300 гр. шунка
    - 300 гр. сечкани кисели краставички
    - 1 рендано варено јајце
    - малку рендан кашкавал

    Подготовка:
    1. Направете ја кората, така што ќе изматите 6 белки со лажичка сол цврста како снег
    2. Додадете ги жолчките и измешајте ги добро
    3. Истурете 3 лажици млеко и 3 лажици вода. Измешајте.
    4. Додадете 6 лажици брашно и прашок за печиво
    5. Полека мешајте. Потоа додадете го спанаќот/ајварот/макот. Обложите голема тепсија со мрсна хартија и истурете ја смесата
    6. Рамномерно нанесете ја и кога ќе бидете готови, чукнете ја малку тепсијата за смесата убаво да падне на тепсијата и да нема меурчиња
    7. Печете на 180 степени како што печете и класичен бисквит за колачи
    8. Топлиот ролат замотајте го со хартијата на која се печеше и оставете го да се олади
    9. Во меѓувреме припремите го филот. Измешајте ги сирењето и павлаката и намачкајте го оладениот пандишпан и наредете ги останатите состојки
    10. Цврсто замотајте го ролатот во пластична фолија и оставете го да преноќи(или барем неколку часа) во фрижидер. Потоа исечкај те го на кругови и готов е за сервирање
     
    mikimaus123 likes this.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Joined:
    Jun 18, 2011
    Messages:
    3,227
    Likes Received:
    25,837
    Gender:
    Female
  9. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    594
    Likes Received:
    505
    Gender:
    Female
    Еве ги моите колачи . Го имаше рецептот на една статија тука на фемина 8)
     

    Attached Files:

    Srekicka likes this.
  10. Ice-age

    Ice-age Активен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    20
    Likes Received:
    1
    Солен Ролат

    Потребни состојки:
    1 обланда
    200гр. павлака кисела
    50гр салама рендана
    50гр сирење рендано
    малку оригано
    2-3 виршли

    Припрема:

    Олбандата се става на влажна крпа да омекне доволно за да може да се свитка во ролат.Во сад се става павлаката, сирењето, саламата и ориганото и сето се меша да се соедини. Потоа со тоа се премачкува обландата, на едниот крај се редат виршлите, се витка како ролат и се остава во фрижидер да се стегне...

    Се надевам ќе ви се допадне...Мене ми е мн.вкусно за секое име од брат ми го правам...

    Солени мафини..

    Потребни состојки:

    4 јајца
    1 чаша јогурт
    половина чаша масло
    2 чаши брашно
    1л. сол
    1 пециво
    100 гр салама рендана
    100гр сирење рендано
    оригано
    маргарин за подмачкување

    Припрема:

    јајцата се бијат како за торта и постепено му се додава брашното, јогуртот и останатите состојки кога ќе се соедини се става во плех подмачкан со маргарин и се пече...
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,263
    Likes Received:
    43,991
    Ролат од месо

    Потребно е:

    400 гр двапати мелено месо, може мешавина од младо јунешко со телешко
    4 јајца (две за во смесата, две сварете ги за полнењето)
    1 главица ситно сечкан кромид
    1 чешне истолчен лук
    ситно сечкан магдонос
    презла
    лажица брашно
    200 гр сварен грашок
    200 гр рендан кашкавал
    сол, бибер, вегета, црвен пипер
    1 чаша бело вино

    Меленото месо ставете го во длабок сад. Додајте му ги двете јајца, сечканиот кромид, лукчето, магдоносот, презлата (три лажици), лажица брашно, посолете и мешајте со раце да добиете убава смеса за плескавици. Наросете бибер, вегета и малку црвен пипер. Направете топка од месото и оставете го 10 минути да одмори.

    На намрсен најлон хартија истурете ја смесата од месото и убаво распоредете ја да добиете правоаголна форма за лесно да го свиткате ролатот. Двете сварени јајца исечете ги по должина и ставете ги врз смесата. Одозгора ставете го кашкавалот и грашокот. Убаво свиткајте ролат и затворете му ги ќошевите, за да не се прелее кашкавалот во текот на печењето.

    Во алуминиумска фолија ставете малку масло и замотајте го ролатот. Избоцкајте со вилушка неколку дупчиња за да дише додека се пече. Во тавата за печење ставете 1 чаша бело вино и вода по потреба.
    Печете 40 мин. на 200 степени.

    После печењето, оставете го да се олади, полесно се сече. Има убав декоративен изглед за служење за родендени, слави и слично.
    Бон апетит!
     
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    426
    Ја пребарав цела категорија рецепти ама не најдов соодветна тема, па се мислев тука да прашам...

    Имам модли со форма на цвет нешто вака [​IMG]

    Ако има некој рецепт за вакви модли пишете.
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Солена Погача

    Се замесува квасец со 200 гр пресно млеко или кисела вода, 1 лажичка мала цол,2 шекер и пола кесичка ким.
    Се меси да е меко и се остава да стаса малку.
    Срецка кора и се мачка со маргарин. Се дели на 8 парчиња од кои се прават 8 големи кифли кои се сечат на 2 дела .
    Се редат кифлите во подмачкана тава (V -30)се премачкуваат со жолчка и после со едра сол.
    Се пече 25 мин на 200степени.
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,648
    Солени торти

    Колку вие приготвувате солени торти за вашите слави или за домашни ручеци?
    Имам една познаничка која секоја слава приготвува солени торти и изгледа навистина интересно, не ги приготвува стандардните руска, пилешка итн., а луѓето се љубопитни и сакаат да пробат од сите видови што ги направила.
    еве и еден рецепт за солена торта
    Солена двопек торта
    Состојки

    36 парчиња двопек
    400 мл кисела павлака
    200-250 мл мајонез
    3 варени јајца
    200 гр салама
    200 гр сирење
    4-5 кисели краставички
    150 гр кашкавал
    3-5 лажици кечап
    1 лажица оригано

    Подготовка

    Најпрво, во засебни садови, јајцата, саламата, кашкавалот и сирењето се ренадаат.
    Павлаката и мајонезот се мешаат. Смесата се дели на 3 дела, и во секој дел се додава…
    1. сирењето и краставичките
    2. саламата и кечапот
    3, јајцата и ориганото
    На рамна подлога двопекот се реди 3х4 во 3 реда. Секој ред се филова со по 1 фил, а најгоре се ренда кашкавалот, или може да ставите пармезан место него. На крај, се украсува по желба и се остава на ладно добро да легнат состојките и да омекни двопекот. Добар апетит!




    http://moirecepti.mk/recepti/vasi-recepti/солена-двопек-торта/
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Солени торти

    Рецепт: Солена торта од тиквички


    Потребни состојки:
    - 1кг млади тиквички
    -3 чаши павлака
    -100 грама мајонез
    -200 грама шунка
    -лук

    Начин на подготовка:
    1. Младите тиквички излупете ги, а потоа исецкајте ги на тенки „листови“. Потоа похувајте ги, па оладете ги.

    2. Измешајте ги павлката и мајонезот. Во таа смеса, додадете истолчен лук по желба. Потоа шунката исецкајте ја на ситни парчиња.

    3. Наредете еден ред тиквички, а пото филот од мајонез и павлака, и врз нив шунката. оваа постапка повторувајте ја неколку пати. Односно додека не се потрошат сите состојки. На сето ова по вкус би можеле да додадете и кашкавал или пармезан на пример. Кога ќе биде готово, ставете го во фрижидер, сосем да се излади. Добар апетит!



    Солена торта


    Потребно:

    6 јајца

    2 чаши млеко

    2 чаши масло за готвење

    2 чаши кисела вода

    1 пакетче палента

    5 чаши брашно

    2 прашок за пециво

    200 грама сечкана салама

    200 грама сирење

    Малку магдонос

    Јајцата се матат, а потоа се додаваат останатите состојки. Добиената смеса се пече на температура од 220 степени и откако ќе биде готова се остава да се олади. На крај се посипува со сусам.
     
  16. mariatim

    mariatim Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2010
    Messages:
    1,159
    Likes Received:
    12,529
    Gender:
    Female
    ролат со спанаќ 4 јајца,6 лаж.брашно,1 мало лажиче сол,1 пециво,1/2 филџан зејтин се мати се со миксер и после се додава 500гр(или колку сакате)спанаќ избланширан(нека отстои во топла вода да омекне) се пече и а крај го филувате со павлака во која мозе да ставите саламче,сиренце и рендано кашкавалче јас обично само павлака ставам!
    еве и друг 4 јајца се матат,се додава 200мл.јогурт,200мл.зејтин,па се додава 150гр.иссечкана шунка,150гр,кашкавал,300гр.сирењ изрендано на крупно,2 пецива магдонос,сол,и бибер се пече и се филува со павлака
     
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,958
    Gender:
    Female
    Ролат со ајвар (го правев за роденденот на ќерка ми,инаку е лесна за правење и идеална за било каква врста на славља :) )

    За тесто состојки
    -6 јајца
    -2 лажици брашно (јас го правев со интегрално)
    -4 лажици ајвар
    по желба сол,бибер

    За фил состојки
    -200 грама шунка
    -2 јајца варени
    -по желба кисели краставички
    -300 гр сирен намаз (јас ставив АБЦ )

    Се матат белките о цврст снег и во нив се додава една по една жолчка. Потоа се додава брашното со лажица и на кракот се додаваат 4 лажици ајвар,сол и бибер. Се пече на плех од рерна,на хартија за печење, 180 степени околу 15 минути.Испечен се витка крпа во ролна и се остава така да се олади.Потоа се филува најпрвин со намазот,па се реди шунка,па сецкани кисели краставички и на крај ренданите јајца.Потоа пак се завиткува во ролна и се се става во онаа фолија за свежа храна ( не ми текнува сега како се викаше,се надевам ме разбравте :) ) да одстои .Се конзумира ...
     

    Attached Files:

  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Staff Member

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    18,985
    Likes Received:
    108,454
    Gender:
    Female

    мммм преубаво е , и ќерка ми ке има роденден за 2 дена па ке го направам и јас :) во фрижидер ли треба да отстои? колку дена може да стои ако не се изеде веднаш?
     
  19. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,958
    Gender:
    Female
    Леле Користаки,јас тек сега гледам дека си прашала за ролатот :@ и помина ли роденденот на малата? Многу ми е криво што не сум видела порано ама овие денои сум ко изгубена,се извинувам ако каснам со одговор.Инаку ролатот на вкус е предобар со оглед на тоа дека ајвар обожавам инаку,јас го направив ден претходно и го ставив во фриз така да до другиот ден до вечерта не го вадев воопшто,маж ми ми го сецкаше па ми го искасапи ама не приметија гостите се изеде цел :)
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Staff Member

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    18,985
    Likes Received:
    108,454
    Gender:
    Female
    нее уживај :D на 26-ти март и е :) благодарам штто ми пиша и мене многу ми се допадна што има ајвар , јајце и кисели краставички овие 3 работи ми се најомилени :D ке го направам па ке пишам како ке испадне :) :*